Свет
Дански закон за вонредна состојба: двојна казна за дела поврзани со Ковид-19, протерување на странските криминалци
Мнозинството дански политички партии поддржаа закон за двојна казна за криминалците кои ја искористуваат епидемијата на новиот коронавирус Ковид-19 за лична корист, пренесува весникот БТ.
По иницијатива на националконзервативната Данска народна партија и Нова десница, оригиналниот предлог-закон беше проширен за да вклучи и протерување на странските криминалци.
Поранешната министерка за имиграција, Ингер Стојберг, потпретседател на либерално-конзервативната партија Венстреи, спонзор на првиот закон, рече дека е задоволна од дополнувањата.
„Верувам дека овој предлог-закон е подобрен со амандманите на Данската народна партија и Нова десница и затоа го поддржуваме“, изјави Стојберг за „Ден корте авис“.
„Мојот главен став, како и оној на Венстре, е дека како странец очигледно имате особена обврска да не извршите кривично дело додека сте во Данска. Затоа, зајакнувањето во оваа сфера е правично и разумно“.
Законот беше поддржан и од владејачката Социјалдемократска партија.
„Слободно можеме да кажеме дека парламентот го најде големиот чекан и го користи против оние што измамуваат“, рече министерот за правда, Ник Хекеруп, за Данското радио.
Сепак, законот наиде и на отпор. Социјаллибералната партија и Црвено-зелената алијанса гласаа против. Алијансата ги поддржува двојните казни, но не се согласува со клаузулата за протерување.
„Не сакаме да ја поддржиме поделбата во општеството. Сакаме да го поддржиме единството против кризата со коронавирусот, сакаме да ја поддржиме солидарноста и затоа гласаме против овој предлог“, рече Сорен Сондергард.
Законот вклучува и построги казни за луѓето што ќе се обидат да ја злоупотребат пакет-помошта тешка милијарди, што владата ја одобри за да им олесни на погодените бизниси и да им помогне да ја надминат кризата. За овој вид кривично дело се предвидуваат четирикратно поголеми казни.
Спорден завршната клаузула, важноста на новиот закон истекува на 1 март 2021 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Зеленски и Трамп разговараа пред новата рунда преговори со Русија
Украинскиот претседател Володимир Зеленски и неговиот американски колега Доналд Трамп разговараа телефонски во пресрет на новите преговори со Русија.
Во објава на мрежата „Икс“, Зеленски соопшти дека со Трамп разговарал за прашањата што ќе бидат тема на утрешните билатерални разговори во Швајцарија. На разговорот присуствувале и специјалниот пратеник Стив Виткоф и зетот на Трамп, Џаред Кушнер.
Зеленски наведе дека разговарале и за подготовките за следните трилатерални мировни преговори меѓу Москва, Киев и Вашингтон, планирани за почетокот на март.
„Очекуваме овој состанок да создаде можност разговорите да се подигнат на ниво на лидери. Претседателот Трамп го поддржува овој редослед на чекори. Тоа е единствениот начин да се решат сите сложени и чувствителни прашања и конечно да се стави крај на војната“, изјави Зеленски.
Тој нагласи дека украинскиот и американскиот тим интензивно работат и им се заблагодари на САД за активното учество во преговорите и напорите за завршување на војната.
Свет
Мексико ја скратува работната недела од 48 на 40 часа
Мексиканскиот парламент усвои уставна реформа со која работната недела постепено ќе се скрати од 48 на 40 часа, при што намалувањето целосно ќе стапи во сила во 2030 година.
Од 2027 година работната недела ќе се намали на 46 часа, а потоа ќе се кратат по два часа годишно сè додека не достигне 40 часа во 2030 година. Властите нагласија дека намалувањето на работното време нема да доведе до намалување на платите.
Реформата беше изгласана со 469 гласа „за“ и без ниту еден „против“. За да стапи во сила, потребно е одобрување и од 17 од 32 регионални парламенти.
Опозициски пратеници ја критикуваа реформата, оценувајќи дека не гарантира доволно денови за одмор. Тие побараа експлицитно да се предвиди два дена одмор по пет работни дена.
Според податоците, Мексико е меѓу земјите со највисоко ниво на стрес поврзан со работата, што беше наведено како аргумент за потребата од повеќе одмор.
Свет
Зеленски: „Дружба“ нема наскоро да биде поправена, Унгарија да се обрати до Русија
Поправката на нафтоводот „Дружба“, преку кој се транспортира руска нафта кон Источна Европа, нема да биде завршена наскоро, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски, и покрај барањата од Европската унија и негодувањето од Унгарија.
Испораките на руска нафта кон Унгарија и Словачка се прекинати од 27 јануари, откако, според Киев, во руски напад била оштетена опрема на нафтоводот во западна Украина. Будимпешта и Братислава, пак, ја обвинуваат Украина за прекинот.
Зеленски изјави дека Русија е целосно одговорна за прекинот поради нападите врз украинската критична инфраструктура и ги отфрли „ултиматумите и политичкиот притисок“.
Тој додаде дека Унгарците треба да се обратат до Русија доколку сакаат решавање на проблемот.
„Унгарците треба да апелираат до Русите за енергетско примирје“, изјави Зеленски.

