Свет
Десетици нови нелегални мигрантски чамци се појавиле на брегот на Довер
Околу 70 нелегални мигранти со брод стигнале во Велика Британија во вторникот во период кога бројот на мигратски преминувања на Ла Манш постави годишен рекорд и покрај тоа што сме само на половина од годинава, пренесува „Дејли мејл“.
Нелегалните мигранти се обиделе да го преминат англискиот канал и покрај маглата пред да бидат изведени на брегот од страна на граничните сили на Велика Британија. Вкупниот број нелегални мигранти кои пристигнале со брод регистрирани оваа година достигна над 2.000, што е нов рекорд, споредено со 1.890 за цела мината година.
Двајца од околу 70 мигранти се обиделе да го премиат Ла Манш од Франција во мало кану од фиберглас.
Откако на 23 март беа воведени строги ограничувања за движење поради пандемијата со Ковид-19, приближно 1.620 мигранти испловија од камповите во Франција кон Велика Британија и покрај извештаите за појава на Ковид во Кале и во Данкирк.
По придружбата до пристаништето Довер, официјални лица за имиграција им даваат маски на мигрантите, но сепак ретко ги тестираат за вирусот. Како реакција на премините, портпаролот на крајбрежната стража рече:
„Крајбрежната стража на Нејзиното Височество се грижи само за зачувување на животите, спасување на оние кои се во неволја и нивно безбедно враќање на брегот, каде што ќе бидат предадени на релевантните служби или надлежни партнери за итни случаи“, додаде тој.
More migrant boats yesterday with landings by UK authorities in Dover and Ramsgate. Clearly, a second port is now being used to prepare for the invasion. Our government says nothing… pic.twitter.com/wNb5e5sdhR
— Nigel Farage (@Nigel_Farage) June 17, 2020
Поранешниот австралиски премиер Тони Абот претходно изјави дека проблемот со нелегалната миграција со чамци ќе трае сè додека британската влада продолжува да ги носи мигрантите на брегот. Тој рече дека наместо тоа, тие треба да бидат испратени назад во Франција, која е безбедна земја од првиот свет и каде, според меѓународното право, бегалците треба да останат.
„Треба да бидете цврсти за да бидете фер, на крајот на краиштата треба да бидете цврсти и да бидете љубезни, а најубавото нешто што можете да направите е да го прекинете бизнисот со шверц на луѓе. Тоа значи веднаш штом наидете на чамец што шверцува луѓе, го запирате и го враќате назад на местото од каде што дошол“, рече Абот.
Лидерот на партијата Брегзит, Најџел Фараж, кој го обелодени фактот дека француската морнарица активно придружува илегални мигранти во британските територијални води, објави дека во вторникот повеќе мигранти биле донесени и на брегот во Рамсгејт, пристаниште на северот на Довер.
„Сега се користи второ пристаниште за да се подготви инвазијата. Нашата влада не кажува ништо“, напиша Фараж на социјалните мрежи.
Секретарот за внатрешни работи, Прити Пател, наводно, се обидува да обезбеди договор со Франција што ќе ѝ овозможи на морнарицата на Велика Британија да ги врати мигрантите фатени во Ла Манш директно назад во Франција, наместо да ги донесе во Велика Британија, каде веројатно нема да се соочат со депортација.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Трамп за Венецуела: Добивме 80 милиони барели нафта од нашиот нов партнер
Американскиот претседател Доналд Трамп ја опиша Венецуела како „сојузник“ на САД во своето обраќање за состојбата на нацијата во вторник, два месеци откако Вашингтон го собори нивниот диктатор Николас Мадуро.
„Тукушто добивме над 80 милиони барели нафта од нашиот нов пријател и партнер Венецуела“, рече Трамп во обраќањето за поранешниот американски ривал. На 3 јануари, американските сили ги уапсија Мадуро и неговата сопруга Силија Флорес во Каракас и ги префрлија во Њујорк, каде што се обвинети за трговија со дрога.
Венецуела оттогаш е во политички превирања. Делси Родригез, која беше потпретседателка под Мадуро, го презеде кормилото на земјата богата со нафта по интервенцијата на САД, а Трамп ја пофали во неколку наврати.
