Свет
Европските лидери упатија честитки за победата на Ердоган
Германската канцеларка Ангела Меркел упати честитки до претседателот Реџеп Таип Ердоган за неговата победа на последните претседателски избори во Турција и додаде дека Германија е подготвена да ги подобри врските со земјата.
Во честитката до Ердоган, Меркел истакна дека двете земји се соочуваат со слични предизвици поради конфликтите во регионот, информира агенцијата „Анадолија.“
„Насилството на Блискиот Исток, како и константниот прилив на бегалци, имаат значителни влијанија врз нашите земји. Турција презеде голема орговорност во таа насока,“ изјави канцеларката.
Меркел ја истакна и традицијата на пријателски односи помеѓу Анкара и Берлин и ја даде својата поддршка за стабилност и демократија во Турција.
„Се радувам на нашата понатамошна соработка и се надевам дека ќе ги продлабочиме односите помеѓу нашите земји,“ рече Меркел.
Претседателот Ердоган доби пофални зборови и од Германскиот претседател Франк Валтер Штајнмаер, кој додаде дека е можна средба на високи функционери со цел да се зајакнат билатералните односи.
Британската премиерка Тереза Меј исто така упати честитки до претседателот Реџеп Таип Ердоган за победата на изборите.
Во телефонски разговор, Меј му честиташе на Ердоган и додаде дека очекува зајакнување на билатералните односи помеѓу Турција и Обединетото Кралство, информираат од кабинетот на турскиот претседател.
Ердоган и Меј договорија средба за време на НАТО самитот во Брисел во јули.
Грчкиот премиер Алексис Ципрас исто така му ја честиташе победата на претседателот Ердоган преку телефонски разговор.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Врховниот лидер на Иран: Ова е предупредување до Америка
Врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, им честиташе на социјалните мрежи на учесниците на денешните провладини собири.
Во серија објави на X, ајатолахот сподели фотографии од провладини демонстранти и рече дека тие „одлично ја завршиле работата“ и „го спречиле планот на странските непријатели, кој требало да го спроведат домашни платеници“.
„Големата нација Иран им се покажа на своите непријатели, заедно со својата решителност и идентитет“, додаде Хамнеи.
„Ова беше предупредување до американските политичари да престанат да бидат измамници и да не се потпираат на предавнички платеници“, додаде тој.
Свет
Украинската војска објави видео: Го освоивме градското собрание во Купјанск
Украинските одбранбени сили ја вратија контролата врз зградата на Градскиот совет на Купјанск, објави Вториот корпус на Националната гарда на Украина (НГУ), познат како Хартија.
„Хартија воспостави контрола врз зградата на Градскиот совет на Купјанск. Единицата за пребарување и уништување на Хартија и тактичката група Купјанск ги завршуваат операциите за расчистување во градот, кој беше деблокиран за време на успешната операција предводена од командата на Вториот корпус на НГУ“, се вели во соопштението.
Корпусот објави снимка од GoPro камера за која тврди дека е направена од борци од 4-тиот баталјон Хартија за време на упадот во зградата на Градскиот совет на Купјанск. Војниците од извидувачката и ударна група на баталјонот го кренаа украинското знаме над градскиот совет во центарот на Купјанск.
„Операцијата во Купјанск докажува дека благодарение на планирањето, стручноста на командантот и штабот и висококвалитетната подготовка на единиците – сето тоа го нарекуваме метод на Хартија – е можно успешно да се запре и уништи непријателот“, рече полковник Ихор Оболенски, командант на Вториот корпус.
Свет
Белата куќа: Трамп не се плаши да употреби воена сила против Иран
Портпаролката на Белата куќа, Каролина Ливит, изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп „покажал дека не се плаши да употреби воени опции“ кога смета дека е потребно.
„Мислам дека едно нешто во што претседателот Трамп е многу добар е тоа што секогаш ги држи сите опции на маса, а воздушните напади би биле една од многуте, многу опции што се на маса“, изјави Ливит пред новинарите.
Во исто време, таа додаде дека „дипломатијата е секогаш првата опција“ за Трамп.
„Претседателот ви кажа на сите синоќа дека она што јавно го слушате од иранскиот режим е многу различно од пораките што администрацијата ги добива приватно“, рече Ливит.
„Претседателот покажа дека не се плаши да користи воени опции ако и кога смета дека е потребно, а никој не го знае ова подобро од Иран“, заклучи таа.
фото/депозитфотос

