Свет
Гугл со тужба против руски хакери кои заразиле повеќе од милион уреди

„Гугл“ презеде акција против хакерски операции за кои се верува дека заразиле повеќе од милион уреди.
Технолошкиот гигант ќе ги тужи двајцата Руси кои наводно стојат зад нападот, објави „Сан“.
Станува збор за озлогласен малициозен софтвер познат по преземањето контрола врз оперативните системи Виндоус на компјутерите.
Кога ќе влезе малициозен софтвер, крадците можат да украдат податоци, детали за поединци, но и да користат машина за „минирање“ на криптовалути.
Злонамерниот напад се шири на илјадници уреди на дневна основа.
„Гугл“ соопшти дека ја запрел операцијата на хакирање со отповикување на околу 63 милиони документи на „Гугл“ откриени дека споделуваат „Глуптеб“, повеќе од 1.100 сметки на „Гугл“ и 870 реклами на „Гугл“.
Сепак, „Гугл“ предупредува дека сајбер-криминалците зад нападот презеле чекори за да ја одржат мрежата поврзана.
„Ги разбираме и препознаваме заканите со кои се соочува интернетот и правиме се што можеме за да ги решиме“, изјавија од американскиот технолошки гигант.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Во Албанија активни се 14 пожари, горат големи површини

Албанскиот министер за одбрана Пиро Венгу потврди дека во земјата 14 пожари се уште се активни и зафаќаат големи површини.
Во објава на социјалните мрежи, наведува дека во гаснењето на неколкуте големи пожар на југот на земјата, освен противпожарни единици, армиски, полициски сили и доброволци, вклучени се и хрватски и шведски авион „Канадер“.
Венгу додава дека се очекува пристигнување на два хеликоптери од воздухопловните сили на Обединетите Арапски Емирати, уште еден „Канадер“ од Грција и два хеликоптери од европскиот механизам од Чешка и Словачка.
Свет
Израелското преземање на Газа би предизвикало катастрофа, предупредува Советот за безбедност на ОН

Спроведувањето на израелскиот план за преземање контрола врз градот Газа на истоимената палестинска територија, каде што Израел војува речиси две години, се заканува да предизвика нова катастрофа што би се почувствувала во целиот регион, предупреди денеска високиот функционер на ОН Мирослав Јенча.
Јенча, заменик-генерален секретар на ОН за Европа, Централна Азија и Америка, на вонредната седница на Советот за безбедност на ОН во врска со овој план изјави дека во Појасот Газа се одвива хуманитарна катастрофа од големи размери.
Тој рече дека преземањето контрола врз градот Газа може да предизвика нова катастрофа во целиот Појас, предизвикувајќи понатамошно присилно внатрешно раселување и убивање цивили.
Израелскиот план беше остро осуден од претставникот на Словенија во Советот за безбедност и поранешниот министер за надворешни работи, Самуел Жбогар.
Во говорот во име на Данска, Грција, Франција и Словенија, тој рече дека секој обид за анексија, проширување на воените операции и кршење на меѓународното право дополнително ќе ги изложи на опасност сите цивили во Газа, вклучувајќи ги и преостанатите Израелци, заложници на милитантното исламистичко движење Хамас.
Свет
Силен земјотрес регистриран во западниот дел од Турција

Земјотрес со магнитуда од 6,1 степени е регистриран денеска во западна Турција во регионот Баликесир, соопшти Агенцијата за управување со катастрофи и вонредни состојби при Министерството за внатрешни работи на Република Турција (АФАД).
Земјотресот е почувствуван и во Истанбул и низ целиот регион на Мармара и Егејот.
Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 11 километри, на 52 километри од градот Баликесир.