Свет
Долниот дом на Австралија го усвои законот за забрана на социјалните мрежи за деца под 16 години

Долниот дом на австралискиот парламент усвои закон со кој може да се воведе забрана на социјалните мрежи за деца под 16 години, што претставува една од најстрогите контроли на социјалните мрежи во светот, пренесува „Ројтерс“.
Законот е усвоен со 102 гласа „за“ и 13 „против“, а се очекува набргу Сенатот да го разгледа за да биде усвоен пред крајот на парламентарната година.
Премиерот Ентони Албанес, кој е за овој закон, тврди дека прекумерната употреба на социјалните мрежи го загрозува физичкото и психичкото здравје на децата.
Законот ќе бара од социјалните мрежи да имплементираат систем за проверка на возраста, со можност за казна од 32 милиона долари за непочитување.
Иако „Гугл“ и „Мета“ побараа одложување на законот додека не заврши тестирањето на системот за проверка на возраста, јавноста го поддржа законот, а родителските групи го гледаат како клучна мерка за заштита на децата.
Анкетите покажаа дека 77 отсто од Австралијците ја поддржуваат забраната, а противниците на законот ги наведуваат прашањата за приватноста и слободата на изразување.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
(Видео) Жена се породи на улица, болницата евакуирана по силниот земјотрес

Жена се породи на улица во Бангкок вчера, откако болницата во која се наоѓала била евакуирана поради силниот земјотрес во Мјанмар.
Таа лежела на носилка, опкружена со медицински персонал кој и помогнал да се породи на отворено.
Поради земјотресот, евакуирани се повеќе болници.
Footage during the earthquake in #Bangkok a baby was born in the park 😭 Waht a story to tell ‘’ I was born during the earthquake ‘’ #แผ่นดินไหว #earthquake #myanmarearthquake #bangkokearthquake #ตึกถล่ม pic.twitter.com/7E0FdzfPEf
— Miia 🩵 (@i30199) March 28, 2025
Пациентите биле преместени во блискиот парк, вклучувајќи ги и оние на носилки и во инвалидски колички. Вработените во болницата продолжија да се грижат надвор, пред зградите на установата.
Земјотресот што го погоди Мјанмар беше еден од најразорните во последните сто години.
Според Геолошкиот институт на САД (USGS), епицентарот бил на 17 километри од Мандалеј. Бројот на загинати се искачи на повеќе од 1.000, а спасувачите се уште трагаат по преживеани под урнатините. Воената хунта прогласи вонредна состојба и повика на помош, додека ОН потврдија дека се во контакт со властите.
Свет
Луѓе заробени под урнатините по земјотресот: „Се’ уште викаат и бараат помош“

Во Мандалеј спасувачите се обидуваат да стигнат до седум лица затрупани под урната зграда.
Еден од членовите на спасувачката екипа изјави дека во текот на ноќта успеале да извлечат 50 лица од зградата.
Поминаа повеќе од 24 часа од земјотресот што ја погоди областа во близина на вториот по големина град во Мјанмар, а штетите се сразмерни на разурнувањата.
„Сè уште се обидуваме да ги извлечеме заробените, но ни требаат големи машини. Тие сè уште врескаат, ги слушаме нивните гласови, но не знаеме каде се“, рече спасувачот.
„Ако добиеме поддршка и тешка механизација, можеме да ги отстраниме урнатините и да ги извлечеме заробените луѓе“, додаде тој.
Oбјавена е и снимка од огромен расцеп на земјиштето во Мандалеј.
MASSIVE ground rupture/crack has appeared in Myittha, Mandalay Region, following the powerful M7.7 earthquake in Myanmar 😱👀 pic.twitter.com/vFlPet0XPH
— Volcaholic 🌋 (@volcaholic1) March 28, 2025
Според последните информации, бројот на загинати во разорниот земјотрес од 7,7 степени според Рихтер, надмина 1.000 лица.
Свет
(Видео) Поплави во Тексас, има загинати

Најмалку три лица загинаа, а повеќе од 200 се спасени по силното невреме и поплавите во јужен Тексас, објавија американските медиуми.
Спасувачките напори продолжуваат откако невремето зароби многу жители во нивните домови и ги принуди возачите да ги напуштат своите автомобили на поплавените улици и патишта, јавува АП.
#WATCH : Cars submerged, hospital flooded during Texas torrential rainfall.
Severe flooding swept South Texas and cities across the border in Mexico on Thursday, as half a year’s rainfall drenched the region in less than two days. #Mexico #Texas #Rain #Flood pic.twitter.com/Ig5KWhPeRB
— upuknews (@upuknews1) March 28, 2025