Свет
Данска ги заостри мерките
Данските власти објавија дека воведуваат нови ограничувања поврзани со јавните собири во 18 општини, вклучително и во главниот град Копенхаген. Одлуката е донесена по неодамнешното зголемување на бројот на заболени од коронавирус.
Од среда, бројот на луѓе кои можат да се соберат на едно место е намален од 100 на 50, објави Би-Би-Си. Работното време во рестораните, баровите и кафулињата ќе биде ограничено до полноќ.
Минатата недела во Данска беа регистрирани повеќе од 1.000 случаи на Ковид-19, што е најголем број на нови случаи во последните неколку месеци.
Регистриран е и зголемен број случаи во Копенхаген, повеќе од 190 заразени од почетокот на месецот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Гувернерот на Калифорнија сака да биде претседател на САД
Гувернерот на Калифорнија, демократот Гавин Њусом, изјави во интервју за „Си-Би-Ес“ дека сериозно размислува за кандидатура за претседател на САД во 2028 година, пренесе „Хина“.
Тој нагласи дека конечната одлука ќе ја донесе по изборите за Претставничкиот дом и Сенатот во 2026 година. „Да, би лажел кога би рекол поинаку“, рече Њусом на прашањето дали планира да се кандидира.
Како што потсетува агенцијата, Њусом оваа година ја зацврсти својата позиција во Демократската партија, особено поради честите судири со актуелниот претседател Доналд Трамп.
Инаку, според Уставот на САД, Трамп нема право на трет претседателски мандат.
Изборите за американскиот Конгрес ќе се одржат во ноември 2026 година.
California Gov. Gavin Newsom says he’s open to a presidential run.
The Democrat and frequent Trump critic said he’ll give serious thought to a White House bid after next year’s midterms. “I’d be lying otherwise,” Newsom said, adding that “fate will determine” his decision and a… pic.twitter.com/uD8OqNrnHE
— CBS Sunday Morning 🌞 (@CBSSunday) October 26, 2025
Регион
„Ројтерс“: Нафтата за Србија заглави во Хрватска, американските санкции го блокираа танкерот на НИС
Американските санкции воведени против Нафтната индустрија на Србија (НИС), која е во мнозинска руска сопственост, ја спречиле клучната испорака на сурова нафта, што може да доведе до запирање на единствената рафинерија во земјата доколку не се обезбедат нови залихи, пренесе „Ројтерс“, цитира „Индекс“.
Според неименувани извори запознаени со ситуацијата, Србија има само уште неколку дена пред рафинеријата на НИС во Панчево да мора да го прекине процесот на преработка на сурова нафта. Од компанијата не дале коментар.
Претседателот Александар Вучиќ уште на 9 октомври предупреди дека рафинеријата, која снабдува голем дел од пазарот со горива, вклучувајќи бензин и авио-гориво, ќе има тешкотии по 1 ноември. Сепак, Вучиќ порача дека складиштата се полни и дека постојните резерви ќе бидат доволни до крајот на годината.
„Нема да има недостиг од сурова нафта, нејзини деривати ниту енергетска криза“, изјави тој минатата недела.
Испораката запрена во Хрватска
Како што наведува „Ројтерс“, танкерот Maran Helios, кој превезувал околу еден милион барели казахстанска сурова нафта (KEBCO) за НИС, пристигнал во хрватското пристаниште Омишал на 9 октомври — токму на денот кога стапиле во сила санкциите. Меѓутоа, товарот никогаш не стигнал до Србија.
Хрватскиот оператор „Јанаф“ соопштил дека до 8 октомври ја испорачал целата нафта што се наоѓала во неговиот систем и била во сопственост на НИС, и дека по тој датум немало нови испораки за Србија.
Ова, според агенцијата, укажува дека казахстанската нафта купена од НИС воопшто не била примена во системот. „Ројтерс“ не успеал да потврди дали товарот, кој бил истоварен во вторникот по две недели чекање пред пристаништето, е складиран во Омишал или препродаден на друг купувач.
