Свет
Директорот на рускиот истражувачки центар: Вакцините може да се приспособат на новите видови коронавирус
Вакцините против коронавирусот може да се променат бргу во иднина доколку се појават нови видови, без спроведување претклинички и клинички тестови, изјави генералниот директор на рускиот Државен истражувачки центар за вирусологија и биотехнологија „Вектор“, Ринат Максјутов.
„Вакцините се формулираат годишно врз основа на податоците за циркулацијата на видовите на вирусот на грип со цел да се утврди дали е потребна промена“, рече Максјутов.
Тој додаде дека во зависност од платформата што се користи против коронавирусот промената може да се изврши бргу, без да се повторат тестовите и за овој вирус.
„Реално, ситуацијата ќе биде појасна со текот на времето“, додаде овој експерт, објави ТАСС.
Претходно, Дарија Јегорова од Истражувачкиот центар „Гамалеја“, изјави дека состојбата со мутациите и видовите на новиот коронавирус предизвикува голема загриженост кај научниците и дека е потребно постојано да се следи состојбата и да се провери ефикасноста на постојните вакцини.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
40 ранети во Израел, двајца критично

Вкупно 40 лица побарале медицинска помош по вечерашниот ирански ракетен напад врз Израел, соопштија локалните здравствени служби. Двајца од повредените се во критична состојба.
Најголем број пациенти се лекуваат во болницата Ичилов во Тел Авив – 18 лица.
Според лекарите, пријавените повреди вклучуваат рани од шрапнели, вдишување чад и состојба на шок.
Свет
Израелската војска: Иран истрела помалку од 100 балистички ракети, повеќето ги пресретнавме

Портпаролката на израелската војска, Ефи Дефрин, рече дека помалку од 100 балистички проектили биле истрелани од Иран кон Израел.
Дефрин рече дека „повеќето од ракетите биле пресретнати од воздушната одбрана или паднале пред да стигнат до израелска територија“.
„Регистрирани се ограничен број погодоци на згради, а дел од штетата е предизвикана од фрагменти од пресретнати проектили“, додаде тој.
Според израелските медицински служби, во нападот биле ранети 40 лица.
Свет
Нетанјаху: Ова е можност за иранскиот народ да се спротивстави на режимот

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вечерва и порача на јавноста дека можат да ги напуштат засолништата, откако новиот бран ирански ракети прелета над израелска територија.
„Иранскиот режим никогаш не бил послаб. Ова е можност за иранскиот народ да се спротивстави на режимот“, рече Нетанјаху во вечерашното обраќање.
Тој директно им се обрати и на граѓаните на Иран: „Јас сум со вас, израелскиот народ е со вас“, рече тој.
Министерот за одбрана на Израел, Израел Кац изјави дека Иран „ја преминал црвената линија со лансирање ракети кон израелските цивилни области“ и најави: „Техеран ќе плати висока цена“.
Оваа иранска одмазда следеше по израелските воздушни напади на иранска територија, при што беа погодени нуклеарни постројки и беа убиени високи команданти и научници.