Родригез сега се смета за клучна точка за контакт на владата на САД, особено во преговорите за огромните нафтени резерви на земјата.
Свет
(Фото) Откриена најголемата колонија на корали во светот во близина на Австралија
Тим од мајка и ќерка, и двете граѓански научници ја откри најголемата позната корална колонија во светот покрај брегот на Австралија.
Огромниот корал, пронајден на Големиот корален гребен, се протега по должината на фудбалско игралиште, објавува Си-ен-ен.
Според соопштението од организацијата за заштита „Citizens of the Reef“, коралот е долг околу 111 метри и зафаќа површина од приближно 3.973 квадратни метри. Ова го прави една од најзначајните корални структури некогаш забележани на Големиот корален гребен и претставува најголема документирана и мапирана корална колонија во светот.
Коралот беше откриен кон крајот на минатата година од Софи Калковски-Поуп, координаторка за морски операции на организацијата, и нејзината мајка, Јан Поуп, искусен нуркач и подводен фотограф. Јан Поуп нуркала на местото една недела претходно и почувствувала нешто посебно, па се вратила со својата ќерка и опрема за мерење.
„Штом скокнавме во водата, веднаш сфатив колку е значајно она што го гледаме“, рече Калковски-Поуп. Заедно, тие снимија видео од себе како пливаат низ џиновски корален гребен во форма на буквата J. „Ми требаа три минути видео само за да пливам од едната на другата страна“, додаде таа.
Големината на коралот Pavona clavus беше потврдена со рачни подводни мерења и слики со висока резолуција направени од платформа на површината на водата. Овие податоци потоа беа искористени за да се создаде точен 3D модел на коралот.
Серена Моу, истражувачки инженер во Центарот за роботика на Технолошкиот универзитет во Квинсленд, ја објасни важноста на таквото просторно моделирање. „Тоа значи дека можеме да се вратиме во месеците и годините што доаѓаат и да правиме директни споредби за да разбереме како коралот се менува со текот на времето“, рече таа.
Научниците истражуваат дали специфичните услови на локацијата – силни плимни струи и мала изложеност на тропски циклонски бранови – би можеле да бидат одговорни за постоењето на толку голема корална структура. Точната локација на коралот се чува во тајност за да се намали ризикот од случајна штета.
Свет
Перуанците избираат претседател: дебатата ќе трае шест дена бидејќи има 36 кандидати
Вкупно 36 кандидати за претседател на Перу ќе учествуваат во невидена телевизиска дебата што ќе се одржува во текот на шест последователни дена, објави вчера изборната комисија на јужноамериканската земја. Перуанците излегуваат на гласање на 12 април, а повеќе од 27,3 милиони гласачи ќе го изберат претседателот, 130 пратеници и 60 сенатори.
Пред изборите, поради рекордниот број кандидати, што ја одразува фрагментацијата на политичката сцена во Перу, беше воведен необичен формат за претседателската дебата, пишува Франс Прес.
12 кандидати ќе зборуваат секој ден
Дванаесет кандидати, поделени во групи од по тројца, ќе зборуваат секој ден за време на четири „мини-дебати“, објави Националната изборна комисија (JNE). Секој кандидат ќе се појави двапати во текот на шестдневните телевизиски дебати.
Анкетите моментално покажуваат дека поранешниот десничарски градоначалник на Лима, Рафаел Лопез Алиага, заостанува зад Кеико Фуџимори, уште една истакната личност на перуанската десница и ќерка на поранешниот претседател Алберто Фуџимори. Други кандидати на гласачкото ливче, долго 65 сантиметри, вклучуваат поранешен национален фудбалер, телевизиски комичар и кандидат обвинет за корупција.
Победникот на изборите ќе ја преземе функцијата на 28 јули, наследувајќи го привремениот претседател Хозе Марија Балказар, кој ја презеде функцијата минатата недела откако Хозе Хери беше отповикан. Перу е погодена од хронична политичка нестабилност од 2016 година, при што осум шефови на држави се сменија.

