Свет
Евакуирана руската амбасада во Австралија – добиле сомнително пакување
Амбасадата на Русија во Австралија утрово е евакуирана по добивањето сомнително пакување, јавуваат локалните медиуми.
Според „Скај њуз“, до Амбасадата во Канбера бил доставен плик со бел прав, што предизвикало паника кај персоналот.
Полицијата и итните служби пристигнаа на местото на настанот, го евакуираа персоналот и ја опколија областа околу Амбасадата.
Австралиската полиција го потврди развојот на настаните наведувајќи дека е поставен кордон и апелира до јавноста да ја избегнува областа до понатамошно известување.
Австралиската влада застана на страната на нејзините западни партнери и воведе економски санкции против Русија и нејзините највисоки претставници по нападот на земјата врз Украина.
Руската амбасада во средата ги предупреди Австралијците да се воздржат од погрдни коментари на нејзините официјални профили на социјалните мрежи откако протестот за поддршка на Украина се одржа пред нивното седиште во Канбера.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Жена во Хрватска го уби мажот со нож
Рано утрово во Селница Шќитарјевска во близина на Велика Горица, Хрватска, 40-годишна жена убила 52-годишен член на семејството, соопшти полицијата.
Според првичните информации, мажот најверојатно бил убиен со остар предмет. Како што неофицијално пренесе Индекс.хр, жртвата бил сопругот.
Осомничената е под надзор на полицијата, а на местото на настанот во тек е истрага која ќе ги утврди околностите за ова тешко кривично дело.
Свет
Петмина загинати и повеќе од 100 повредени во торнадо во Бразил
Најмалку пет лица загинаа, а 130 се повредени во торнадо кое синоќа опустоши дел од село во јужен Бразил, во сојузната држава Парана, соопштија локалните власти.
– Цивилната заштита на Парана со жалење објавува дека веќе се потврдени пет смртни случаи по торнадото што ја погоди општината Рио Бонито до Игуасу, се вели во соопштението.
Свет
(Фото) Русите пак ја нападнаа Украина, има загинати
Украина пријави нов руски напад врз нејзината енергетска инфраструктура во текот на ноќта, во кој едно лице загина, а неколку региони останаа без струја. На пат кон освојување на важниот логистички центар Покровск на исток, руската војска ги интензивира и воздушните напади врз гасните и енергетските постројки низ цела Украина, зголемувајќи ги стравувањата од сурова зима за цивилите со падот на температурите.
„Непријателот повторно започнува масовен напад врз енергетската инфраструктура на Украина. Затоа се воведени вонредни прекини на електричната енергија во голем број региони“, изјави министерката за енергетика Свитлана Гринчук на Фејсбук.
🤬 Russians massively attacked Dnipro and its suburbs with kamikaze drones. One of the drones punched through a residential block, collapsing several floors.
Eyewitnesses have shared photos of the aftermath. pic.twitter.com/6vIC0HsbYY
— Denys from Kharkiv (@GlushkoDenys) November 7, 2025

