Свет
Грбав кит заглавен во река во Бретања го најде патот до морето

Грбав кит заробен од четвртокот на устието на река во Бретања, западна Франција, успеал да се врати во морето, соопшти Здружението одговорно за спасување животни таму.
Кит од седум до десет метри успеал да ја помине браната што го спречува да се врати во морето.
„Го нема, го нема“, среќно извикуваа спасувачите и неколку десетици набљудувачи на браната на електраната во Ранс, гледајќи го китот во океанот.
Китот се заглавил во четвртокот наутро. Влегол во реката бидејќи главната брана на централата била отворена.
Тој се бореше повторно да се врати на отворено море и покрај интервенцијата на спасувачите и повторното отворање на капијата.
Огромниот цицач, благодарение на плимата и осеката што паѓа, и сите отворени брани, успеа да помине една од нив и да се врати во океанот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Хаос Во Лондон: прекин на електричната енергија парализираше дел од метрото и железничката мрежа

Голем прекин на електричната енергија парализираше дел од лондонското метро и железничката мрежа. Сериозен прекин на електричната енергија предизвика хаос денес во Лондон, кога четири клучни линии на метрото и „Линијата Елизабет“ беа суспендирани пред попладневниот шпиц.
Вкупно околу 20 станици низ мрежата се затворени или делумно затворени, вклучувајќи ги и главните центри како што се Падингтон, Ливерпул Стрит и Тотенхем Корт Роуд. Неодамна, хаос беше забележан и во Шпанија и соседна Португалија кога имаше ненадеен масовен прекин на електирчна енергија.
Многу патници беа заробени во возовите повеќе од час и половина, без вода и основни услови. Некои морале да пешачат низ тунелите до најблиската станица, и до 20 минути.
Лондонскиот транспорт (TfL) ги потврди проблемите и им се извини на патниците. Инженерите работат на враќање во нормала што е можно побрзо.
На патниците им се препорачува да користат алтернативни линии: градски автобуси, линиите Лондон Оверграунд, Темзлинк и Саутестерн, и сите прифаќаат билети за метро додека траат проблемите, пренесуваат медиумите во регионот.
Свет
Трамп: Добри работи можат да произлезат од средбата меѓу Русија и Украина

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, денес изјави дека верува оти сè оди кон средба на Русија и Украина на преговарачка маса во четврток.
„Мислам дека од таа средба можат да произлезат добри работи“, рече Трамп на настан во Белата куќа, објави Ројтерс.
Рускиот претседател Владимир Путин предложи продолжување на директните преговори со Украина без предуслови, кои беа прекинати во 2022 година, и дијалогот да започне на 15 мај во Истанбул.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски се согласи на разговори во Турција на 15 мај, но само лично со Путин, објави Танјуг.
Свет
Првиот коментар на Кремљ откако Зеленски се согласи на преговори со Путин

Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа се согласи на директни преговори со рускиот претседател Владимир Путин.
„Нема смисла убиствата да продолжат. И ќе го чекам Путин во Турција во четврток. Лично. Се надевам дека овој пат Русите нема да бараат изговори“, напиша Зеленски, кој повторно спомена дека чека „целосен и траен прекин на огнот“ што почнува денес.
Украинскиот претседател ја даде оваа изјава откако американскиот претседател Доналд Трамп синоќа ѝ порача на Украина „веднаш да се согласи“ на разговори бидејќи по нив Западот „барем ќе знае каде стои“, иако самиот изјави дека „почнува да се сомнева“ дека е можен договор со Путин.
„Општо земено, ние сме посветени на сериозна потрага по начини за постигнување долгорочно мирно решение“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Моментално нема потврда дека Путин ќе се појави на разговорите во четврток, но Песков потсети дека Путин „во изјавата во која ги сумираше резултатите од прославата во чест на 80-годишнината од Победата и бројните средби со странски колеги, јасно и недвосмислено го искажа ставот на Москва за продолжување на директните преговори со Киев без никакви предуслови“, анализираат светските медиуми.
„Овој пристап наиде на разбирање и поддршка од лидерите на многу земји, вклучително и партнерите во ЗНД и БРИКС“, додаде Песков.
Тој истакна дека американскиот претседател Доналд Трамп, исто така, го повикал Киев веднаш и без никакви услови да учествува на предложениот состанок.
Турскиот лидер Реџеп Таип Ердоган, исто така, ја потврди својата подготвеност да стори сè за да организира преговори во телефонски разговор со Путин, додаде Песков.