Свет
Голем број тинејџери меѓу ослободените Палестинци: „Имам вртоглавица од среќа што се враќам дома“
Триесет и девет палестински тинејџери и жени беа ослободени од израелските затвори во саботата откако се чинеше дека договорот за прекин на огнот беше доведен во прашање. Тие беа ослободени како дел од договорот со кој беа вратени 26 израелски заложници земени на 7 октомври. Вкупниот број ослободени Палестинци од почетокот на привремениот прекин на огнот е 78, пишува Би-би-си.
Еден од ослободените Палестинци, Мохамад дар-Дарвиш (17), рече дека му се врти во главата од среќа што ќе се врати дома. Размената беше одложена откога Хамас го обвини Израел дека ја менува договорената листа на затвореници што треба да бидат ослободени.
Хамас исто така рече дека нема доволно пратки со хуманитарна помош до Газа според договорот, но испораката беше извршена по посредство во последен момент на Катар и Египет.
Израел негира дека ги прекршил условите од договорот, кој денес влезе во четвртиот ден. Во саботата вечерта толпа луѓе – вклучително и некои со зелено знаме на Хамас – го поздравија автобусот со ослободените Палестинци додека се движеше низ Западниот Брег, каде што првично беа вратени затворениците.
Меѓу нив имало шест жени, а сите други биле на возраст под 18 години. Меѓу нив беше и Мохамад дар-Дарвиш, кој седум месеци беше задржан во израелски затвор под обвинение дека фрлил бомба врз војниците. Тој ги негира обвинувањата.
Во изјава за Би-би-си тој тврди дека палестинските затвореници биле малтретирани по нападот на 7 октомври. Израелската затворска служба, пак, уверува дека се однесувала кон затворениците во согласност со правилата.
Израел состави список од 300 палестински затвореници, главно тинејџери, кои се подобни за ослободување според договорот со Хамас. Повеќето од нив се во затвор и чекаат судење, а помалку од четвртина од луѓето на списокот се осудени.
Меѓу ослободените возрасни жени беше Исраа Џабис, која беше осудена на 11 години затвор во 2015 година кога нејзиниот автомобил се запали на 1,5 километар од контролен пункт на Западниот Брег. Израел обвини дека се работи за обид за бомбашки напад со автомобил и таа е осудена, но денес 38-годишната Исраа Џабис ги негира обвиненијата, а нејзиното семејство претходно тврдеше дека пожарот бил предизвикан од дефект на моторот.
Таа добила тешки изгореници на лицето кога се запалил моторот на автомобилот, но израелските затворски власти ги одбиле барањата за операција. Откога била ослободена по издржување осум години од затворската казна, таа била фотографирана како го гушка својот син Муатасим (15), кој во моментот на апсењето на мајка си имал осум години.
Некои од ослободените според договорот за прекин на огнот се затвореници кои сè уште биле деца кога биле уапсени. Мара Бејкер била осудена на осум и пол години затвор за прободување граничен полицаец кога имала 16 години.
По враќањето кај семејството во Источен Ерусалим, таа рече: „Емотивна сум, тоа е многу добро чувство“. Таа вели дека за нејзиното ослободување дознала само неколку часа пред тоа да се случи.
23-годишната Нурхан Авад издржа осум години од 10-годишната затворска казна пред да биде ослободена во саботата. Таа беше осудена за прободување со нож во Ерусалим, а полицијата ја застрела при апсењето. Нејзиниот братучед бил застрелан и убиен при апсењето.
Таа беше снимена како трча до нсвоето семејство во Западен Брег откога беше ослободена и рече дека ќе го посети гробот на својот роднина пред да се врати дома.
Друга група израелски заложници – сите жени и деца – беа ослободени од Газа во саботата вечерта. Повеќе затвореници и заложници беа ослободени во неделата како дел од договорот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Маж нападна полицаец со нож во Париз
Маж вооружен со нож, кој се обиде да нападне полицаец кај Триумфалната капија во Париз, беше ранет од неколку куршуми испукани кон него од друг припадник на безбедносните сили, објави агенцијата Франс прес, повикувајќи се на полициски извор.
Напаѓачот е однесен во болница. Полицијата е присутна кај Триумфалната капија, споменик во центарот на Париз во близина на Шанзелизе, за церемонија на палење факел на Гробот на непознатиот војник.
Националното обвинителство за борба против тероризмот објави дека го презема случајот.
фото/Depositphotos
Свет
Зеленски: Путин не е млад човек, нема многу време
Украинскиот претседател Володимир Зеленски верува дека само САД имаат моќ да ја принудат Русија да склучи мир.
„Да бидеме искрени, денес само Европа ѝ дава пари на Украина и ѝ помага. Само САД можат да го сопрат Путин“, изјави тој за POLITICO.
Сепак, Зеленски изрази загриженост дека Белата куќа можеби не ја разбира суштината на проблемот.
„Од она што го гледам, тие испраќаат повеќе сигнали дека Украина треба да направи компромис, а не Русија“, рече тој.
„Не мислам дека тоа е правилниот став. Секако, така е поедноставно“, додаде тој.
Осврнувајќи се на возраста на Владимир Путин, Зеленски забележа дека рускиот претседател, кој сега има 73 години, повеќе не е млад човек. „Тој нема многу време“, додаде украинскиот претседател. „Дај Боже да нема многу“, заклучи тој.
Свет
Украински министер: Не е реално војната да се заврши без Трамп
Украинскиот министер за надворешни работи, Андриј Сибиха, извести за напредокот на преговорите со Русија за прекин на инвазијата, истакнувајќи дека три од 20-те точки од мировниот план остануваат контроверзни. Тој потврди дека претходните две рунди разговори се одржаа во Абу Даби, а следната ќе се одржи следната недела во Женева.
Сибиха оцени дека преговорите „напредуваат“, пофалувајќи го лидерството на американскиот претседател Доналд Трамп. Тој експлицитно изјави дека „нереално е да се заврши оваа војна без Трамп“. И покрај ова, тој предупреди дека Русија не покажува „никакви знаци на подготвеност за сериозни преговори“.
„Паралелно, мора да продолжиме да вршиме притисок врз Русија и, мора да признаеме, сè уште имаме инструменти на влијание“, рече Сибиха.
Украинскиот министер откри дека сè уште има несогласување за три точки во мировниот план, кој содржи 20 точки. „Имаме изводливи предлози, па затоа во следната рунда навистина се надеваме дека нема да слушаме дополнителни историски предавања. Сега е време за акција, за дела и за конкретни, решителни чекори“, нагласи тој.
На неговите зборови се надоврза и францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро, кој рече дека војната мора да заврши.
„Јасно е дека треба да ја запреме оваа војна, а со нашите сојузници и пријатели сè уште имаме механизми за да го постигнеме тоа“, рече тој.
Тој откри дека Франција и Обединетото Кралство „отишле многу далеку“ за да ги блокираат бродовите на руската „флота во сенка“, додека „користеле воени средства“.
Баро, исто така, ја нагласи важноста на претстојниот, 20-ти пакет санкции на Европската Унија, кој се очекува да биде усвоен на 24 февруари, на четвртата годишнина од почетокот на тоталната агресија. Тој, исто така, ја спомена улогата на таканаречената Коалиција на волјата во обезбедувањето идни безбедносни гаранции за Украина.
фото/Depositphotos

