Контакт

Свет

Гувернерката на Токио: Олимписките игри ќе се одржат 2021 година

Објавено пред

Гувернерката на Токио, Јурико Коике, изјави дека е уверена оти градот ќе може безбедно да биде домаќин на Олимписките игри в година и покрај неодамнешниот пораст на бројот на заразени од коронавирус во Јапонија.

dobivaj vesti na viber

Во Јапонија има зголемување на бројот на заразени лица, кои надминуваат 2.000 случаи на ден, а владата се обидува да балансира превентивни мерки и деловни активности, без да ѝ наштети на економијата погодена од пандемијата.

„Како град домаќин, решена сме по секоја цена да ги одржиме Олимписките игри“, рече Коике на прес-конференција.

Таа го изјави ова една недела откако претседателот на Меѓународниот олимписки комитет (МОК), Томас Бах, го посети Токио, каде што одржа серија разговори со јапонски официјални лица, вклучувајќи го и гувернерот, за да ја покажат нивната решеност да ги организираат Игрите.

Коике рече дека широкораспространетата употреба на заштитни маски кај населението е една од најефикасните безбедносни мерки што ја поштедија Јапонија од високата стапка на инфекции што избувнаа во САД и Европа.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Каја Калас не верува во распаѓање на НАТО

Објавено пред

Високата претставничка за надворешна политика на Европската Унија, Каја Калас, денес изјави дека не може да замисли земјите од ЕУ да создадат посебна армија, на што неодамна повика европскиот комесар за одбрана Андријус Кубилијус.

dobivaj vesti na viber

„Секоја европска земја има армија, а армиите на 23 земји се исто така дел од структурата на НАТО, па затоа не можам да замислам дека земјите ќе создадат посебна „европска армија“. Значи, тие мора да бидат армии што веќе постојат, па затоа мора да видиме како тоа функционира во пракса“, изјави Калас пред новинарите во Брисел, пред состанокот на министрите за надворешни работи, објави Ројтерс.

Комесарот за одбрана на Европската Унија, Андријус Кубилијус, изјави на почетокот на јануари дека ЕУ треба да размисли за формирање постојана армија од 100.000 војници и за фундаментална реформа на политичките процеси што ја регулираат одбраната.

„Разбирливо е што во армијата мора да имате многу разбирлив синџир на команда, така што кога ќе се случи нешто, да биде јасно кој на кого му дава наредби. Ако создадеме паралелни структури, тоа само ќе ја замагли сликата“, додаде Калас.

Порано оваа недела, генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, ги отфрли повиците на некои водечки европски политичари за формирање посебна европска армија, поради зголемените тензии околу Гренланд или интересот на американскиот претседател Доналд Трамп, САД да го анектираат тој арктички остров, кој е данска автономна територија.

Прикажи повеќе...

Свет

Кина и Велика Британија подготвуваат заеднички одговор на нестабилноста во светот

Објавено пред

Шефот на кинеската дипломатија, Ванг Ји, се сретна во Пекинг со советникот за национална безбедност на британскиот премиер, Џонатан Пауел, и рече дека, како постојани членки на Советот за безбедност на Обединетите нации, Кина и Велика Британија имаат значајна одговорност за светскиот мир и развој.

dobivaj vesti na viber

Ванг, член на Политичкото биро на Централниот комитет на Комунистичката партија на Кина (КПК) и директор на Канцеларијата на Централната комисија за надворешни работи, објави дека поради сложената и нестабилна меѓународна ситуација, двете страни треба да ги почитуваат целите и принципите на Повелбата на ОН, да го зајакнат дијалогот и соработката, да работат заедно за решавање на предизвиците и заеднички да го заштитат меѓународниот систем со ОН во неговиот центар, пренесува „Синхуа“.

Тој исто така рече дека посетата на британскиот премиер Кир Стармер на Кина е прва официјална посета на британски премиер во последните осум години.

Пауел изјави дека Кина е втора најголема економија во светот и земја со големо влијание.

„Отсуството на состаноци на високо ниво меѓу Велика Британија и Кина со години не е во интерес на народите на двете земји“, рече британскиот функционер.

Велика Британија се надева дека ќе ја искористи посетата на премиерот Стармер за подобрување на дијалогот и соработката на сите нивоа и низ секторите со Кина, како и за развој на покохерентно и сеопфатно стратешко партнерство, рече Пауел.

Двете страни разменија мислења и за меѓународни и регионални прашања од заеднички интерес, вклучително и кризата во Украина, според „Синхуа“, пренесува Танјуг.

Прикажи повеќе...

Свет

(Видео) Воен авион се урна на Тајланд: загинаа двајца пилоти

Објавено пред

Воен авион се урна денес во шумска област во северен Тајланд за време на тренинг лет, при што загинаа двајцата пилоти во него, според тајландските воздухопловни сили и тајландските медиуми.

dobivaj vesti na viber

„Двајца пилоти загинаа во падот на лесен напаѓачки авион AT-6TH утрово за време на тренинг вежба“, изјави портпаролот на воздухопловните сили Џаккрит Таманвичаи.

