Контакт

Свет

Драма во Вимблдон: автомобил влета во основно училиште, има повредени

Објавено пред

Неколку лица се повредени кога автомобил удри во зграда на основно училиште во Вимблдон, југозападен Лондон.

dobivaj vesti na viber

Полицијата соопшти дека полицајците биле повикани во основното училиште „Камп Роуд“ непосредно пред 10 часот по локално време.

На неколку лица им била укажана помош на местото на настанот поради повреди.

„Има повредени. Очекуваме дополнителни информации за повредените. Полициски службеници остануваат на самото место. Овој инцидент е во тек“, соопштија од полицијата.

Лондонската противпожарна бригада соопшти дека и таа е таму и испратила противпожарни и спасувачки возила.

Свет

Лавров: Одобрувањето на украинските напади од долг дострел е договорено одамна

Објавено пред

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, коментира дека изјавите на германскиот канцелар Фридрих Мерц за одобрување на украинските напади врз Русија со европско оружје со долг дострел укажуваат на тоа дека одлуката да се дозволат такви напади е донесена многу одамна.

dobivaj vesti na viber

Мерц еден ден претходно рече дека повеќе нема никакви ограничувања за дострелот на оружјето што и го доставуваат на Украина Велика Британија, Франција, Германија и САД.

Лавров оцени дека овие изјави укажуваат на типот на луѓе кои дошле на власт во водечките европски земји и сугерираше дека одлуката да се дозволи далечен удар против Русија била донесена пред извесно време, но била чувана во тајност.

Запрашан за изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп за Русија, Лавров рече дека претседателот покажува емоции бидејќи гледа дека европските политичари ги саботираат неговите напори за мир во Украина.

Германскиот канцелар Фридрих Мерц потврди во понеделникот дека главните сојузници на Украина, вклучително и Германија, ќе го укинат ограничувањето на опсегот на оружје испратено во Киев.

„Тоа значи дека Украина, на пример, сега може да се брани со напади на воени позиции во Русија, што не го правеше извесно време, со неколку претходни исклучоци. Сега може“, рече Мерц.

Кремљ ја оцени изјавата на Мерц за одлуката на голем број европски земји да ги укинат ограничувањата за дострелот на ракетни напади на Киев на руска територија како „многу опасна“ и „спротивна на аспирациите за постигнување политичко решение“.

Прикажи повеќе...

Свет

Смртоносна епидемија во Велика Британија: сомнежите се дека изворот е сезонско овошје

Објавено пред

Пет лица беа хоспитализирани, а најмалку 20 се разболеа, вклучувајќи 13 мали деца, од редок вид бактерија што предизвикува дијареја, соопштија британските власти.

dobivaj vesti na viber

Случаите на инфекција не се ограничени само на одредена област на Велика Британија, туку се пријавени во целата земја, соопштија здравствените и безбедносните надзорници.

Изворот на инфекцијата сè уште не е откриен, но се сомнева дека станува збор за сезонско овошје, објави „Дејли мејл“.

Претходно, сојот, познат како салмонела сенпол, беше поврзан со епидемија во 2023 година, во која беа вклучени увезени дињи. Во тоа време повеќе од 90 луѓе беа заразени.

„Во моментот нема докази дека дињата е извор на оваа епидемија“, велат официјалните лица.

Салмонелата е група на бактерии што ги инфицираат цревата на домашните животни и обично влијаат на месото, јајцата и на живината. Предизвикува болест и треска, кои исчезнуваат за неколку дена. Сепак, исходот може да биде фатален.

Во просек потребни се од 12 до 72 часа за да се развијат симптомите по внесувањето заразна доза салмонела.

Во посериозни случаи заразените лица имаат потреба од долга и интензивна болничка нега бидејќи дехидрацијата предизвикана од болеста може да биде опасна за животот.

Од 25-те случаи, сите регистрирани помеѓу 20 февруари и 4 март, шест се регистрирани во северозападна Англија, четири во западен Мидлендс, три во југозападен дел и два во источен дел од Англија.

