Свет
До декември уште 134.000 лица во САД би можеле да починат од Ковид-19
До декември уште 134.000 лица во САД би можеле да починат од Ковид-19, доколку не се воведат дополнителни мерки за превенција, додека актуелната состојба со пандемијата значително би се влошила доколку се олеснат мерките што во моментов се во сила. Ова се наведува во истражувањето на Институтот за здравствена проценка на Универзитетот во Вашингтон.
Директорот на институтот Крис Мари за Си-ен-ен изјави дека околу 70.000 животи би можеле да бидат спасени во САД доколку Американците носат повеќе заштитни маски.
Од почетокот на пандемијата со коронавирусот во САД се пријавени најмалку 176.000 смртни случаи. Според предвидувањата на Институтот, освен ако не се случи промена во начинот на кој американските власти се борат со пандемијата, бројот на загинати и во текот на есента ќе продолжи да расте и до 1 декември ќе достигне околу 310.000 смртни случаи.
Оваа бројка би можела да се намали за околу 70.000 доколку многу поголем број Американци носат заштитни маски. За таков резултат неопходно е околу 95 отсто од американското население да носи маски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.

