Свет
Германски историчар тврди: Тајните служби сѐ уште убиваат каде ќе стигнат
Германскиот историчарот Кристофер Нејринг во интервју за „Дојче веле“ тврди дека оперативци ангажирани од држави како САД, Русија или Израел често убиваат лица кои ги таргетирале како непријателски цели во странство, истакнувајќи дека Европа исто така е погодена од застрашувачки бран убиства, кои, како што вели тој, се извршени од тајни служби, а на кои не им се гледа крајот.
Како причина за ова, Нејринг го наведува распадот на меѓународниот поредок.
„Суперсилите САД, Русија и Кина добиваат конкуренција во новите регионални сили како што се Иран или Саудиска Арабија. Тонот станува сѐ поостар, а средствата побрутални“, вели историчарот, која има докторат на тема тајни служби и е директор на германскиот музеј за шпионажа во Берлин.
Нејринг кој минатата година објави книга под наслов „77 најголеми митови за шпионажата“, потсетува дека на почетокот од оваа година американски беспилотни летала го убија иранскиот генерал Касем Сулејмани и дека чеченскиoт емигрант Зелимкан Кангошвили, наводно, бил убиен од руски агент на тајните служби во Берлин минатата година. Од 2018 година, пак, познато е убиството на новинарот Џамал Кашоги, кој во конзулат во Истанбул го изврши саудиската тајна служба.
Јасно е, тврди тој, дека државите веќе долго време практикуваат убиства на несакани личности.
„Русија, Израел или САД во последниве 30 години редовно посегнуваат кон ваков начин на ликвидација. Но, во Европа, по завршувањето на Студената војна, долго време беше мирно. Се чини дека тој период заврши“, проценува Нејринг, а пренесува „Танјуг“.
Според него, тајните убиства и напади имаат различни позадини: операциите како онаа на САД против иранскиот генерал или акциите на израелската тајна служба против Хамас и Хезболах се насочени кон воени непријатели.
Целта, додава тој, е да се спречат идни напади, без ризик од војна.
Како сосема друг вид на елиминација историчарот ги наведува нападите од одмазда. Меѓу нив тој ги вклучува примерите со убиството на Зелимкан Кангошвили и Џамал Кашоги, како и нападот врз поранешниот двоен агент Сергеј Скрипал во Велика Британија или пак атентатите врз на нацистички злосторници.
„Намерата во овој случај е да се казнат конкретни активности, да се замолчат критичарите и да се испрати симболично предупредување“, вели Нејринг, а како потенцијални жртви на ваквите напади ги наведува воените непријатели, политичките дисиденти и поранешни членови на тајните служби кои оддале доверливи информации.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Ново обраќање на Трамп: Веројатно ќе умрат повеќе наши војници, тоа е така
Американскиот претседател Доналд Трамп денес вети дека ќе се одмазди за смртта на тројцата американски војници убиени во конфликтот со Иран и најави можни нови загуби.
„За жал, веројатно ќе има повеќе пред крајот. Тоа е така“, рече Трамп во видео објавено на неговата социјална мрежа Truth Social.
„Америка ќе се одмазди за нивната смрт и ќе им нанесе најтежок удар на терористите кои објавија војна, во основа, на цивилизацијата“, додаде тој во видео порака на социјалните мрежи.
President Donald J. Trump provides an update on Operation Epic Fury: pic.twitter.com/Vte8QKpISn
— The White House (@WhiteHouse) March 1, 2026
За потсетување, тројца американски војници беа убиени, а петмина беа тешко ранети, објави американската војска, зборувајќи за првите жртви во операциите против Иран.
Американскиот претседател Доналд Трамп во нова видео порака изјави дека нападите на САД и Израел врз Иран се „точни“ и „неопходни“ со цел да се елиминира „крволочниот терористички режим вооружен со нуклеарно оружје“.
„Овие неподносливи закани нема да продолжат“, рече Трамп.
Трамп рече дека САД спроведуваат „масовна операција, не само за да ја обезбедат безбедноста на нашето време и место, туку и на нашите деца и нивните деца“. Тој нагласи дека ова е „должност и товар на слободниот народ“.
Свет
(Видео) Британскиот премиер: Ги ставаме нашите бази на располагање на Американците
Велика Британија го прифати барањето од Соединетите Американски Држави да користи британски воени бази за напади врз ирански ракетни објекти, изјави премиерот Кир Стармер во неделата навечер, нагласувајќи дека Лондон „нема да учествува во офанзивни акции против Иран“.
„Се сеќаваме на сите грешки направени во Ирак и научивме од нив“, рече британскиот премиер во видео објавено на Икс. „Не бевме вклучени во првичните напади врз Иран… и нема да им се придружиме сега“.
My update on the situation in the Middle East. pic.twitter.com/DvsOVcTDMy
— Keir Starmer (@Keir_Starmer) March 1, 2026
Сепак, Иран сега „спроведува стратегија на изгорена земја, а Велика Британија ја поддржува колективната самоодбрана на нашите сојузници и нашите луѓе во регионот“.
Стармер рече дека неговата земја затоа го прифатила барањето на САД за користење на британските бази за одбранбени напади против иранските ракетни складишта или лансери.
„Соединетите Американски Држави побараа дозвола за користење на британските бази за оваа специфична и ограничена одбранбена цел. Одлучивме да го прифатиме барањето за да го спречиме Иран да испукува ракети низ регионот“, рече Стармер.
Свет
Германија, Франција и Обединетото Кралство најавија пропорционални чекори против Иран, можно е уништување ракети и беспилотни летала
Обединетото Кралство, Франција и Германија, познати како Е3, објавија заедничка изјава за нападите на Блискиот Исток. Ги опишаа иранските ракетни напади како „неселективни и непропорционални“ и рекоа дека ќе „преземат чекори“ за да ги заштитат своите национални интереси и интересите на сојузниците во регионот.
Во изјавата се вели дека овие чекори потенцијално би можеле да вклучуваат преземање неопходни и пропорционални одбранбени мерки за уништување на иранските ракети и беспилотни летала.
Лидерите се согласија да соработуваат со Соединетите Американски Држави и другите сојузници во регионот.
Британското Министерство за надворешни работи соопшти дека 94.000 британски граѓани го регистрирале своето присуство во земјите од Заливот кај владата.
Фото: Депозитфотос