Источен Мидлендс, Североисток, Лондон и Југоисточниот Регион регистрираа по еден случај.

По два случаја беа потврдени во Северна Ирска и Велс, како и по еден во Шкотска.

Пациентите погодени од болеста биле во просек на возраст од пет години, но имало и бебиња и луѓе над 88 години. Од нив, 16 беа жени, а девет беа мажи.

Гаури Годбол, заменик-директор за гастроинтестинални инфекции во Агенцијата за здравствена безбедност на Велика Британија (UKHSA), изјави: „UKHSA истражува епидемија на салмонела и не се идентификувани случаи од март 2025 година“.

Гастроинтестиналните бактерии, како што е салмонелата, може да се шират од човек на човек, како и преку храна, па затоа секој што има дијареја или повраќање треба добро да ги мие рацете по користење тоалетот и да избегнува ракување со храна или подготовка на храна за други кога тоа е можно.

„Избегнувајте враќање на работа или испраќање болни деца во училиште или градинка најмалку 48 часа по исчезнувањето на симптомите“, предупредија официјалните лица.

Прикажи повеќе...

Свет

Руски хакери ги нападнале мрежите на НАТО и неколку европски земји, објавија холандските разузнавачки служби

Објавено пред

Непозната руска хакерска група е одговорна за минатогодишните напади врз мрежите на холандската полиција, НАТО и неколку европски земји, објавија холандските разузнавачки служби.

dobivaj vesti na viber

Групата, наречена „Ландри бер“ од безбедносните агенции, многу веројатно е поддржана од руската држава, соопштија холандските служби за општа разузнавање и воено разузнавање во заедничко писмо до парламентот.

„Сајбер-нападите врз холандските институции се дел од поголема меѓународна сајбер-закана што ја претставува хакерска група“, се вели во соопштението на службите за резултатите од нивната истрага.

Групата дејствувала незабележано сè додека не била откриена дека спроведува хакерска операција во септември 2024 година, со која успешно добила пристап до доверливи податоци за холандските полицајци, се вели во соопштението. „Ландри бер“ исто така вршела сајбер-шпионажа врз компании што произведуваат софистицирана технологија до која Русија е тешко достапна со оглед на западните санкции воведени поради војната во Украина, соопштија агенциите.

„Истрагата исто така открива дека ‘Ландри бер’ е одговорна за сајбер-операции против западните влади и други институции почнувајќи најрано од 2024 година“, се додава во соопштението. Групата се обидела да собере информации поврзани со „набавката и производството на воена опрема од страна на западните влади и испораките на западно оружје во Украина“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија9 минути

„Ер тракторите“ се на сервис, недостигаат пилоти и опрема – Ангелов верува дека ќе се справи со слабостите во ДЗС

Новоназначениот директор на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов, пред новинарите зборуваше за агонијата со којашто се соочува оваа...

Македонија2 часа

Меџити убеден дека информатичарот Азир Алиу ќе се снајде и во Здравство: Министерот треба да биде добар менаџер, Алиу е најдобар предлог   

Првиот вицепремиер и министер за животна средина Изет Меџити смета дека докторот по информатички науки и поранешен министер за информатичко...

Македонија4 часа

Филипче: Британскиот заем е како да подигнам кредит со вашата лична карта, па од утре да плаќате камати, а не сум ви кажал ништо

Власта со целосно погрешни економски политики ја води државата во погрешен правец, порача претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко...

Македонија4 часа

За изборот на нов министер на местото на Таравари се чека предлогот од Владата, Гаши уверува дека мнозинството е стабилно

Премиерот треба да го предложи новиот министер за здравство, кој ќе го замени Арбен Таравари. Кога ќе дојде на дневен...

Топ5 часа

(Фото) Претрес во Батинци, пронајдени пиштоли и куршуми, еден уапсен

Денеска во 09 часот во село Батинци, скопско, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишија...

