Свет
Европската Унија на листата со санкции го додаде и богатиот Русин Мордашов
ЕУ на својата листа со санкции го додаде и најбогатиот човек во Русија, Алексеј Мордашов.
Така, рускиот олигарх, најголемиот поединечен акционер и трет сопственик на најголемата туристичка компанија во светот TUI Group, која котира на Лондонската берза, станува огромен товар за компанијата, пренесува „Гардијан“.
Иако Мордашов не е санкциониран во Обединетото Кралство, неговите деловни интереси во регионот сега ќе бидат сериозно ограничени.
Најбогатиот човек во Русија, 56-годишниот Мордашов, потекнува од работничко семејство, син на мелничари во градот Череповец, кој подоцна стана извршен директор на најголемата руска компанија за челик и рударство „Северстал“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Борел: Одлуките на Меѓународниот кривичен суд мора да се почитуваат
Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност во заминување, Жозеп Борел, денеска ги повика сите земји-членки на ЕУ да ги почитуваат одлуките на Меѓународниот кривичен суд (МКС), вклучително и налогот за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.
„Не можеме да го поткопаме Меѓународниот кривичен суд. Тоа е единствениот начин да има правда на глобално ниво“, рече Борел, чиј мандат завршува овој месец, по што Каја Калас ќе ја преземе функцијата шеф на европската дипломатија.
Борел додаде дека одлуките на Меѓународниот кривичен суд не се политички, туку дека тој е правно тело формирано од угледни луѓе кои се најдобри во професијата судии, пренесува Ројтерс.
Свет
Германските компании се повеќе се префрлаат на намалено работно време за да се справат со кризата
Германските компании вработуваат помалку нов персонал и се повеќе се префрлаат на намалено работно време за да се справат со кризата, се вели во извештајот што денеска го објави Институтот за економски истражувања ИФО од Минхен за ноември.
Показателот кој ја мери подготвеноста на германските компании да вработуваат падна од 93,6 поени во октомври на 93,4 поени.
Особено тешка состојба владее во германското производство, каде поради падот на нарачките се намалува и потребата од работници, а слична состојба владее и во трговијата.
Свет
Четири лица загинаа, меѓу кои две деца, во бродска несреќа во близина на Самос
Четири лица, меѓу кои две деца, загинаа кога брод со мигранти удри во карпи и се насука на грчкиот остров Самос, соопштија официјални лица.
Спасени се 16 луѓе, додека бројот на патниците на бродот се уште не е познат, пренесе АП.
Грчката крајбрежна стража започна спасувачка операција, користејќи патролни чамци, чамци за спасување и тимови на брегот за потрага по можни исчезнати патници.