Свет
Германското разузнавање не смее да ја шпионира АфД
Германски управен суд во вторникот донесе одлука дека домашната разузнавачка агенција незаконски најавила засилена контрола на екстремно десничарската партија Алтернатива за Германија (АфД), пренесува „Локал“.
Пресудувајќи во корист на АфД, Управниот суд во Келн изјави дека безбедносната агенција БфВ го пречекорила својот мандат кога во јануари објавила дека партијата е т.н. Prüffall или Ќслучај за преиспитувањеЌ.
Прогласувањето на целата партија како „случај за зголемен надзор” предизвикува негативен ефект во јавноста, смета судот. Таквите прекршувања на правата на политичка партија можат да се направат само ако постои експлицитно законско овластување.
„Затоа, потегот на разузнавачката служба е незаконски и непропорционален“, се вели во пресудата.
Одлуката беше донесена откако АфД поднесе барање за забрзана постапка пред европските избори во мај 2019 година и трите германски државни избори што ќе се одржат во септември и во октомври.
Алтернатива за Германија, која постои веќе пет години, е најголемата опозициска партија во земјата и е против мултикултурализмот, исламот и имиграцската политика на канцеларката Ангела Меркел, која ја нарекува предавник.
Во својата одлука од 15 јануари да го засили надзорот над АфД, БфВ рече дека има првични индикации за политиките на АфД кои одат против демократијата.
Но, агенцијата не се реши за целосен надзор на целата партија бидејќи досегашните информации се недоволни за налог за надзор вклучувајќи ги тука и телефонските и електронските прислушувања, употребата на инфлитрирани информатори и собирање на лични податоци за пратениците.
БфВ има мандат да стави под надзор поединци и групи, вклучувајќи ги и политичарите и партиите што ги смета за екстремистички и за закана за либералниот демократски поредок на државата. Во минатото под надзор беа ставени некои пратеници на екстремната левичарска опозициска партија Дие Линке, која делумно произлезе од поранешната комунистичка партија на Источна Германија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Во руски напад на Павлоград загинаа 12 лица
Во нападот на руски дронови што утрово беше извршен врз градот Павлоград загинаа 12 лица, а ранети се седуммина, соопшти шефот на воената управа на Дњепропетровската област, Александар Ганжа.
– Непријателско беспилотно летало експлодираше покрај службен автобус на едно од претпријатијата во Павлоградскиот округ. Според прелиминарните информации, 12 лица загинаа, а седуммина се повредени, се наведува во објавата на Ганжа.
Во исто време во руско бомбардирање на градот Славјанск во Доњецката област утрово загина 43-годишна жена, а уште една е ранета.
– Загина 43-годишна жена, жителка на Краматорск. Мое искрено сочувство до нејзиното семејство и пријателите. Една мештанка е повредена, информира началникот на воената управа на Славјанск, Вадим Љах.
Тој потврди дека во нападот се оштетени 14 повеќекатници, три автомобили, филијала на Нова пошта и деловен центар.
Свет
Бројот на жртви во пожарот во Швајцарија се искачи на 41, меѓу жртвите и 18-годишно момче
Почина осумнаесетгодишно момче кое беше повредено во пожарот во барот во Кран-Монтана, соопшти денеска швајцарската новинска агенција Keystone-SDA, повикувајќи се на обвинителството.
Младиот швајцарски државјанин починал во болница во Цирих. Со неговата смрт, бројот на жртви од пожарот во барот „Le Constellation“ во швајцарскиот центар Кран-Монтана се искачи на 41 лице.
Пожарот избувна за време на забава за Нова година, на која присуствувале главно млади луѓе, откако прскалки го запалиле таванот. Пламенот брзо се проширил, а многу луѓе останале заробени во подрумот, не можејќи навреме да побегнат преку тесните скали.
Повеќе од 100 луѓе беа повредени, од кои околу 80 претрпеа тешки изгореници.
Јавното обвинителство води истрага за убиство од небрежност, нанесување телесни повреди и предизвикување пожар.
Свет
Две лица загинаа во најновите руски напади со дронови врз Украина
Маж и жена загинаа во украинскиот град Днипро откако Русија изврши нов бран напади со дронови во текот на ноќта, соопштија денеска официјални лица.
Во нападот избувнал пожар, а една куќа е целосно уништена, изјави воената гувернерка Олександр Ханжа во објава на Телеграм.
Украинските воздухопловни сили соопштија дека Русија во текот на ноќта извршила вкупно 90 напади со дронови низ целата земја, од кои околу десетина завршиле со директни погодоци.
Нападите се случуваат во време кога руски и украински претставници денеска треба да се сретнат во Абу Даби на нови разговори за можен крај на војната.
Разговорите следуваат по слична средба одржана минатата недела, прва по подолга пауза, но овојпат без присуство на американски посредници.
Со цел создавање позитивна основа за разговорите, Русија го прифати барањето на американскиот претседател Доналд Трамп привремено да ги запре нападите врз украинската енергетска инфраструктура, откако претходните напади врз електраните оставија илјадници луѓе без струја, греење и вода, при температури под нулата.
Според Кремљ, ограничениот прекин на огнот треба да трае до денеска.
Во меѓувреме, во Украина продолжуваат работите за обновување на снабдувањето со електрична енергија по вчерашниот прекин, предизвикан од дефект на далноводите.
Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, изјави дека околу 1.000 домаќинства и натаму се без греење, откако тешкото руско бомбардирање ја оштети електроенергетската и топлинската инфраструктура на главниот град.

