Свет
Германски пратеник гo нарече НАТО безбедносен ризик за светот
Во изминативе денови, кога НАТО ја прославува 70 години од своето постоење, Германија истрпе критики од американскиот претседател Доналд Трамп и неговиот потпретседател Мајк Пенс зашто не ја постигнала целта за трошење 2 отсто од БДП за одбраната.Но во Германија, не само зголемувањето на трошоците, туку самото постоење на Алијансата се гледа критички, пренесува „Спутник“.
Членот Бундестагот, Александар Неу, кој ја претставува левичарската партија „Дие линке“, го окарактеризира НАТО како застарена организација за време на самитот за прослава на 70-годишнината на Алијансата.
Според Неу, империјалистичката конкурентност и стравот од губење на економската и идеолошката надмоќ го водат НАТО кон поголема конфронтација и овој модел конечно мора да биде уништен. Тој изјави дека „Линке“ повикува на повлекување на Германија од воените структури на НАТО, а потоа и на распаѓање на НАТО.
Според Неу, НАТО треба да се замени со колективен систем за безбедност кој ја вклучува Русија, со разоружување како главнацел, а ослободените средства треба да се искористат за спречување на климатските промени и нејзините последици.
Неу во написот за независниот портал Die Freiheitsliebe напиша дека НАТО претставува значителен безбедносен ризик за светот, користејќи ја својата воена сила само за да ги заштити сопствените империјалистички интереси, системски го крши постоечкиот закон и ги дискредитира ОН.
Политичарот инсистира дека годишнината на НАТО не е причина за прослава, туку повод за повторно размислување пред да биде предоцна. Тој посочува дека земјите-членки на НАТО учествувале со повеќе од половина во воените трошоци во светот од 1 трилион долари до 2018 година.
Според Неу, планираното зголемување на трошоците на 2 отсто од БДП на земјата би значело да се трошат повеќе од 80 милијарди евра годишно само на вооружените сили за Германија, што е целосно непропорционално и претерано во споредба со буџетите на Русија и на Кина .
„Особено во последните 20 години, НАТО го покажа своето вистинско лице, почнувајќи од агресивната војна против Југославија спротивно на меѓународното право или речиси подеднакво долготрајната војна во Авганистан и бројни други странски мисии кои зедоа безброј жртви. И секогаш е само за одржување и обезбедување ресурси “, рече тој.
Овој повик за повлекување и критикување против НАТО е одек од претходните изјави на американскиот претседател Доналд Трамп, кој ја критикуваше Алијансата пред да стане претседател, па дури и го прогласи НАТО за застарена организација.
Иако подоцна ја ревидираше таа изјава, велејќи дека повеќе не верува декае така за време на посетата на генералниот секретар на НАТО, Столтенберг, во 2017 година, Трамп се уште е упорен во критикувањето на другите земји-членки, особено на Германија. Пред самитот што ја прославува 70-годишнината на Алијансата во Вашингтон, Трамп повторно го стави на тапет Берлин, велејќи дека не прави доволно бидејќи германската влада планира да троши 1,5 отсто од БДП до 2024 година, што е помало од целта од 2 отсто.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Мажот кој се обиде да влезе во имотот на Трамп дигнал пушка во позиција за пукање пред агентите да го убијат
Маж на околу 20-годишна возраст бил убиен откако се обидел нелегално да влезе на имотот на Доналд Трамп во Флорида.
Обезбедувањето го забележало кај северната порта, носејќи пушка и канистер со бензин.
Агентите на тајните служби му наредиле да ги спушти предметите. Мажот го спуштил канистерот, но ја подигнал пушката во положба за пукање.
„Тогаш заменик-шерифот и двајцата агенти го застрелале и ја неутрализирале заканата. Мажот починал на лице место“, кажа Рик Бредшо, шериф на округот Палм Бич.
Сè уште не е јасно колку куршуми биле испукани, а шерифот рече дека тоа е дел од истрагата.
Во моментот, Доналд Трамп бил во Белата куќа, а неговата сопруга Меланија била со него.
Допрва ќе бидат објавени повеќе детали за идентитетот на осомничениот поврзан со инцидентот.
Портпаролот на Тајната служба, Ентони Гуглиелми, изјави дека осомничениот е од Северна Каролина. Неговото семејство го пријавило како исчезнат пред неколку дена.
Свет
Маж е застрелан откако се обидел нелегално да влезе во имотот на Трамп во Флорида
Mаж е убиен откако се обидел нелегално да влезе во имотот на Трамп во Флорида, објави Скај њуз.
Како што објавија разузнавачките служби, мажот на околу 20-годишна возраст бил застрелан околу 1:30 часот наутро.
Идентитетот на осомничениот сè уште е непознат, а обезбедувањето го забележало човекот на северната порта од имотот.
Носел оружје кое личело на пушка и канта со гориво.
Ниеден агент не е повреден.
Во тек се истраги за идентитетот на човекот и неговиот мотив за делото.
Иако Трамп често го поминува викендот на својот имот, во моментот на инцидентот тој бил во Белата куќа, во Вашингтон, а со него била и сопругата Меланија Трамп.
Свет
Гласањето за трговскиот договор ЕУ–САД може да се одложи поради хаосот со тарифите
Претседателот на Комитетот за меѓународна трговија на Европскиот парламент, Бернд Ланге, предложи одложување на гласањето за трговскиот договор меѓу ЕУ и САД, кое беше планирано за следната недела. Тој истакна дека условите и правната основа на договорот се променети поради неодамнешните американски тарифни мерки.
Ланге оцени дека американската администрација создала „тарифен хаос“ со привремените тарифи на претседателот Доналд Трамп, кои првично беа 10%, а потоа беа зголемени на 15%.
Од партијата Зелени во ЕУ исто така побараа пауза во гласањето додека не се разјаснат сите детали.
Договорот, кој беше постигнат минатото лето, предвидува ЕУ да ги укине царините на многу американски производи, додека САД би вовеле тарифа од 15% на поголемиот дел од европскиот извоз. Намалените царини од ЕУ треба да бидат одобрени од владите на земјите-членки и од Европскиот парламент.
Европскиот парламент минатиот месец привремено ја стопираше работата на договорот поради барањето на Трамп за припојување на Гренланд и заканите со царини кон европските сојузници, но подоцна беше одлучено дека договорот ќе биде ставен на гласање крајот на февруари.

