Свет
Две лица загинаа во пукање во црква во Алабама

Две лица загинаа, а едно е повредено во пукање во црква во американската сојузна држава Алабама, а напаѓачот е уапсен, соопштија денеска властите.
Пукањето се случило за време на собир на мала група луѓе во епископската црква Свети Стефан во предградието на Бирмингем.
Според капетанот на полицијата Шејн Вар, полицијата излегла на лице место по пријавата дека напаѓачот влегол во црквата и почнал да пука, пренесува АП.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Блокирана американската влада

Владата на САД ја запре работата за прв пат по речиси седум години откако во Сенатот пропаднаа последните обиди да усвои договор за финансирање. Стотици илјади федерални работници чии работни места не се сметаат за суштински за националната безбедност би можеле да бидат отпуштени од работа откако затворањето стапи на сила на полноќ по локално време, објави Скај њуз.
Иако основните услуги како што се исплатата за социјално осигурување и поштенската служба ќе продолжат да работат, тие би можеле да се соочат и со недостиг на персонал. Националните паркови и музеите исто така би можеле целосно да се затворат.
До блокадата дојде откако демократите и републиканците не успеаја да постигнат договор за трошоците за здравствена заштита.
Предлогот од демократите за финансирање на владата не помина, со 47 гласа „за“ и 53 „против“, додека републиканскиот предлог доби 55 гласа – пет помалку од 60-те потребни за да се избегне затворање на владата. За разлика од повеќето закони, законот за финансирање на владата не бара просто мнозинство за да се усвои.
По гласањето, Уредот за управување и буџет на Белата куќа потврди дека ќе има затворање на владата и за ситуацијата ги обвини демократите, чиј став го опиша како „неодржлив“.
фото: принтскрин
Свет
(Видео) Снимен момент кога силниот земјотрес ги погоди Филипините

Најмалку 60 лица загинаа, а повеќе од 140 се повредени во силен земјотрес со јачина од 6,9 степени по Рихтер во централните Филипини, а официјалните лица стравуваат дека бројот на жртви може да се зголеми додека спасувачите ги пребаруваат урнатините на зградите утрово.
Nahulicam sa Cebu bridge during earthquake.. Sep 30, 2025 at 9:59pm! Credits to the owner. Not my cam. #earthquake #cebu pic.twitter.com/Q4Cj47glsk
— _mockingjay (@dadnxtdoor_) September 30, 2025
Земјотресот го погоди брегот на градот Бого во покраината Себу во централниот регион Висајас, кратко пред 22 часот по локално време во вторник, предизвикувајќи прекини во електричната енергија и уривање на згради, вклучувајќи и црква стара повеќе од 100 години.
I can't imagine feeling this!
More CCTV from Cebu as the M6.9 earthquake hit 👀 pic.twitter.com/AvxL9le6nI
— Volcaholic 🌋 (@volcaholic1) September 30, 2025
Моментот на земјотресот е снимен од камера од автомобил.
Европа
Орбан: Европа е посилна од Русија, не знам зошто глумиме дека сме слаби

Унгарскиот премиер Виктор Орбан порача дека Унгарија би соборила руски беспилотни летала доколку влезат во нејзиниот воздушен простор.
Еден новинар го праша дали Унгарија ќе го брани својот воздушен простор доколку руски беспилотни летала го нарушат, намерно или случајно. „Колку што знам, да. Не се плашиме од тоа. Секако дека ќе ги собориме“, одговори унгарскиот премиер.
Орбан го критикуваше „ставот на Западноевропејците“. „Ние (Европа) сме посилни во секоја димензија. Никогаш не сум разбрал зошто, ако сме посилни, зборуваме како да сме слаби. Русија е слаба во споредба со нас, воено слаба, економски слаба и бројно слаба“, рече Орбан во провладино политичко ток-шоу.
Тензиите меѓу НАТО и Москва се зголемија во последните недели. На 10 септември, Полска собори неколку руски беспилотни летала над својата територија. Руски беспилотни летала и ракети ги преминаа границите на европските членки на НАТО неколку пати од почетокот на целосната инвазија на Украина, но овој инцидент го означи првиот пат кога сојузничките сили соборија руски беспилотни летала.
фото: принтскрин