Свет
Група млади нападнале француска полициска станица извикувајќи „Алаху акбар”

Група од 15 млади луѓе маскирани со качулки нападнале локална полициска станица во департманот Еуре, фрлајќи проектили и петарди и извикувајќи „Алаху акбар”, пренесува францускиот весник „Фигаро“.
Нападот се случил во петокот во 2:00 часот во полициската станица Вал-де-Роил-Лувиер. Според видеоснимките од CCTV, двајца полицајци биле принудени да користат штитници за да се заштитат од нападот. Целиот инцидент траел околу половина час додека момчињата се обидувала да влезат во станицата.
Полицајците употребиле солзавец, подоцна добиле поддршка од припадниците на Антикриминалната бригада и од Дирекција за јавна безбедност.
Еден човек во Бордо беше уапсен откако влезе во полициска станица и ги напаѓа офицерите додека викаше смртни закани во името на Алах.
Полицискиот извештај вели дека момчињата не само што извикувале „Алаху акбар” туку и ги навредувале полицајците и им се заканувале дека ќе ги запалат.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Трамп: Работата во Газа не е завршена, втората фаза од мировниот договор започнува веднаш

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека работата во Газа не е завршена, бидејќи телата на починатите заложници не се вратени како што беше ветено, објави вечерва „Тајмс оф Израел“.
„Сите 20 преживеани заложници се вратија и се чувствуваат добро, како што може да биде. Тешкиот товар е отстранет, но работата не е завршена. Телата не се вратени, како што беше ветено“, напиша Трамп на социјалната мрежа „Truth Social“.
Договорот потпишан од Израел и Хамас минатата недела значеше дека Хамас ќе ги ослободи сите 48 заложници во рок од 72 часа од стапувањето во сила на прекинот на огнот.
Рокot истече во понеделникot напладне и Хамас ослободи 20 заложници живи, но ги врати само телата на само четворица од 28-те што загинаа во Газа, додека вечерва најави предавање на уште четворица.
Дадениот рок во договорот важи и за телата, пишува „Тајмс оф Израел“, но се чини дека на Хамас му треба повеќе време за да ги лоцира, па затоа е формирана заедничка работна група за да помогне во пронаоѓањето на телата што не се вратени во рок од 72 часа.
„Втората фаза започнува веднаш“, додаде Трамп, алудирајќи на делови од неговиот план од 20 точки за повоено управување и реконструкција на Газа, кој ќе го води преодна влада на палестински технократи и ќе го надгледува мировен комитет со кој претседава американскиот претседател и поранешниот британски премиер Тони Блер.
Првата фаза, според Трамп, вклучува ослободување на заложниците, повлекување на Израел од Газа и обезбедување хуманитарна помош, додека Хамас сè уште не се согласил со втората фаза, која вклучува нивно разоружување.
Фото: принтскрин
Свет
Сикорски: Европа мора да се подготви за „длабок“ руски напад

Полскиот министер за надворешни работи Радослав Сикорски денес предупреди дека Европа мора да биде подготвена за руски напад длабоко на нејзина територија. Тој оцени дека е „неодговорно“ што не гради одбранбени системи како што е „ѕид од беспилотни летала“ на неговото источно крило.
Во Лондон, каде што го претстави иранскиот дрон „Шахед-136“ соборен во Украина, Сикорски ги повика европските земји да „останат доследни“ во својата поддршка за Украина, наведувајќи дека се надева дека американскиот претседател Доналд Трамп ќе ги стави на располагање ракетите Томахавк со долг дострел на таа земја, пренесува Ројтерс.
Тој процени дека снабдувањето на Украина со дополнителна муниција за противвоздушна одбрана, како и оружје со краток и среден дострел, е неопходно за да се помогне во заштитата на Европа, наведувајќи ги како примери упадите на руски беспилотни летала над Полска и борбените авиони над Естонија.
Тој рече дека сè уште не е познато дали беспилотните летала забележани над Копенхаген биле руски.
Запрашан за можноста за проширување на иницијативата „ѕид од беспилотни летала“ за да се спротивстави на идните упади, Сикорски за Ројтерс изјави дека руските напади „за жал би можеле да стигнат длабоко во Европа“.
„Треба да бидеме подготвени да се спротивставиме на тоа и затоа мислам дека би било неодговорно ако не изградиме капацитети против беспилотни летала денес“, рече Сикорски, пренесува Танјуг.
Фото: принтскрин
Свет
Силен земјотрес во Турција

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтеровата скала вечерва ја погоди западна Турција, објави Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).
Во соопштението се наведува дека епицентарот на земјотресот бил на длабочина од девет километри.
Засега нема информации за евентуални повредени или штети.