Свет
Доналд Трамп објасни зошто го отпуштил Рекс Тилерсон
Несогласувањата со Рекс Тилерсон и сличниот начин на размислување со Мајк Помпео е причината поради која Доналд Трамп одлучил да го замени Тилерсон, а на функцијата државен секретар на САД да го постави Помпео, кој досега беше директор на ЦИА.
„Со Тилерсон добро се разбиравме, но имавме разлики за некои прашања“, рече американскиот претседател и го критикува договорот за Иран за кој лично сметал дека бил ужасно подготвен.
Што се однесува до Помпео, Трамп го пофали новиот државен секретар за неговата, како што рече, силна енергија и огромна интелигенција. Според зборовите на американскиот претседател, тие отсекогаш биле блиску еден до друг и отсекогаш имале добри односи, а тоа е причината за назначувањето.
Американскиот телевизиски канал „Фокс њус“ се обидел да стапи во контакт со Тилерсон, но од неговиот заменик Стив Голдстајн дознале дека поранешниот државен секретар нема поим што е причината за да биде ослободен од функцијата.
Од друга страна, неговиот заменик на функцијата, Помпео, испрати порака до медиумите, во која се заблагодари за довербата.
„Длабоко сум му благодарен на претседателот Трамп за тоа што ме избра за директор на ЦИА и за можноста отсега да служам како државен секретар. Неговото водство ја направи Америка посигурна и со нетрпение очекувам да го застапува него и американскиот народ пред светот и да ѝ помогне на Америка да напредува“, порача Помпео.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.
Свет
Зеленски: Русија ја нападна Украина со повеќе од 450 дронови и 45 ракети, повредени се и деца
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека Русија ја нападнала Украина од полноќ со повеќе од 450 дронови и 45 различни видови ракети.
– Во тек е спасувачка операција во Дњепар. Русија ноќеска го гранатираше градот, погодена е станбена зграда. Досега е познато дека се повредени 11 лица, вклучувајќи деца. За жал, едно лице почина. За жал, едно лице почина и во регионот Харков, има жртви во регионот Киев и Полтава, информира Зеленски во објава на Фејсбук.
Според него, руските сили ги нападнале и регионите Дњепропетровск, Кировоград, Николаев, Суми и Чернихив.
– Целите на терористите се непроменети, обичниот живот, станбените згради, нашата енергија, инфраструктурата. Прашањето е во ресурсите за убивање, за парите – потребни се санкции за да се лиши Русија од можноста да ја продолжи војната што ја почна и што се влече. Ги цениме сите чекори што нашите партнери веќе ги презедоа, но руските напади покажуваат дека притисокот мора да биде посилен, нагласи Зеленски.
Свет
Жена во Хрватска го уби мажот со нож
Рано утрово во Селница Шќитарјевска во близина на Велика Горица, Хрватска, 40-годишна жена убила 52-годишен член на семејството, соопшти полицијата.
Според првичните информации, мажот најверојатно бил убиен со остар предмет. Како што неофицијално пренесе Индекс.хр, жртвата бил сопругот.
Осомничената е под надзор на полицијата, а на местото на настанот во тек е истрага која ќе ги утврди околностите за ова тешко кривично дело.

