Свет
Главниот осомничен за нападот на концертот признал сѐ, неодамна дал отказ објаснувајќи дека има многу планови
Генералниот директор за јавна безбедност, Франц Руф, денеска изјави дека главниот осомничен признал сѐ и детаљно ги опишал плановите за нападот. Тој потврди и дека информации за нападите добиле од тајната служба.
Руф додаде дека 19-годишникот, уапсен вчера во Терниц, Долна Австрија, работел на плановите за нападот од јули. На крајот на јули ја напуштил работата и рекол дека има уште многу планови.
Младото момче, кое е родено во Австрија, со родители по потекло од Македонија, забележително го променило својот изглед и се приспоосбило на пропагандата на ИД, пишува ОРФ.
Второто уапсено лице е 17-годишник. Според информациите, тој бил на стадионот „Ернст Хапел“, каде што требало да се одржат концертите на Тејлор Свифт.
И двајцата тинејџери живеат во Терниц, а 17-годишникот неодамна раскинал со својата девојка.
„Социјалната ситуација на двајцата осомничени бил променета“, рече Руф.
Шефот на Управата за државна безбедност и разузнавање, Омар Хајави-Пирчнер, изјави дека при претресот на куќата во Терниц биле пронајдени хемиски супстанции за правење бомби и пропагандни материјали на терористичката организација Исламска држава.
„Тој сакал да се убие себеси и голем број други луѓе со експлозиви, мачети и ножеви“, додаде Хајави-Пирчнер, пренесува ОРФ.
За потсетување, трите концерти на Тејлор Свифт закажани за денеска, утре и задутре во Виена беа откажани поради планираниот терористички напад на стадионот „Ернст Хапел“. Се очекуваше речиси 195.000 луѓе да присуствуваат на трите концерти на распродадениот стадион „Ернст Хапел“ и приближно уште 20.000 фана да ги слушаат концертите надвор од стадионот. Парите за влезниците ќе им бидат вратени.
Истрагата за планираните напади сѐ уште е во тек.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Хрват од Дубаи: Во засолниште сме, не знам што ќе биде понатаму
Хрватскиот државјанин Тони Дабиновиќ, кој моментално е во Дубаи, сведочеше за ненадејна евакуација во засолниште што се случила во текот на ноќта. Како што изјавил за хрватски Индекс, тој и другите гости на хотелот биле преместени на безбедна локација откако се вклучиле сирените за тревога.
„Се наоѓаме во засолниште. Бев во хотелот, а сега сите нè сместија во засолниште, во зграда помеѓу хотелите“, рече тој. „Сега е 1:30 часот наутро. Сите нè преместија во засолниште. Имаше сирени и сигнал за тревога преку нашите мобилни телефони што сите го добивме за да се засолниме. Не знам што ќе се случи потоа“, додаде Хрватот од Дубаи.
Свет
(Видео) Ирански дрон го погоди и хотелот Бурџ ал Араб во Дубаи
Иран вечерва започна трет бран одмазднички напади. Покрај аеродромот, во Дубаи беше погоден и Бурџ Ал Араб.
BREAKING: Iranian drone strike hits Dubai International Airport.
Evacuations are underway at the airport. pic.twitter.com/kjEwqD5Vyl
— Clash Report (@clashreport) February 28, 2026
Ирански дрон го погоди и хотелот со пет ѕвездички Бурџ Ал Араб во Дубаи. Хотелот, кој е висок 321 метар и има 60 ката, се наоѓа на вештачки остров во Обединетите Арапски Емирати.
BREAKING: Iranian drone hit the five-star Burj Al Arab hotel in Dubai, UAE.
The 321-meter, 60-story tower stands on an artificial island. pic.twitter.com/SZaJrAUq3n
— Clash Report (@clashreport) February 28, 2026
Бурџ Ал Араб е еден од најпрепознатливите хотели во светот и симбол на луксузот на Дубаи. Отворен во 1999 година, изграден е на вештачки остров на околу 280 метри од брегот и поврзан со копното со приватен мост. Висок е 321 метар и има 60 ката, а неговиот архитектонски дизајн наликува на едро.
Breaking News 🚨
Iran strikes renowned Burj Al-Arab hotel in Dubai, UAE. pic.twitter.com/3oqGa579Kw
— Dost Afridi (@DostAfridi_10) February 28, 2026
Хотелот често се опишува како „хотел со седум ѕвездички“, иако официјално има пет, и е познат по своите ексклузивни апартмани на два ката, приватни батлери и хелиодромот на врвот од зградата, кој стана место за бројни промотивни настани и спортски спектакли.
Свет
Трамп: Ајатолахот е мртов
Иран очигледно потврди дека ајатолахот е мртов. На неговиот профил на социјалните мрежи е објавена порака:
„Во возвишеното име на Хајдар (Имам Али), мирот нека е со него. Без него нема небо ни земја“
به نام نامی حیدر علیهالسلام pic.twitter.com/n848j6KASq
— KHAMENEI.IR | فارسی (@Khamenei_fa) February 28, 2026
„Хајдар“ е едно од имињата/почесните имиња на Имам Али, а терминот „алејхи селам“ значи „мир со него“ и се користи како знак на почит.

И Доналд Трамп потврди дека е мртов.
Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Хамнеи, е мртов и неговото тело е пронајдено, изјави за Ројтерс висок израелски функционер. Високи израелски функционери изјавија за неколку медиуми дека ајатолахот е мртов, но нема официјална потврда од Иран. Израелските медиуми објавија дека неговото тело е пронајдено во урнатините на палата. „Иран интернешнл“ исто така соопшти дека ајатолахот е мртов.

