Свет
Гласање на демократите во Ајова: Бутиџиџ со тесна победа пред Сандерс, Бајден дури четврти

Пит Бутиџиџ, демократот кој е поранешен градоначалник на Саут Бенд во Индијана, доби најмногу гласови во номинацијата за претседателски кандидат од членовите на Демократската партија во сојузната држава Ајова, соопштија партиски претставници.
На првото гласање за кандидат на демократите, кој на претседателските избори во ноември би му се спротивставил на Доналд Трамп, Бутиџиџ извојува тесна победа над сенаторот од Вермонт, Берни Сандерс.
Бутиџиџ добил 26,2 отсто од гласовите и Сандерс 26,1.
Сенаторката Елизабет Варен освои 18 проценти од гласовите, а поранешниот потпретседател Џо Бајден оствари разочарувачки резултат, 15,8 проценти од гласовите на делегатите.
На петто место е сенаторката Ејми Клобушар, којa добила 12,3 проценти од гласовите.
Пребројувањето на гласовите од кокусот во Ајова, што се одржа во понеделникот, траеше долго поради технички проблеми.
Кокусите се собири на граѓани на кои отворено се изразува поддршка за некој од демократките кандидати, а беа одржани на 1.600 локации во Ајова, пренесува „Танјуг“.
Бројот на делегати од Ајова што ќе гласаат за претседателски кандидат на последната конвенција на Демократската партија е 41, така што гласовите што кандидатите ги добија во Ајова ќе бидат пресметани во бројот на делегати.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Напад во кривичниот суд во Њујорк, има повредени

Тројца судски службеници денес биле нападнати со нож и повредени во зградата на Кривичниот суд на Менхетен, потврдија два извори од њујоршката полиција кои се запознаени со нападот.
„Осомничениот напаѓач е приведен по нападот врз службениците во зградата на судот на Централната улица во Њујорк. Нападот се случил близу фоајето“, изјавил неименуван полициски извор за NBC.
Еден судски службеник се здобил со посекотини на лицето, друг на вратот, а третиот бил повреден кога осомничениот го фрлил на подот обидувајќи се да побегне, се наведува во извештајот на американската телевизиска мрежа.
Сите тројца повредени се медицински згрижени и се чувствуваат добро, а истрагата е во тек, иако засега не е јасно што бил мотивот за нападот.
Свет
„Ерусалим пост“: Трамп ќе му даде на Иран последна шанса

Американскиот претседател, Доналд Трамп, планира да му упати на Иран последна шанса за договор, објави „Ерусалим пост“, повикувајќи се на американски и европски претставници.
Според неофицијални информации, новата понуда би можела да биде уште поповолна од онаа од пред недела и половина, но сепак би се базирала на американското барање за нулта толеранција за збогатување ураниум.
Според истиот извор, Иран се обидел да посредува со американската администрација преку Оман и Катар со цел да ги запре израелските напади и да ги обнови преговорите за нуклеарната програма. Саудиска Арабија наводно дејствува преку посебен канал со иста цел – постигнување прекин на огнот.
Свет
Претседателот на Иран: Не сакаме ширење на војната

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан изјави дека Иран не сака да ја прошири војната со Израел, но ќе одговори пропорционално на секој напад, пренесува државната иранска новинска агенција.
Пезешкијан ова го рекол за време на телефонскиот разговор со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
„Иранските научни, воени и цивилни објекти беа под израелска агресија, при што беа убиени цивили, научници и воени водачи“, рече Пезешкијан.
„Иран не ја започна оваа војна, но ќе одговори според нивото на напад“, изјави.
Тој додаде дека учеството на Иран во нуклеарните преговори со САД зависи исклучиво од прекинот на нападите на ционистичкиот режим врз земјите во регионот.
Турскиот претседател Ердоган, според турската државна агенција, му рекол на Пезешкијан дека Турција е подготвена да игра улога на посредник за да помогне во деескалацијата на конфликтот и да го поддржи враќањето на преговорите за нуклеарната програма.