Македонија5 часа

(Фото) Ангелов му ја предаде директорската функција во ЦУК на Мухамед Аљи: Верувам дека ќе биде тешко да го следи моето работно темпо

Денеска, во 10 часот, во просториите на ЦУК ја предадов функцијата директор на ЦУК на Мухамед Аљи, кој на оваа...

Македонија7 часа

Стојанче Ангелов нов в.д. директор на Дирекцијата за заштита и спасување: најави спојување со ЦУК

Досегашниот директор на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, од денеска ќе ја извршува функцијата в.д. директор на Дирекцијата...

Регион7 часа

Силен земјотрес ја погоди Грција

Земјотрес со интензитет од 4,8 степени според Рихтеровата скала се случи во 3.06 часот наутро по локално време во Грција...

Европа9 часа

(Видео) 50 повредени во Ливерпул, двајца во критична состојба, полицијата: Не е тероризам

Речиси 50 лица се повредени, а 27 се однесени во болници, вклучувајќи двајца во критична состојба, од кои едно е...

Свет9 часа

(Видео) Пукање во Филаделфија, најмалку двајца мртви

Две лица се убиени, а најмалку осум други се ранети во масовно пукање што се случи синоќа во паркот Фермаунт...

Европа9 часа

Зеленски: Разузнавачките информации докажуваат дека Путин нема планови да ја заврши војната

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја обвини Русија дека планира нова офанзива. „Нема знаци дека рускиот претседател Владимир Путин сериозно размислува...

Европа9 часа

Путин: Ако „Мекдоналд“ одлучи да се врати, нема да му поставиме црвен тепих

Русија нема да „го простира црвениот тепих“ за „Мекдоналдс“ ако компанијата одлучи да се врати во Русија, изјави Владимир Путин...

Македонија18 часа

Ацо Боцевски-Циганот уапсен во грчкиот град Катерини: беше во бегство 27 години

По 27 години бегство, во Грција е уапсен Ацо Боцевски, познат под прекарот Циганот, македонски државјанин осуден за убиство. Според...

Свет20 часа

Путин: Русија беше принудена да реагира на ситуацијата што се разви во Украина

Русија беше принудена да реагира на ситуацијата што се разви во Украина по државниот удар во 2014 година, вклучително и...

Македонија24 часа

„Кој и да е сопственик, не е блиска пријателка на мојата сопруга“, рече Тошковски за малото модното студио кое ќе набавува униформи за полицијата

Фирмите кои треба да набават униформи за специјалната полиција во вредност од 3,8 милиони евра ги исполните сите услови пропишани...

Македонија24 часа

Разбиена мрежа за проституција: Лица од Бразил и Сирија носеле Бразилки во Скопје каде нуделе сексуални услуги

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција до Основниот кривичен суд поднесе обвинителен акт против четири лица....

Македонија1 ден

Алијанса за Албанците формира Привремен координациски совет за да нема конфузии во јавноста

Алијанса за Албанците формира Привремен координациски совет за да нема конфузии во јавноста по, како што велат, едностраните дејствија на...

Македонија1 ден

Сиљановска-Давкова му подари на папата Лав XIV длабока резба од дабово дрво со мотив „Желад“

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во Апостолската палата имаше аудиенција кај поглаварот на Римокатоличката црква, папата Лав XIV. На средбата традиционално беа...

Македонија1 ден

Нема нови случаи на мајмунски сипаници, ризикот од ширење е мал, велат од ИЈЗ

Нема нови случаи на мајмунски сипаници во земјата, а ризикот од ширење е мал, велат од Институтот за јавно здравје....

Македонија1 ден

Тенкови и хеликоптери од САД и од Грција пристигнаа на Криволак за најголемата воена вежба годинава

Тенкови, хеликоптери и припадници на воени сили од САД и од Грција пристигнаа вчера на Криволак за вежбата Immediate Response 25....