Свет
Двајца Канаѓани обвинети за шпионажа во Кина

Двајца канадски државјани, Мајкл Ковриг и Мајкл Спавор, беа приведени во Кина во декември 2018 година. Тие сега се официјално обвинети за шпионажа, пренесува Си-ен-ен.
Ковриг се гони за „шпионирање на државни тајни и разузнавачки информации“, а Спавор за „шпионирање и нелегално откривање на државни тајни“.
Ковриг е поранешен дипломат во Пекинг, а Спавор е основач на компанијата „Пакт“, која го олеснува патувањето во Северна Кореја. Меѓу другите, тој му помогна на кошаркарот Денис Родман да патува во Пјонгјанг и да се сретне со Ким Јонг-ун.
Членови на семејството и пријателите тврдат дека двајцата се затворени во лоши услови.
Гај Сен Жакес, амбасадор на Канада во Кина од 2012 до 2016 година, вели дека Спавор е во притвор во североисточната провинција Дандонг, каде дели ќелија со уште 18 други затвореници, светлата се вклучени 24 часа на ден и тие можат да излезат само 15 минути.
Тој вели дека Ковриг е во Пекинг и дека ниту еден од нив нема пристап до адвокат.
„Постои поголема геополитичка игра помеѓу Кина и САД, а Канада е некаде на средина – и има двајца Канаѓани кои ја плаќаат цената“, рече поранешниот дипломат.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Uncategorized
Заради исклучен доток на гориво во моторите се урнал авионот на „Ер Индија“

Прелиминарниот извештај за несреќата на авионот на компанијата „Ер Индија“, во која минатиот месец загинаа 260 лица, покажа дека три секунди по полетувањето, прекинувачите за гориво на моторите се префрлиле од позиција „вклучено“ во позиција „исклучено“, лишувајќи ги моторите од гориво.
Авионот „Боинг 787- Дримлајнер“ веднаш почнал да губи висина, покажува извештајот објавен од индиските истражители на воздухопловни несреќи.
На снимката од пилотската кабина, може да се слушне како еден од пилотите го прашува другиот зошто го исклучил горивото. Вториот пилот одговорил дека не го сторил тоа, се наведува во извештајот. Не е наведено кој го упатил повикот за помош непосредно пред несреќата, пилотот или копилотот.
И двајцата пилоти биле искусни, со вкупно околу 19.000 часа лет, вклучувајќи повеќе од 9.000 часа во „Боинг 787“.
Префрлањето на прекинувачот во позиција „исклучено“ ги запира моторите речиси веднаш.
Свет
Зеленски: Продолжуваат испораките на оружје од САД

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера изјави дека добил ветување дека Украина ќе добие нови испораки на оружје од САД и европските сојузници, јави ДПА.
-Според сите извештаи, суспендираните испораки на оружје се обновени, рече Зеленски.
ДПА пренесува дека разговорите за продолжување на воената поддршка се планирани за следната недела, меѓу другите, и со американскиот специјален пратеник за Украина, Кит Келог.
-Исто така, подготвуваме нови европски пакети за оружје, рече Зеленски, потенцирајќи дека, исто така, очекува „силни чекори во врска со новите санкции против Русија“.
САД минатата недела накратко воведоа делумно запирање на испораките на оружје што веќе беа ветени.
Регион
Вучиќ: Полицајците не допираат никого, не вознемируваат никого сè додека луѓето не почнат да го кршат законот

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, синоќа изјави дека полицијата реагира како последно средство на блокадите во државата, во согласност со законот и со минимална употреба на сила.
„Тие полицајци…не допираат никого, не вознемируваат никого сè додека луѓето не почнат да го кршат законот и да ги напаѓаат со стапови“, изјави Вучиќ.
Вучиќ истакна во интервју за белградски медиуми, дека студентите во блокада на 15 март не дале „зелено светло“ затоа што некои во државата требало да ја завршат својата работа, а на 28 јуни го направиле тоа „преценувајќи се себеси и потценувајќи ги другите“.
Тие луѓе мислат дека е нормално да му се одземе на некого уставно загарантираното право на движење, тие не се заинтересирани за ништо, тие го прогласиле за легално и не им е гајле, рече Вучиќ.
„Загрижен сум за државата, но што се однесува до партиските, посебни интереси – одлично, можеби до Нова Година, можеби ќе ги изненадам, а потоа ќе распишам избори“, додаде Вучиќ.