Свет
Гол упаднал во ресторан и убил четворица луѓе во САД
Гол маж влегол во ресторан и отворил оган кон присутните, при што убил четворица луѓе во градот Нешвил, во американската сојузна држава Тенеси, соопшти полицијата. Во пукотниците, повредени се и најмалку четворица луѓе.
Еден од гостите во ресторанот успеал да му ја одземе пушката на напаѓачот, кој веднаш побегнал од местото.
BREAKING: Travis Reinking, 29, of Morton, IL, is person of interest in Waffle House shooting. Vehicle the gunman arrived in is registered to him. Gunman last seen walking south on Murfreesboro Pike. He shed is coat and is nude. See Reinking? Pls call 615-862-8600 immediately. pic.twitter.com/duoWCo5fC0
— Metro Nashville PD (@MNPDNashville) April 22, 2018
Полицијата трага по осомничениот, 29 годишен Тревис Рејнкинг. Не се познати причините за крвавиот настан.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
САД очекуваат илјадници севернокорејски војници да се приклучат во борбите во Украина
Соединетите Американски Држави очекуваат илјадници севернокорејски војници наскоро да се приклучат на борбите во Украина. Ова го изјави американскиот министер за одбрана Лојд Остин кој е во посета на Фиџи.
Според него, околу 10.000 Севернокорејци се во руската област Курск, каде што се интегрирани во руските борбени формации, пренесе АФП.
Остин рече дека засега нема посебни докази дека тие се активно вклучени во борбите. Според јужнокорејските власти, Русија му обезбедила на Пјонгјанг нафта, проектили и економска помош во замена за воено распоредување на комунистичката држава.
Во исто време, украинската армија ги негираше информациите за присуство на севернокорејски војници во регионот на Харков.
Оттаму изјавија дека лицето што ја проширило информацијата не е овластен портпарол на војската во областа и ги повикаа медиумите и луѓето да бараат информации од официјални извори.
Регион
Голем протест на пензионерите во Атина
Во Атина се одржаа големи протестни демонстрации на пензионерите. Сакаат добро здравство и повисоки пензии.
„Сакаме достоинствени пензии“, скандираа пред парламентот стотици грчки пензионери кои на протестот пристигнаа од целата земја. На дел од плакатите беа испишани нивните барања – пристојни пензии, бесплатни лекови и ниски цени, барем за основните потреби.
Демонстрантите за медиумите изјавија дека сакаат и да се отстранат голем дел од пензиските одбитоци и да се плати голем попуст за струја, како и во другите европски земји.
Големиот проблем со кој се соочуваат пензионерите се недостатоците во здравствениот систем – немање доволно специјалисти во државните болници и скапите лекови. И грчките пензионери побараа бесплатни празнични ваучери за сите пензионери.
Пензионерите на протестите скандираа „Стоп за војната во Украина и Газа, не убивајте млади луѓе“.
Голем број млади се приклучија во поддршка на протестот на пензионерите.
Свет
„Ројтерс“: Богатите земји ги зголемуваат трошоците за климатскиот договор на 300 милијарди долари
Европската унија, САД и другите богати земји на самитот за климатски промени COP29 одлучиле да ја зголемат глобалната финансиска цел на 300 милијарди долари годишно до 2035 година, изјавија извори за „Ројтерс“.
Промената доаѓа откако земјите во развој го оценија предлогот за договор од 250 милијарди долари, кој беше изготвен од претседателството на Азербејџан COP29 во петокот, како навредливо низок.
Пет извори запознаени со разговорите зад затворени врати изјавиле дека ЕУ прифатила поголема сума.
Два извори рекоа дека САД, Австралија и Британија исто така се согласиле.
Делегатите на конференцијата на ОН за климатски промени во Баку, Азербејџан, во саботата наутро чекаа нов предлог за глобален договор за финансирање на борбата против климатските промени, а преговорите траеја цела ноќ.
Не е јасно дали земјите во развој се веќе запознаени со ревидираните позиции на богатите земји.
Портпаролот на Европската комисија одби да ги коментира преговорите.
Делегацијата на САД на COP29 не одговори на барањето за коментар.