Свет
Драматично видео: патник во авион извикувал „Алах акбар“ и дека има бомба
Храбар патник успеал да совлада човек што извикувал во авионот дека има бомба. Инцидентот се случил вчера на лет со „Изиџет“ од Лутон до Глазгов.
Драматичен инцидент што се случи во утринските часови доведе до принудно слетување преполн авион на аеродромот во Глазгов.
Напаѓачот потоа беше врзан со лисици и шест полицајци го извлекоа од авионот, а преплашените патници останаа во солзи.
На видеото се слуша како напаѓачот вели: „Сакав да му испратам порака на Трамп… тој е во Шкотска“.
View this post on Instagram
Американскиот претседател моментно е во посета на таа земја и бил виден како игра голф за време на викендот.
Еден очевидец рекол дека одеднаш се разбудил околу 8 часот наутро, помалку од еден час по полетувањето од Лутон, кога еден човек излегол од тоалетот на задниот дел од авионот и почнал да прави врева.
„Излезе од тоалетот викајќи: „Алаху акбар“ со рацете кренати над главата. Потоа рече: „Имам бомба, имам бомба“ – во тој момент луѓето беа збунети. Мислев дека се шегува, мислам, тоа е чудна шега“, рече патникот.
Тој рече дека човекот ги турнал вработените во авиокомпанијата и се однесувал агресивно кон нив.
„Кога ги турна, тогаш сè се промени. Во тој момент еден човек успеа да го зграби и да го собори на подот, а потоа сите скокнаа врз него. Се бореа малку на подот, но тогаш веќе знаееше дека згрешил“, рече патникот.
„Пилотот објави дека ќе направи итно слетување и многу бргу го спушти авионот. Некои патници плачеа затоа што беа потресени. Сè беше малку нереално“, додал тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Сали и Бегај разговараа за политичката состојба и европската интеграција на двете земји
Првиот заменик‑претседател на Владата, Беким Сали, оствари официјална средба со Претседателот на Република Албанија, Бајрам Бегај, на која се дискутираше за актуелната политичка ситуација и за соработката помеѓу двете земји.
За време на средбата, двете страни разменуваа мислења за политичките случувања и за продлабочувањето на институционалната соработка помеѓу Северна Македонија и Албанија.
Првиот заменик‑претседател на Владата, Сали, истакна дека Албанците во Северна Македонија се претставени на најдобар можен начин, играјќи активна и конструктивна улога во државните институции, придонесувајќи во донесувањето одлуки и во клучните процеси кои се поврзани со стабилноста, демократскиот развој и европската перспектива на земјата.
На средбата беше нагласено дека Република Северна Македонија и Република Албанија, покрај тоа што се соседни и пријателски земји, имаат и заеднички аспирации во процесот на европска интеграција.
Свет
Две жртви во трамвајската несреќа во Милано, истрагата насочена кон возачот
Во тешка несреќа во Милано загинаа две лица, а 39 се повредени откако трамвај излета од шините и удри во зграда на улицата „Виале Виторио Венето“, во близина на „Порта Венеција“.
Една од жртвите е 60-годишен пешак кој останал приклештен под возилото, додека вториот загинат е патник кој починал во болница од здобиените повреди.
Истрагата е насочена кон возачот, кој наводно изјавил дека му се слошило непосредно пред несреќата. Се проверува можноста за ненадејна здравствена состојба, особено затоа што трамвајот ја прескокнал последната станица пред свиокот. Првичните проверки не покажале технички дефект.
Градоначалникот на Милано, Џузепе Сала, изјави дека најверојатно причината не е механички проблем и дека станува збор за ново возило управувано од искусен возач. Отворена е истрага.
Несреќата предизвика реакции од италијанските власти, кои изразија сочувство и најавија целосно утврдување на околностите.
(Видео) Трамвај излета од шините во Милано: загина пешак, речиси 40 повредени
Свет
Бил Клинтон сведочеше за Епстин: Ништо не видов и не направив ништо погрешно
Поранешниот американски претседател Бил Клинтон сведочеше пред Одборот за надзор на Претставничкиот дом во рамки на истрагата за починатиот финансиер и осуден сексуален престапник Џефри Епстин.
Во воведното обраќање, Клинтон изјави дека ништо не видел и дека не направил ништо погрешно, нагласувајќи дека неговото познанство со Епштајн било кратко и завршило години пред злосторствата да станат јавни.
„Знам што видов и, уште поважно, што не видов. Знам што направив и, уште поважно, што не направив. Не видов ништо и не направив ништо погрешно“, рече Клинтон. Тој најави дека на дел од прашањата веројатно ќе одговори со „не се сеќавам“, бидејќи од неговите контакти со Епстин поминале повеќе од 20 години.
Сведочењето се одржува зад затворени врати во Њујорк, но се снима и најавено е објавување на снимката. Претходно сведочеше и неговата сопруга Хилари Клинтон, при што расправата меѓу демократите и републиканците доби и политичка димензија.
Демократите побараа и актуелниот претседател Доналд Трамп да сведочи, тврдејќи дека неговото име често се појавува во документите поврзани со случајот. Трамп негира каква било поврзаност со злосторствата на Епштајн.
Фото: Depositphotos

