Свет
Гутереш за масакрот во Газа: Убиството на повеќе од 100 луѓе што чекаа помош бара ефикасна истрага
Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, денеска изјави дека убиството на повеќе од 100 луѓе што чекале хуманитарна помош во Газа е ситуација што бара ефикасна и независна истрага.
Гутереш во Сент Винсент и Гренадини пред самитот на заедницата на државите од Латинска Америка и Карибите изјави дека е шокиран од последниот инцидент во војната меѓу Израел и Газа, пренесува „Ројтерс“.
Генералниот секретар, одговарајќи на прашања за неуспехот на неодамнешната резолуција на Советот за безбедност на ОН, со која се бара прекин на огнот во Појасот Газа, нагласи дека влошувањето на геополитичките поделби го трансформира правото на вето во ефективен инструмент за парализа на Советот за безбедност.
„Апсолутно сум убеден дека ни треба хуманитарен прекин на огнот и безусловно и итно ослободување на заложниците и дека треба да имаме Совет за безбедност способен да ги постигне овие цели“, рече Гутереш.
Претходно, Соединетите Америкснски Држави ја блокираа изјавата на Советот за безбедност на ОН предложена од Алжир и поддржана од арапските земји, која би ги обвинила израелските сили дека отвориле оган врз Палестинците, кои чекале испорака на храна и друга хуманитарна помош во близина на градот Газа и убиле повеќе од 100 луѓе.
Канцеларијата за медиуми на палестинската управа во Газа под контрола на Хамас вчера објави дека во израелските воени напади загинале 104 Палестинци, а ранети се 700 додека чекале камиони со хуманитарна помош во градот Газа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Трамп со порака до демонстрантите во Иран: Продолжете да протестирате, помошта доаѓа
Претседателот на САД, Доналд Трамп, ги поддржа демонстрантите во Иран и ги повика да продолжат да протестираат.
Тој ги откажа средбите со иранските претставници и рече дека американската помош е на пат.
„Ирански патриоти, ПРОДОЛЖЕТЕ ДА ПРОТЕСТИРАТЕ – ПРЕЗЕМЕТЕ ГИ ВАШИТЕ ИНСТИТУЦИИ!!! Запишете ги имињата на убијците и насилниците. Тие ќе платат висока цена. Ги откажав сите средби со иранските претставници сè додека не престане бесмисленото убивање на демонстрантите. ПОМОШТА ДОАЃА. МИГА!!! ПРЕТСЕДАТЕЛ ДОНАЛД Џ. ТРАМП“, објави тој на својот профил на социјалните мрежи Truth Social.
фото/Depositphotos
Свет
Разрешен ураинскиот министер за одбрана
Украинскиот парламент, Врховната рада, го разреши министерот за одбрана Денис Шмихал од должноста, кој треба да ја преземе функцијата министер за енергетика.
265 пратеници гласаа за одлуката, додека пратениците од Европската солидарност и дел од партијата Холос (Глас) се воздржаа, пишува Украинска правда.
Шмихал беше назначен на функцијата министер за одбрана во јули 2025 година. На 9 јануари, парламентот ги прими оставките на Шмихал и Михајло Федоров, првиот вицепремиер на Украина и министер за дигитална трансформација.
Претседателот Володимир Зеленски се сретна со Шмихал на 3 јануари и рече дека очекува парламентот да го одобри неговото назначување на позициите вицепремиер и министер за енергетика.
фото/епа
Свет
Дел од персоналот на француската амбасада го напушти Иран
Неесенцијалниот персонал во француската амбасада го напушти Иран, потврдија за агенцијата „Франс Прес“ два извори запознаени со ситуацијата.
Според нив, персоналот го напуштил Иран во текот на претходните два дена, но не беше објавено колку луѓе заминале.
„Заштитата на нашиот персонал и нашите граѓани е приоритет“, изјави за АФП функционер на француското Министерство за надворешни работи.
Истовремено, три европски земји ги повикаа иранските амбасадори на разговори во врска со репресијата на режимот врз демонстрантите во Иран.
Холандскиот министер за надворешни работи, Давид ван Вил, изјави дека го повикал иранскиот амбасадор „за формално да протестира против прекумерната употреба на сила против демонстрантите, масовните произволни апсења и исклучувањето на интернетот“. Тој додаде дека потегот е направен во координација со европските партнери.
Финска, исто така, го повика иранскиот амбасадор на разговори. Финската министерка за надворешни работи Елина Валтонен изјави: „Иранскиот режим го исклучи интернетот за да може да убива и угнетува во тишина“.
Шпанската министерка за надворешни работи, исто така, го повика иранскиот амбасадор на разговори.
Шпанското Министерство за надворешни работи побара од Техеран да ја прекине блокадата на комуникациите и да ги запре апсењата на демонстрантите.

