Свет
Деветгодишен шаховски генијалец од Индија ја избори битката да остане во Британија
Деветгодишно момче – шаховски генијалец од Индија, чија борба за останување во Велика Британија привлече внимание од светот, ќе може да остане во земјата, соопшти британската влада.
Шрејас Ројал, кој дошол во Велика Британија со своето семејство кога имал само 3 години, се натпреварувал на меѓународно ниво и станал четврти на Светскиот натпревар кадети во Бразил минатата година. Но, неговото семејство се соочило со тоа што мора да ја напушти Велика Британија, бидејќи работната виза на неговиот татко истекува за еден месец.
Once in a generation chess talent Shreyas Royal allowed to remain in UK. Watch now on @itvlondon pic.twitter.com/wsQkV8kpnr
— Sam Holder (@samholdertv) August 10, 2018
Англиската шаховска федерација и двајца пратеници апелираа до секретарот за внатрешни работи, Сајид Џавид, да му дозволи на семејството да остане, велејќи дека Шрејас бил најголемиот шаховски талент во Британија, каде живеел поголем дел од неговиот живот.
Џавид во петокот рече дека по внимателно разгледување на доказите, донел одлука да му дозволи на момчето и на неговото семејство да останат во Велика Британија.
Отсекогаш сме биле јасни дека сакаме имиграциски систем од светска класа кој ги поздравува високо талентираните лица од целиот свет “, рече тој.
Таткото на момчето, Џитендра Синг, рече дека Шрејас ,,скокнал на софата и почнал да танцува” кога ја слушнал веста.
,,Вчера се пакувавме за да заминеме, мислевме дека мораме да одиме”, рече Синг, проект менаџер на ИТ.
Лондонскиот шаховски клуб Battersea, каде што игра Шрејас им се заблагодари на поддржувачите и рече дека младиот шахист има ,,голема иднина пред него на светската сцена, надевајќи се дека ја претставува Англија”.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Повеќе од 60 непознати вируси откриени во Русија
Повеќе од 60 претходно непознати вируси се откриени во Русија за време на работата за спречување на глобални пандемии, изјави денес генералниот директор на Рускиот центар за биотехнолошки истражувања Александар Агафонов.
„Сакаме да ги откриеме сите вируси што се шират во Руската Федерација. Клучот за нас е да ги пронајдеме не само сите вируси што постојат, туку и оние што се особено патогени за луѓето. Повеќе од 50 федерални единици ни ги испратија своите примероци. Веќе изолиравме над 60 нови вируси и ја проучивме нивната генетска структура“, рече Агафонов, пренесува „Интерфакс“.
Тој истакна дека експертите избрале неколку вируси за да ги проучат нивните биолошки својства.
„Нашата главна задача сега е да утврдиме колку брзо ќе се развијат овие вируси, во што ќе се развијат и дали на крајот ќе се развие сој што ќе има пандемиски својства. Ова е многу сложена задача“, рече Агафонов.
Тој истакна дека наскоро потоа ќе биде можно да се започне со тестирање на прототипови и производство на лекови.
Тој повика на употреба на вештачка интелигенција и невронски мрежи за предвидување на структурите на нови лекови и вакцини.
Свет
Поради штрајк, утре во прекин јавниот превоз и дел од воздушниот сообраќај во Рим
Италијанските синдикати „USB“ и „Orsa“ вечерва најавија почеток на 24-часовен штрајк во компанијата за јавен превоз во Рим, што ќе влијае на градскиот сообраќај на речиси сите линии, а како што е најавено, вработените во „EasyJet“ и „Volotea“ исто така ќе штрајкуваат.
Синдикатите објавија дека се планирани прекини во сообраќајот од полноќ вечерва до зори на 15 ноември, објавува „Република“.
Не се планирани штрајкови во јавниот превоз во другите поголеми италијански градови.
Како што е најавено, штрајкот ќе влијае на ноќниот градски превоз во Рим, од полноќ вечерва, додека линиите на градскиот превоз ќе работат во законски временски интервали.
Штрајкот ќе ги опфати и надземните метро линии.
За време на штрајкот, нема да работат ескалаторите, лифтовите и ескалаторите на отворените метро и железнички станици, како и фискалните каси, физичките и онлајн, шкафчињата за подигање стока и кутиите за велосипеди.
Можни се доцнења и откажувања на летови од страна на „EasyJet“ и „Volotea“, како знак на протест поради условите за работа и недостатокот на заштита.
Синдикатите организираа штрајк барајќи почитување на договорните обврски, а во знак на протест против одбивањето на одмор, сериозниот недостаток на вработени, како и „лошата хигиена“ во неколку објекти управувани од ATAC.
Фото: принтскрин
Свет
ЕУ следната година ќе воведе царински давачки за пакети во вредност помала од 150 евра
Министрите за финансии на Европската Унија денес се согласија да воведат царински давачки во текот на 2026 година за пакети со вредност помала од 150 евра, кои пристигнуваат во 27 земји-членки на Унијата.
Ваквата одлука првенствено ќе ги погоди кинеските онлајн продавачи „Шеин“ и „Тему“, објави Ројтерс.
Првичниот план на Европската Унија беше да се укине ослободувањето од царински давачки за пакети со помала вредност дури во 2028 година.
Сепак, милијарди пакети, кои пристигнуваат во ЕУ главно од Кина, предизвикаа реакција од европските компании и влијаеја врз политичарите да дејствуваат што е можно побрзо и да ја донесат гореспоменатата одлука.
Минатата година, во ЕУ влегоа 4,6 милијарди вакви мали пакети, или повеќе од 145 во секунда, од кои 91 процент потекнуваат од Кина.
Европската Унија очекува тој број да се зголеми, според медиумот.
Фото: принтскрин

