Свет
Дете во САД почина од грип, мајката слушала антиваксерски совети од група на „Фејсбук“
Едно 4-годишно дете во Колорадо почина од грип бидејќи неговата мајка слушала совети од антиваксерска група на „Фејсбук“, во која ја советувале да не го лекува своето дете со „тамифлу“, јави „Ен-би-ес њуз“.
Фејсбук-групите што шират ативаксерскаа пропаганда станаа извор на лажни информации за многу луѓе што бараат совети за лекување вклучувајќи го и грипот што моментно се шири во Соединетите Американсдки Држави. Една таква група е „Стоп ја задолжителната вакцинација“ (Stop Mandatory Vaccination), која има повеќе од 139.000 члена.
Мајката на починатото дете во оваа група побарала совет за тоа како да се лекува грипот. Нејзиното дете имало температура и напади, но сè уште не му бил дијагностициран грип. Мајката исто така напишала дека другите две од четирите деца имале грип во тоа време и дека нивниот лекар им пропишал „тамифлу“, но таа не сакала да им го даде на децата.
Под објавата на мајката, чие 4-годишно дете подоцна починало, имало 45 коментари. Ниту еден од нив не вклучувал совети да побара лекарска помош. Детето во меѓувреме завршило во болница и починало по четири дена.

Мајката напишала дека го третирала детето природно, односно со масло од пеперминт, витамин Ц и лаванда. Бидејќи тоа не помогнало, таа ја прашала групата што друго може да им даде на децата. Тие ѝ рекле да ги дои своите деца и да им дава боровинки и мајчина душица. Мајката одговорила: „Одлично, ќе пробам со тоа“.
Најавата во меѓувреме е избришана од групата „Стоп за задолжителната вакцинација“, но постарите објавувања покажуваат дека споменатата мајка не ги вакцинирала деца против грип.
Од „Фејсбук“ рекоа дека станува збор за трагедија и дека нивните мисли се со семејството.
„Не сакаме лажни информации за вакцините на ‘Фејсбук’ и затоа работиме напорно за да ги спречиме на платформата, вклучително и во приватни групи“, порачаа од „Фејсбук“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Мерц: Русија сè уште не е подготвена за сериозни мировни преговори
Германскиот канцелар, Фридрих Мерц, изјави дека Русија сè уште не е подготвена за сериозни преговори за мир во Украина, иако западните сојузници се подготвени за дијалог кога ќе има смисла.
Говорејќи за време на Минхенската безбедносна конференција, Мерц го почна излагањето со критика на унгарскиот премиер Виктор Орбан, раскажувајќи за „еден премиер од ЕУ“ кој заминал во Москва без мандат и „не постигнал ништо“. Според него, една недела по таа посета, Украина претрпела некои од најжестоките напади врз цивилната инфраструктура.
„Ако разговорите имаат смисла, ние сме подготвени. Но, како што гледаме и од американска страна – Русија сè уште не е подготвена сериозно да разговара“, рече Мерц.
Тој додаде дека војната ќе заврши дури кога Русија ќе биде барем економски, а можеби и воено, исцрпена:
„Се приближуваме до тој момент, но сè уште не сме таму. Русија мора да се откаже од овој ужасен напад врз Украина, а ние мора да направиме сè што е потребно за да ги доведеме до точка кога повеќе нема да гледаат корист од продолжување на оваа војна“, истакна германскиот канцелар.
Регион
На Мерц му е непријатно оти е закочено членството на Западен Балкан во ЕУ
Германскиот канцелар Мерц во Минхен зборуваше за иднината на проширувањето на Европската унија, откако расправата беше поттикната од прашање на претседателот на Црна Гора.
Тој призна дека чувствува „сè поголема непријатност“ поради тоа што Европската унија не успева да постигне значаен напредок во пристапните процеси со земјите од Западен Балкан и соседството.
„Мораме да осмислиме нова стратегија за да ги доближиме овие земји до ЕУ. Не сакам да ве изгубам“, порача Мерц.
Како главна пречка го наведе принципот на едногласност, со посебен акцент на постојаното блокирање од страна на Унгарија, која ја опиша како „слон во просторијата“. Тој изрази надеж дека ова може да се надмине.
„По изборите што ќе се одржат во април, се надеваме дека ќе можеме да ги отвориме следните поглавја и да ви се приближиме уште повеќе кон Европската унија“, заклучи тој.
Свет
Орбан: На изборите се одлучува за војна или мир
Унгарскиот премиер Виктор Орбан ги претстави претстојните избори на 12 април како избор меѓу „војна и мир“, тврдејќи дека опозицијата ќе ја вовлече Унгарија во војната во Украина.
„За мир, Фидес е сигурен избор“, порача тој.
Владината кампања ги повикува граѓаните да ја потпишат националната петиција за одбивање финансиска помош за Украина, а низ државата се поставени постери кои го прикажуваат лидерот на опозицијата Петер Маѓар како поддржувач на ЕУ и Украина.
Иако партијата Тиса на Маѓар е водечка во анкетите, и таа е воздржана во однос на Украина, најавувајќи референдум за евентуалното пристапување на Киев во ЕУ.
Според анкети, 63 проценти од Унгарците се против европска помош за Украина, а 64 отсто се против членството на Украина во ЕУ.

