Свет
Градоначалникот на Мариупол: Ќе го преживееме ова, ќе бидеме победници
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/03/873x400-3-2.jpg)
Градоначалникот на Мариупол во јужна Украина изјави дека средата бил најтешкиот ден од руската инвазија поради силното гранатирање и зголемениот број ранети цивили во болниците. Градоначалникот Вадим Бојченко им се обрати на граѓаните на Мариупол и рече дека украинските сили храбро им возвратиле на оние што пукале во куќите.
Тој рече и дека е загрозена критичната инфраструктура во градот и дека граѓаните се без вода и струја.
„А вие, драги граѓани на Мариупол, сте големи херои. Сите ние се бориме за нашата слобода, за нашата земја, за нашиот единствен Мариупол. Ние не напаѓаме никого. Само седиме дома. Тоа значи дека Бог е со нас. Тоа значи дека вистината е со нас. Тоа значи дека победата ќе биде на наша страна“, рече тој.
Тој им се заблагодари и на лекарите, на комуналните работници, на украинските вооружени сили и на сите граѓани.
„Заедно навистина ќе го преживееме ова. Ние ќе бидеме победници. Мислам дека го заслужуваме тоа. Ние сме Украинци. Ја сакаме нашата земја. Го сакаме нашиот град. Слава на хероите! Слава на Украина!“, додаде тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Свет
Финска го повика рускиот амбасадор на разговор: нарушен воздушниот простор
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/Screenshot-2025-02-10-205236.jpg)
Финското Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека го повикало рускиот амбасадор во Хелсинки за да побара објаснување во врска со сомневањата за нарушување на финскиот воздушен простор што се случи на 7 февруари.
Наводниот прекршок се случил над Финскиот залив, западно од градот Ханко, околу 17:15 часот, објави Министерството на платформата Икс.
„Рускиот авион е осомничен дека неколку минути летал во финскиот воздушен простор“, се наведува во соопштението.
Министерството за одбрана претходно објави дека рускиот државен авион е осомничен за нарушување на финскиот воздушен простор во Финскиот залив, соопшти финскиот јавен сервис Yle.
Сомненијата се дека рускиот авион неколку минути бил во финскиот воздушен простор.
Министерот за одбрана Анти Хаканен изјави дека „сомнителните територијални прекршувања се сфаќаат сериозно“. Граничната патрола го истражува инцидентот.
Регион
(Видео) При обид да го ограби: фрижидер со пиво уби маж во Србија
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/677z381_pivo-frizider-ubio-muskarca-trstenik.jpg)
Г.Т. на возраст од шеесет години загинал при обид да ограби локална продавница во Србија, кога врз него паднал фрижидерот од кој земал пиво.
Припадници на Министерството за внатрешни работи во Трстеник го уапсија С. П. (49) од ова место, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривични дела изложување на опасност и тешка кражба во обид.
„Тој е осомничен дека не му помогнал на Г.Т.(60) кој бил удрен од фрижидерот пред локална продавница кој, како што се сомневаат, заедно се обиделе да го ограбат. Од здобиените повреди Г.Т. починал, пишува во соопштението на полициската управа во Крушевац, пренесуваат медиумите.
На С. П. од страна на јавниот обвинител му е одредена мерка притвор до 48 часа, по што со кривична пријава ќе биде изведен во обвинителството.
Видеото од несреќата набрзо беше објавено на социјалните мрежи.
Свет
Нетанјаху: Средбата со Трамп беше најпријателската, најзначајната средба досега
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/Netanjahu-tramp4.jpg)
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека неговата средба со американскиот претседател Доналд Трамп во Вашингтон била најпријателската, најзначајната средба досега меѓу израелски премиер и американски претседател.
Нетанјаху рече дека Израел никогаш не бил посилен и дека неговата средба со Трамп била најтоплата од сето она што го имал за време на неговото децениско политичко лидерство.
Тој истакна дека Израел и САД имаат иста цел да ја уништат палестинската милитантна група Хамас и да ги ослободат сите заложници.
Нетанјаху оцени дека предлогот на Трамп за иднината на Појасот Газа претставува „нова и креативна визија“, нагласувајќи дека Трамп е решен да го спроведе, објави „Тајмс оф Израел“.
Неколку израелски опозициски пратеници беа исфрлени од салата откако го прекинаа обраќањето на Нетанјаху во Кнесетот по неговата посета на Вашингтон за време на која се сретна со Трамп.
Опозицијата свиркала и го прекинала говорот на Нетанјаху, пишува „Тајмс оф Израел“.