Свет
Девојче од Сирија 45 часа било во унатините крај мртвата мајка, нејзината приказна е драматична
Десетгодишното девојче Рама Ал-Ахмед од болничкиот кревет во северозападна Сирија ја раскажа страшната приказна за тоа како била заробена 45 часа покрај нејзината мртва мајка под тежок бетон, некогаш дел од петкатницата каде што живееле.
Спасувачите ја извлекле Рама од урнатините заедно со нејзиниот шестгодишен брат Зајед и петгодишната сестра Шам, кои преживеале.
„Последното нешто на што се сеќавам беше дека трчав по скалите држејќи ги рацете на сестра ми и брат ми, а потоа целата петкатна зграда се урна над нас“, рече таа.
Another rescue … of a different child named Sham.
Our teams rescued Sham and her siblings, Zaid and Rama, from under the rubble of their house in the village of Meles, west of #Idlib. We had hoped that their mother would be with them, but death preceded us.#Syria #earthquake pic.twitter.com/Dufp7H1ZEM— The White Helmets (@SyriaCivilDef) February 9, 2023
„Бевме заглавени на едно место, а покрај нас беше нашата мајка која умре“, рече Рама во болница во северозападниот сириски град Идлиб, кој е под контрола на бунтовниците.
„Мајка ми умре, но јас и брат ми и сестра ми останавме заглавени. Врескавме и викавме, беше многу темно и страшно“, опиша таа со тивок глас.
„Беше и многу студено“, додаде, пренесува „Индекс.хр“.
Рече дека се молела да умре пред нејзиниот брат и сестра, бидејќи не сакала да ги гледа како умираат пред нејзините очи.
„И тогаш водата дојде до нас и едвај можевме да дишеме“, раскажа девојчето.
„Ги туркав сестра ми и брат ми, но бевме половина во вода. Одеднаш, по многу часови, не знам колку, видов мала светлина што минува. Не можев да викам на глас бидејќи бев уморна“, таа рече.
Рама, нејзиниот брат и сестра беа спасени од Белите шлемови, сириска спасувачка група која со години делува во земјата разурната од војна. Групата објави видео од спасувањето во четвртокот.
„Можев да слушнам еден човек како ни кажува: ‘Тука сум. Доаѓаме да ве спасиме, не плашете се’“, се сеќава Рама.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Зеленски и Трамп разговараа пред новата рунда преговори со Русија
Украинскиот претседател Володимир Зеленски и неговиот американски колега Доналд Трамп разговараа телефонски во пресрет на новите преговори со Русија.
Во објава на мрежата „Икс“, Зеленски соопшти дека со Трамп разговарал за прашањата што ќе бидат тема на утрешните билатерални разговори во Швајцарија. На разговорот присуствувале и специјалниот пратеник Стив Виткоф и зетот на Трамп, Џаред Кушнер.
Зеленски наведе дека разговарале и за подготовките за следните трилатерални мировни преговори меѓу Москва, Киев и Вашингтон, планирани за почетокот на март.
„Очекуваме овој состанок да создаде можност разговорите да се подигнат на ниво на лидери. Претседателот Трамп го поддржува овој редослед на чекори. Тоа е единствениот начин да се решат сите сложени и чувствителни прашања и конечно да се стави крај на војната“, изјави Зеленски.
Тој нагласи дека украинскиот и американскиот тим интензивно работат и им се заблагодари на САД за активното учество во преговорите и напорите за завршување на војната.
Свет
Мексико ја скратува работната недела од 48 на 40 часа
Мексиканскиот парламент усвои уставна реформа со која работната недела постепено ќе се скрати од 48 на 40 часа, при што намалувањето целосно ќе стапи во сила во 2030 година.
Од 2027 година работната недела ќе се намали на 46 часа, а потоа ќе се кратат по два часа годишно сè додека не достигне 40 часа во 2030 година. Властите нагласија дека намалувањето на работното време нема да доведе до намалување на платите.
Реформата беше изгласана со 469 гласа „за“ и без ниту еден „против“. За да стапи во сила, потребно е одобрување и од 17 од 32 регионални парламенти.
Опозициски пратеници ја критикуваа реформата, оценувајќи дека не гарантира доволно денови за одмор. Тие побараа експлицитно да се предвиди два дена одмор по пет работни дена.
Според податоците, Мексико е меѓу земјите со највисоко ниво на стрес поврзан со работата, што беше наведено како аргумент за потребата од повеќе одмор.
Свет
Зеленски: „Дружба“ нема наскоро да биде поправена, Унгарија да се обрати до Русија
Поправката на нафтоводот „Дружба“, преку кој се транспортира руска нафта кон Источна Европа, нема да биде завршена наскоро, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски, и покрај барањата од Европската унија и негодувањето од Унгарија.
Испораките на руска нафта кон Унгарија и Словачка се прекинати од 27 јануари, откако, според Киев, во руски напад била оштетена опрема на нафтоводот во западна Украина. Будимпешта и Братислава, пак, ја обвинуваат Украина за прекинот.
Зеленски изјави дека Русија е целосно одговорна за прекинот поради нападите врз украинската критична инфраструктура и ги отфрли „ултиматумите и политичкиот притисок“.
Тој додаде дека Унгарците треба да се обратат до Русија доколку сакаат решавање на проблемот.
„Унгарците треба да апелираат до Русите за енергетско примирје“, изјави Зеленски.

