Свет
Данок ќе плаќаат и криминалците во Австрија
Криминалците во Австрија ќе мораат да плаќаат данок, чијашто висина ќе се одредува врз основа на износот на затаените пари, пресуди неодамна судот во земјата.
Финансиските власти сметаат дека сите се обврзани да плаќаат данок, независно дали ги стекнале приходите легално или нелегално, бидејќи правењето разлика би довело до нерамноправен третман на граѓаните.
Ова би значело дека и макро, кој принудувал жени на проституција, ќе биде соочен со судска постапка за затајување данок. Судот во Корнојбург неодамна пресуди дека бизнисмен, кој веќе бил осуден за измама, е осуден и на финансиска казна во висина од 50 илјади евра поради затајување данок, а даночните власти редовно ќе покренуваат судење во вакви случаи.
Од данок поштедени се крадците, но не и убијците. Судот смета дека извршителот на убиството е должен да плати данок бидејќи склучил деловен договор.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Нетанјаху: Ќе ги донесеме сите заложници дома
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го коментираше враќањето на првите жени заложнички во Израел.
Тој го поздрави ослободувањето на Роми Гонен, Дорон Штајнбречер и Емили Дамари.
„Овој момент е постигнат благодарение на пожртвуваноста и борбата на нашите херојски борци – хероите на Израел“, пишува Нетанјаху на „Икс“.
„Ветувам: сите ќе ги донесеме дома!“, додаде.
Свет
Tрите девојки кои Хамас ги држеше повеќе од година во заложништво се соединија со своите мајки
На профилот на Израел на „Икс“ објавени се емотивни фотогрфии од средбата на ослободените заложнички со нивните мајки.
Тие денеска се вратија дома, како дел од договорот за прекин на огнот, кој вклучува етапно ослободување на заложниците кои Хамас ги грабна на 7 октомври 2023 година, кога го напдна Израел, по што почна војната во Газа.
There’s nothing stronger than a mother’s embrace ❤️
Welcome home Emily, Doron and Romi 🇮🇱🎗️ pic.twitter.com/FLCc4qgLbz
— Israel ישראל (@Israel) January 19, 2025
Свет
Видео од моментот на преземање на заложничките од страна на израелската војска
Објавена е снимка на која израелската армија ги презема трите заложнички кои денес ги ослободи Хамас, како дел од договорот за прекин на огнот.
Девојките се пренесени во Израел.
🔴Μια στιγμή που δεν θα ξεχάσουμε ποτέ: Η Emily, η Romi και η Doron μεταφέρονται από τον Ερυθρό Σταυρό στους IDF 🇮🇱🎗️❤️ pic.twitter.com/ndH9UJISJC
— Israel in Greece 🇮🇱🇬🇷 (@IsraelinGreece) January 19, 2025
Објавена е и фотографија од заложничката Емили Дамари. Емили има преврзана рака, но изгледа добро расположена.