Свет
Децата од Парадајс стравуваат дека Дедо Мраз нема да ги пронајде по изгорувањето на домовите
Дедо Мраз во трговски центар во Парадајс, каде што беснееја најсмртоносните пожари во Калифорнија, добива разни барања од децата што сакаат да се им исполнат во новата година. Некои посакуваат нов велосипед, други „ајфон“, трети играчки. Но, многу од нив од Дедо Мраз побараа нешто што не може да им даде – дом.
Американските медиуми деновиве ја пренесоа тажната приказна на децата областа зафатени од најстрашната охнена стихија во Калифорнија, во која загинаа стотина лица.
Во трговскиот центар, кој деновиве е преполн пред празниците со посетители, има и центар за
помош при катастрофи, кој им помага на луѓето што ги загубија своите домови во Кепм Фајр во близина на Парадајс. Родителите што доаѓаат да побараат помош во центарот ги носат и своите деца за да се запознаат со Дедо Мраз.

Џим Хоскинс, или Дедо Мраз од трговскиот центар, вели дека запознал многу деца што ги изгубиле двоите домови во пожарите. „Повеќето од нив се насмеани“, вели тој и покрај трагедијата со која се соочиле.
Тој вели дека сè е во ред додека децата бараат велосипеди, играчки и подароци, но мака му е кога ќе го побараат единственото нешто што неможе да им го даде – а тоа е дом.
„Јас обично им велам дека не можам да го направам тоа за една година. Немам моќ да го направам тоа веднаш, но ќе се потрудам да го добијат“.
Вели дека многу од децата биле загрижени дека Дедо Мраз нема да ги пронајде бидејќи нивните домови изгореа во пожарите. Тој вели дека не треба да се грижат за тоа.
„Им велат да не се грижат и дека имам начин за да ги пронајдам каде се. Тоа ги смирува и ги прави да се чувствуваат посигурно“, вели Хоскинс.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Техеран ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи и објави 40 дена жалост
Иранскиот државен радиодифузер ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи, неколку часа откако САД и Израел соопштија дека тој е убиен во вчерашните воздушни напади, објави „Иран интернешнл“.
Кратко по објавата за смртта на лидерот, иранскиот кабинет објави седумдневен државен празник и 40 дена национална жалост.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.
Фото: ЕПА
Свет
Убиени и ќерката, зетот и внукот на ајатолахот Али Хамнеи, јавуваат иранските медиуми
Ќерката, зетот и внукот на врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, се убиени во нападите, соопшти новинската агенција “Фарс“, која е поврзана со Корпусот на Исламската револуционерна гарда, повикувајќи се на „добро информирани извори“ во канцеларијата на врховниот лидер, објави вечерва „Би-Би-Си“.
„Фарс“, исто така, соопшти дека „една од снаите на ајатолахот Хамнеи е исто така убиена во нападите“.
Извештаите за смртта на снаата и зетот на Хамнеи претходно циркулираа, но подоцна беа демантирани.
Иранските власти сè уште официјално не ја потврдија смртта на самиот врховен лидер на Иран.
Фото: ЕПА
Свет
(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи
Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али Хамнеи, објави на социјалните мрежи „Иран интернешнл“.
Видео од Техеран покажува насмеани луѓе излезени на улица откога ја добиле веста дека Али Хамнеи е убиен.
Во Караџ голем број граѓани танцуваат на улица, а жителите пак на Бандар Абас се излезени на улиците со автомобили и слават со сирените.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.

