Свет
Градоначалник на град од Нигерија и неговиот возач уапсени за шверц на кокаин

Градоначалник на град во африканската држава Нигерија и неговиот возач се уапсени во пустината на северот на земјата со повеќе од 200 килограми кокаин во возило, соопшти тамошната полиција.
Двајца осомничени, чии имиња не се откриени, наводно транспортирале кокаин во Либија, откако бил прошверцуван во земјата од Мали.
Тамошната агенција за контрола на дрога соопшти дека тоа е најголемата заплена на кокаин во западноафриканската земја.
Шверцот и заплените на дрога стануваат се почести во регионот.
Градоначалникот и неговиот возач беа однесени во градот Ниамеј на сослушување.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
(Видео) Украинците спасија куче под урнатините по рускиот напад врз Суми

Во украинскиот град Билопиља во Сумската област, по ноќен воздушен напад од страна на руските сили, спасувачите извадија куче од под урнатините, како што објави Државната служба за вонредни состојби на Украина на Телеграм, пишува УНН.
Како што е наведено, Русите синоќа извршија воздушен напад врз градовите Билопилија и Ворожбјанска. Како резултат на нападот, едно лице е повредено, а девет приватни куќи се оштетени.
За време на извидување во областа на заедницата Билопилија, спасувачите одеднаш слушнале квичење: а меѓу урнатините забележале исплашено куче.
Спасувачите внимателно го извлекле животното од под урнатините и му го предале на сопственикот, се вели во соопштението, а објавено е и видео од спасувањето на кучето.
Европа
Зеленски пристигнува на погребот на папата

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ќе присуствува на погребот на папата Франциско, пренесе АФП, повикувајќи се на извор од украинскиот претседателски кабинет.
Според истиот извор, канцеларијата на Зеленски ја подготвува неговата посета на Рим за Зеленски лично да се прости од поглаварот на Католичката црква.
Како што претходно беше најавено, погребот на папата Франциско ќе се изврши во сабота, на 26 април, во 10 часот по локално време. Досега Трамп и Макрон потврдија дека ќе бидат на погребот, но се очекува на погребот да присуствуваат бројни светски лидери и стотици илјади верници.
Свет
Кој доаѓа на погребот на папата Франциско: Трамп веќе објави дека патува во Ватикан

Светските државници го најавуваат своето присуство на погребот на папата Франциско, а американскиот претседател Доналд Трамп синоќа на својата мрежа Truth Social објави дека планира да патува во Ватикан со сопругата Меланија на погребот на папата Франциско.
„Меланија и јас ќе присуствуваме на погребот на папата Франциско во Рим. Со нетрпение очекуваме да бидеме таму“, рече Трамп, пренесува лондонски Гардијан.
Францускиот претседател Емануел Макрон потврди дека ќе присуствува на погребот.
„Ќе присуствуваме на погребот на папата, како што е соодветно“, рече Макрон, разговарајќи со новинарите во Сен Дени де ла Реунион.
Според лондонскиот весник, украинскиот претседател Володимир Зеленски треба да присуствува на погребот на папата Франциско.
Се очекува дека во наредните денови списокот на светски државници кои планираат да дојдат во Рим брзо ќе се зголеми, што потенцијално ќе отвори простор за средби на маргините на погребот на папата Франциско.