Свет
Голем пожар во Лондон, евакуирани луѓе: „Затворете ги прозорците и вратите“

Десет противпожарни возила и околу 70 пожарникари се борат со пожарот во трафостаница во Хејс, кој е дел од Лондон.
Помошникот началник, Пат Голбурн рече: „Ова е многу значаен инцидент и нашите пожарникари неуморно работат во тешки услови за да го стават пожарот под контрола што е можно побрзо“.
„Пожарот предизвика прекин на електричната енергија во голем број домови и локални бизниси. Пожарникарите евакуираа 29 лица од соседните имоти на безбедно, а како мерка на претпазливост е воспоставен кордон од 200 метри, при што се евакуирани околу 150 лица ќе биде долготраен инцидент. Како што се движиме до утрото, се очекува да се зголемат тешкотиите, па ги повикуваме луѓето да ја избегнуваат областа ако е можно“, додаде тој.
Пожарникарите биле повикани во 23.23 часот, а екипи од Хејс, Хитроу, Хилингдон, Саутхол и околните противпожарни станици биле испратени на местото на настанот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
(Фото) Живо извлечено детето од авионот кој се запали во Германија, таткото загина

Мал авион во кој според првичните информации биле пилотот и неговата шестгодишна ќерка, вчера се урнал на нива недалеку од Бон во Германија. Девојчето е извлечено од запалените урнатини и со тешки повреди е пренесено во болница, додека нејзиниот татко (51) не можел да се спаси.
Тој вчера попладне со детето полетал од аеродромот Хангелар. Авионот се урнал непосредно по полетувањето, а според очевидци авионот се запалил по падот.
На фотографиите се гледа дека пожарот целосно ја уништил кабината. За време на спасувачката акција беше повреден и човекот кој прв притрча да помогне и исто така беше хоспитализиран.
Свет
Зеленски: Украина врати 4.306 лица од руско заробеништво

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Украина вратила 4.306 лица од руско заробеништво, потврдувајќи ја посветеноста на државата да обезбеди ослободување на сите заробени Украинци,
Зеленски ја даде оваа изјава за време на говорот пред учесниците на конференцијата на Координативниот штаб за воени затвореници насловена „Надеж, борба, враќање – три години“.
– Веќе повеќе од три години – речиси целото времетраење на оваа војна, нашиот Координативен штаб – со сите служби работат на враќање дома на нашите војници кои беа заробени. Над четири илјади луѓе веќе се вратија – 4.306. И ние ќе ги вратиме сите. Сите мои преговори, секоја средба со партнерите кои можат да помогнат, го вклучуваат и прашањето за воените затвореници, рече Зеленски.
Тој посочи дека последната група украински воени заробеници биле ослободени на 19 март.
Свет
Државната заштита на Камала Харис и на Хилари Клинтон укината од Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп ја укина заштитата од државната безбедност на неговите противкандидатки во двете претседателски изборни кампањи што ги доби – поранешната американска потпретседателка Камала Харис и поранешната државна секретарка Хилари Клинтон, која беше и прва дама, пренесуваат медиумите во САД.
Тој претходно го укина пристапот до доверливи информации на поранешниот американски претседател Џо Бајден, како и правото на заштита од Тајната служба за децата на поранешниот претседател Бајден – Хантер и Ешли.
Американскиот претседател се соочи со Хилари Клинтон во претседателската кампања во 2016 година, а минатата година се натпреваруваше со Камала Харис, која го замени Бајден како кандидат на Демократската партија во трката за претседател на САД.