Свет
Драматични снимки: голем пожар на гасовод кај Куала Лумпур, повредени најмалку 63 лица
Најмалку 63 лица се згрижени во болница во Малезија кога избувна голем пожар на гасовод со кој управува државната енергетска компанија „Петронас“, соопштија властите, додека продолжуваат напорите за контрола на пожарот и евакуација на жителите, објави „Ројтерс“.
KEBAKARAN Saluran Paip Gas Petronas, Bukan Stesen Minyak, Penduduk Sekitar Dipindahkan
Berikut kenyataan pihak SSOC:
SMART SELANGOR OPERATION CENTRE (SSOC)
KEJADIAN KEBAKARAN PIPE LINE GAS DAERAH PETALING
Tarikh : 1 April 2025
Lokasi : Stesen Minyak Petronas Putra Heights… pic.twitter.com/TRVmCxSqj0— MYNEWSHUB (@mynewshub) April 1, 2025
Пожарот избувна во вторникот наутро во градот Пучонг, во државата Селангор, на периферијата на главниот град Куала Лумпур, а хоспитализираните добија изгореници, респираторни проблеми или други повреди, соопштија властите.
Petronas Putra Heights Avenue 🔥#petronas #fire Can be seen in front of my housing area. pic.twitter.com/nY6zA8W9u2
— white island 🕊️🫒🌲 (@fizasyaza) April 1, 2025
„Гасоводот е изолиран“, соопштија од „Петронас“.
Противпожарната служба додаде дека компанијата затворила вентил на дел од гасоводот долг 500 метри и дека 49 дома во областа се зафатени од пожарот.
Petronas Dagangan Berhad says that the video circulating online regarding the fire incident in Putra Heights did not occur at any Petronas station.
However, the nearby stations – PS Putra Heights, PS KM2 LDP and PS Putra Bestari – have been temporarily closed as a… https://t.co/idsEKAedOP pic.twitter.com/qFxwExOoJc
— BFM News (@NewsBFM) April 1, 2025
Нема информации за загинати, но сè уште не е познат целосниот обем на повредени и штети. Властите претходно соопштија дека некои луѓе се заробени во своите домови.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Данската премиерка: Нема да го продадеме Гренланд и покрај заканите од САД
Премиерката на Данска, Мете Фредериксен, изјави дека Копенхаген нема да се откаже од Гренланд поради американските закани за царини кои имаат за цел да ја принудат продажбата на островот.
Коментирајќи ја можноста ЕУ да воведе реципрочни мерки против САД, Фредериксен рече дека трговската војна меѓу сојузниците е „многу лоша идеја“, објави „Ројтерс“.
Иако се надеваше дека мерки како што е таканаречената „трговска базука“ можат да се избегнат, таа рече дека Европа мора да најде одговор ако САД воведат царини.
Сепак, Фредериксен посочи дека би претпочитала да се справи со безбедносните загрижености на САД со соработка. Таа рече дека Копенхаген предложил потрајно безбедносно присуство на Арктикот за таа цел.
фото/Depositphotos
Свет
(Видео) Макрон со очила за сонце одржа говор во Давос: Се движиме кон свет без правила
Францускиот претседател, Емануел Макрон, им се обрати на учесниците на Светскиот економски форум во Давос, велејќи дека ова треба да биде време на мир, стабилност и предвидливост, што предизвика смеа во салата.
Тој рече дека е очигледно дека светот влегува во период на „нестабилност и нерамнотежа“, и безбедносна и економска, предупредувајќи на „поместување кон автократија“ и војни низ целиот свет во текот на 2024 година.
„Конфликтот стана нормализиран“, заклучи Макрон, кој им се обрати на присутните со очила за сонце што ги носеше јавно во последните денови поради инфекција на окото.
Во својот говор во Давос, Макрон предупреди дека светот влегува во период на длабока нестабилност и дека постои закана од „движење кон свет без правила“, во кој меѓународното право се повеќе се „гази“ и преовладува правото на посилниот. Тој оцени дека ова е „многу загрижувачко време“, директно предупредувајќи за агресивната надворешна политика на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп.
Зборувајќи за трговските односи, Макрон рече дека конкуренцијата од Соединетите Американски Држави во склучувањето договори што „ги поткопуваат нашите извозни интереси, бараат максимални отстапки и отворено имаат за цел да ја ослабат и потчинат Европа“, во комбинација со, рече тој, „бесконечното акумулирање на нови тарифи“, е „фундаментално неприфатливо“ за Европа.
„Уште посериозно е кога тарифите се користат како лост за притисок врз територијалниот суверенитет“, рече тој.
Американскиот претседател Доналд Трамп утрово јавно сподели порака што ја добил од Макрон, во која предлага состанок на Г7 на самитот во Давос во Швајцарија. Трамп, исто така, рече дека ќе воведе царина од 200 проценти на францускиот шампањ и вино ако е вистина дека Макрон не сака да се приклучи на неговиот „Комитет за мир“.
Извор близок до францускиот претседател утрово изјави дека заканите на американскиот претседател за воведување царина од 200 проценти на францускиот шампањ, поради намерата на Франција да ја отфрли неговата покана за учество во таканаречениот „Комитет за мир“, се неприфатливи.
фото/епа
Свет
Лавров: Трамп знае дека Русија нема никаква врска со Гренланд
Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, рече дека „воопшто не се сомнева“ дека Вашингтон знае дека Русија „нема никаква врска“ со Гренланд.
Тој додаде дека „нема докази“ дека Русија има намера да го окупира Гренланд.
Лавров, исто така, истакна дека Москва ќе продолжи да ја следи „сериозната геополитичка ситуација“.
Рускиот шеф на дипломатијата денес изјави и дека Гренланд „не е природен дел“ од Данска и дека прашањето за поранешните колонијални територии станува сè порелевантно.
Тој истакна дека Русија нема планови поврзани со Гренланд, но дека ја следи „сериозната геополитичка ситуација“ околу островот. Додаде дека НАТО треба да одлучи за Гренланд во рамките на алијансата.
фото/Depositphotos