Локалните медиуми објавија дека авион со две седишта се урна во покраината Чијанг Маи. Властите ја истражуваат причината за несреќата и се упатија кон местото на несреќата, објавија медиумите.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија23 минути

(Видео) Царина со акција во Струга: запленети тутунски производи од малопродажен објект – избегната акциза од 509 илјади денари

Поголема количина тутунски производи без акцизни марки, со вредност од над 1,8 милиони денари, е запленета во акција спроведена од...

Македонија28 минути

Злоупотреби во Прилепската болница: меѓу обвинетите за проневера и поранешната директорка

Основното јавно обвинителство Прилеп поднесе Обвинителен акт против 8 физички и едно правно лице за продолжени кривични дела – Проневера...

Македонија1 час

„ССМ и Трендафилов одбија 40% зголемување на платите во следните 2 години на штета на работниците, а по партиски диктат на СДС, ДУИ и Левица“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Слободан Трендафилов со плата 3-4 пати поголема од минималната, е единствениот синдикалец на светот кој е против поголеми плати за...

Топ1 час

Кривична пријава за „даночно затајување“ против фирма од Струмица и двајца управители

СВР Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица поднесе кривична пријава против правно лице од Струмица, В.Ј. (35) и С.П. (44),...

Македонија2 часа

Граѓаните да ги ажурираат своите податоци за „Безбеден град“ на посебниот шалтер во МТВ или во станиците за технички преглед

Министерството за внатрешни работи ги потсетува граѓаните дека на посебниот шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ...

Свет3 часа

Америка сериозно размислува за напади врз Иран, има неколку опции, објави Ројтерс

Американскиот претседател Доналд Трамп разгледува опции против Иран, кои вклучуваат целни напади врз безбедносните сили и нивните водачи за поттикнување...

Свет4 часа

(Видео) Агентите на Служба за имиграција добија нови инструкции по смртта на двајца Американци: „Избегнувајте контакт“

Агентите на американската Служба за имиграција и царина (ICE) во среда добија нови инструкции да избегнуваат контакт со „агитатори“ додека...

Свет4 часа

(Видео) Откриено каква течност е употребена за напад врз американската конгресменка

Еден маж е уапсен откако ја испрскал американската конгресменка Илхан Омар со течност за која подоцна се утврдило дека е...

Европа4 часа

Мерц: Влезот на Украина во ЕУ во 2027 година не доаѓа предвид, тоа не е можно

Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека пристапувањето на Украина во Европската Унија во блиска иднина не е можно. „Пристапувањето на...

Свет4 часа

Индија ги намалува царините за увоз за европски луксузни автомобили

Индија веднаш ќе ги намали царините за луксузни европски автомобили од 110 проценти на 30 проценти според новиот трговски договор...

Македонија4 часа

Поради протест блокирани повеќе гранични премини за влез и излез од државата на товарни возила

Поради протест блокирани се повеќе гранични премини за влез и излез од државата на товарни моторни возила. Како што известуваат...

Македонија14 часа

(Видео) Симнете ги розовите очила и погледнете ги работниците – порачаа синдикатите до функционерите на протестот за повисоки плати, се бара 600 евра минималец

Со транспарентот „Протестираме за плата“, голем број граѓани излегоа на улиците за да го поддржат протестот на Сојузот на синдикатити...

Македонија17 часа

Ако не се реши проблемот со превозниците, ќе трпи цела Европа, порача Николоски од Загреб

Заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски порача дека доколку не се изнајде решение за проблемот со превозниците...

Македонија21 час

Бојан Маричиќ избран за нов претседател на Државната изборна комисија

Поранешниот вицепремиер за евроинтеграции и министер за правда во Владата на СДСМ, Бојан Маричиќ, е избран за нов претседател на...

Топ22 часа

Запленети 150 килограми марихуана, ја транспортирале со шлеп возило од Струга до Свети Николе

Јавен обвинител донесе наредба за спроведување на истражна постапка против три лица за кои постои основано сомнение дека сториле кривично...

Македонија23 часа

По ревизорскиот извештај, Обвинителството отвори предмет за Општина Охрид

Јавното обвинителство отвори предмет по извештајот на Државниот завод за ревизија за Општина Охрид, во кој утврди дека се граделе...

Македонија23 часа

(Видео) Филипче: Имам информација дека следи ново задолжување од 300 милиони евра

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на одговор на новинарско прашање информираше дека следува ново задолжување од 300 милиони евра, a...

Македонија23 часа

Левица: Премиерот со џемпери од по 2.000 евра барањата за минимална плата ги прогласи за „политичка агенда“

Левица го осуди настапот на премиерот Мицкоски, со кој легитимните синдикални барања за зголемување на минималната плата ги оцени како...

Македонија23 часа

По срамниот настап во Собранието, Џихан Ахмед ја повлече кандидатурата за членка на комисијата за заштита од дискриминација

Џихан Ахмед ја повлече својата кандидатура за член на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, откако нејзиниот настап во...

Македонија24 часа

Независниот полициски синдикат против мешање на политиката и партиите во работничкиот протест

Згрозени сме од мешањето на политиката и поддршката која опозициските партии преку повици и мобилизирање на членството оркестрирано ја даваат...