Свет
Еврокомесарот за конкурентност на ЕУ ги повика членките да купуваат акции за да избегнат кинески преземања
Земјите на ЕУ треба да бидат подготвени да откупуваат акции како сопственици на компании во услови на криза поради Ковид-19 за да се избегнат кинеските аквизиции, предупреди комесарот за конкурентност и потпретседател на Европската комисија, Маргрета Вестагер, пренесува „Спутник“.
Вестагер рече дека ЕУ нема ништо против земјите членки да дејствуваат како играчи на финансиските пазари ако се смета дека е неопходно за да се спречи непријателско преземање.
„Многу е важно да се биде свесен дека постои реален ризик ранливите компании да бидат изложени на преземање. Ситуацијата моментно е таква што навистина мора да работиме интензивно за да се спротивставиме на ваквиот развој“, рече Вестагер, цитирана од Данското радио.
Додека многу компании во цела Европа се погодени од последиците од пандемијата на Ковид-19 и се борат во надеж за пакети помош, Вестагер предупреди на друг проблем што демне под површината.
Според Вестагер, Кина може да истапи и да ги преземе оптоварените европски компании, нешто што ЕУ треба да го избегне. Затоа, земјите треба да се подготват да купуваат како сопственици на компании во своите земји за да ја држат Кина понастрана.
Дописникот за бизнис на Данското радио, Јакоб Усинг, истакна дека пандемијата на Ковид-19 ги потресе пазарите и ја разниша вредноста на многу европски компании,правејќи ги поевтини за откуп.
„Едноставно, постои страв во Германија и Франција, двете најголеми економии на ЕУ, но и во многу други европски држави, дека и важните инфраструктурни и технолошки компании може да завршат во кинески раце“, рече Усинг.
Усинг исто така потсети дека Германија и Франција одамна туркаат кон нови правила за подобро да ги заштитат европските компании од паѓање во рацете на кинески компании. Ова е особено нагласено ако овие компании се во сопственост или се под контрола на кинеската држава.
„Кина во голема мера веќе го покажа својот интерес. По финансиската криза, државната кинеска компанија „Коско“ ја презеде контролата врз најголемото грчко пристаниште во Пиреја, Атина, а државните кинески компании купија холдинзи во пристаништа на многу други места во Европа “, потсети Усинг.
„Иронично, токму земјите од Еврозоната ја принудија Грција да го продаде пристаништето Пиреја за да ѝ помогне на земјата да излезе од должничката криза, но оттогаш стравот од кинеските преземања во Европа се искачи на повисоко ниво на агендата, а правилата на ЕУ веќе се затегнати.“
Во заклучокот Усинг го истакна силното присуство и интерес на Кина во Данска фокусирајќи се на зелените технологии. Според него, голем број помали дански компании се целосно купени од Кинезите.
Глобалните надворешни директни инвестиции во Кина пораснаа на рекордно ниво во 2016 година, при што ЕУ им е омилена дестинација на кинеските инвеститори. Додека нивоата на инвестиции малку паднаа, кинеската аквизиција на високотехнолошки средства, особено во производството и машините, сè уште поттикнуваат европска дебата за вклученоста на кинеската држава во ваквите зделки и долгорочните ризици од губење на клучната индустриска технологија во корист на Кина.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Израел погодил два ирански борбени авиони
Израелското воено воздухопловство погодило два борбени авиони – Ф-5 и Ф-4 – на аеродромот во Табриз, на западот од Иран, додека, како што се наведува, кусо пред нападот се подготвувале за полетување.
Во соопштението на израелската војска, придружено со видеоснимка од нападот, се истакнува дека ударот бил изведен со цел да се ослабат активностите на иранското воено воздухопловство и дополнително да се намалат способностите на режимската противвоздушна одбрана.
🎯STRUCK: Two F5 and F4 fighter jets at the airport of Tabriz in western Iran, as the jets were prepared for takeoff
The strike was conducted to degrade the Iranian Air Force’s activities and to further expand the degradation of their aerial defense. pic.twitter.com/lEvpyiPI5M
— Israel Defense Forces (@IDF) March 1, 2026
Фото: Израелски одбранбени сили
Европа
Фон дер Лајен по нападите врз Иран: Постои „обновена надеж“ за народот на Иран по смртта на ајатолахот Хамнеи
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, изјави дека постои „обновена надеж“ за народот на Иран по смртта на ајатолахот Али Хамнеи.
„Мораме да се осигураме дека иднината е нивна за тие да ја бараат и обликуваат. Истовремено, овој момент носи вистински ризик од нестабилност што би можела да го турне регионот во спирала на насилство“, напиша Фон дер Лајен на Х.
„Блиску соработуваме со сите клучни актери, како и со нашите регионални партнери, за да ја зачуваме стабилноста и безбедноста и да ги заштитиме животите на цивилите“
Регион
Над илјада лица протестираа во Атина против нападите врз Иран
Повеќе од илјада лица маршираа во неделата низ Атина до американската и израелската амбасада во знак на протест против нападите врз Иран. Според полицијата, на протестот учествувале над 1.300 демонстранти.
Протестот бил организиран претежно од поддржувачи на Комунистичката партија на Грција, кои носеле транспаренти со пораки „Рацете подалеку од Иран“ и „Затворете ја базата Суда“. Амбасадите на САД и Израел биле обезбедени со полициски кордони.
Συγκέντρωση στο πάρκο Ελευθερίας και πορεία προς την αμερικανική πρεσβεία πραγματοποίησαν εργατικά σωματεία και φορείς κατά των επιθέσεων των ΗΠΑ και Ισραήλ στο Ιράν.
🎥orange press#ingr #news #αθηνα #iran pic.twitter.com/q5IcH44kzk
— in.gr/news (@in_gr) March 1, 2026
Ден претходно, грчките власти ги засилиле безбедносните мерки во поморската база Суда на островот Крит, која ја користат САД како стратешка точка во источниот Медитеран.
Фото: ЕПА