Можна енергетска криза во Србија
Блокираната пратка на сурова нафта би била доволна за работа на рафинеријата во Панчево околу десет дена. Иако моменталните резерви се речиси целосни, нивното намалување ќе ја направи Србија сè позависна од увоз.
Русија и Србија, како што наведува „Ројтерс“, се обидуваат да најдат решение со кое би се укинале американските санкции што стапија на сила по истекот на последното изземање.
„За мене тоа не е прашање. Рафинеријата мора да работи, а бензинските пумпи мора да останат оперативни“, изјавила за „Ројтерс“ Надежда Кокотовиќ, поранешна раководителка на канцеларијата на НИС за односи со Европската унија.
Регион
Словенечката влада во криза поради смртта на маж претепан пред локал
Словенечката јавност е потресена поради трагичниот настан во Ново Место, каде што во петокот вечерта 48-годишен маж бил претепан до смрт пред угостителски објект на улицата Розманова.
Според првичните информации, жртвата дошла да го земе својот син, кој претходно ја повикал полицијата поради закани од група млади лица. Полицијата уапсила 21-годишен осомничен од општината Шентјернеј, а како што изјавил Матјаж Штерн од криминалистичката полиција, „поводот бил неколку изговорени зборови“. Против осомничениот ќе биде поднесена кривична пријава за тешки телесни повреди со смртна последица, дело за кое е предвидена казна од 5 до 15 години затвор, пренесува „Индекс“
Директорот на Полициската управа Ново Место, Игор Јуршич, изразил сочувство до семејството и најавил засилено полициско присуство во наредните денови.
„Не очекуваме ескалација, но сме подготвени на сите сценарија“, изјавил Јуршич, пренесува „Индекс“.
Оставки на двајца министри и кризен состанок
Премиерот Роберт Голоб свикал итен состанок на државниот врв, по кој министерката за правда Андреја Катиќ и министерот за внатрешни работи Боштјан Поклукар поднеле оставки. Тие навеле дека заминуваат поради објективна одговорност и желба да придонесат за смирување на напнатата ситуација.
„Секое насилство е неприфатливо. Преземам одговорност и поднесувам оставка“, изјавил Поклукар, додека Катиќ додала: „Секој мора да размисли за својата одговорност – јас тоа го направив“.
Голоб: Луѓето имаат право на безбедност
Премиерот Голоб изразил сочувство до семејството на жртвата и најавил нов пакет законски мерки за подобрување на безбедноста во земјата.
„Луѓето имаат право на сигурност, а тоа право вчера не беше исполнето. Виновникот ќе одговара, но не смееме болката да ја претвориме во омраза или одмазда“, изјавил Голоб, одбивајќи ги повиците на опозицијата за негова оставка.
Остра реакција на опозицијата
Опозициските партии ја обвинија владата за неефикасност. Од СДС порачаа дека премиерот Голоб и неговата коалиција „индиректно ја имаат оваа смрт на совест“, барајќи оставка на целата влада. Сличен став изразија и НСи, како и лидерот на Демократите, Анже Логар, кој изјави дека министерот за внатрешни работи „повеќе нема легитимитет“.
Повик за смиреност и осуда на насилството
Советот за национална безбедност предложил засилено полициско присуство во Ново Место. Државниот секретар Војко Волк истакнал дека „кога некој ќе изврши кривично дело, тоа е криминалец – без разлика дали е Ром или Словенец“.
Претседателката на државата Наташа Пирц Мусар свикала итна седница на парламентот и апелирала трагедијата да не се користи за политички поени.
„Ни треба трезвена и одговорна расправа“, рекла таа.
Реагирале и ромските здруженија – Јожек Хорват Муч, претседател на Советот на ромската заедница, го осудил убиството и повикал на соживот, додека Дарко Рудаш од Форумот на ромските советници нагласил дека „насилството нема националност“ и побарал поголема полициска видливост за сигурност на сите граѓани.

