Свет
Европските челници денес на важен состанок за мигрантите и Украина
Лидерите на Европската Унија се состануваат денеска во Брисел за да разговараат за илегалната миграција со која се соочува блокот, разните ставови за конфликтот на Блискиот иИток и понатамошната поддршка за Украина разурната од војна.
Миграцијата е спорно прашање во Унијата со години. Во ситуација кога голем број изборни успеси на екстремно десничарските партии се забележани во неколку земји од блокот и во услови на променет безбедносен пејзаж, одделни земји заземаат сè порестриктивни позиции.
Полска неодамна објави планови за привремено суспендирање на правата за азил обвинувајќи ги Русија и Белорусија дека испраќаат мигранти на границата со Полска, која е и надворешна граница на ЕУ, за да го дестабилизира блокот и да ја поткопа неговата безбедност.
Исто така, Германија повторно ги воведе граничните контроли за другите земји членки на ЕУ по смртоносниот напад со нож во западниот град Солинген и откако екстремно десничарската опозициска партија Алтернатива за Германија (АфД) постигна големи придобивки на регионалните избори.
Се очекува европските лидери да разговараат за вклучување на земјите надвор од ЕУ во обработката на илегалните мигранти откогаИталија оваа недела објави дека првите мигранти биле донесени во нови, контроверзни центри за азил во Албанија.
Земјите членки на Унијата претходно оваа година се согласија на голема реформа за заострување на законите за миграција и азил, кои се подготвуваат со години, но имплементацијата на новите правила може да потрае и со години, при што некои бараат да се забрза процесот.
Миграцијата не е единствената тема на агендата на состанокот за која тешко се постигнува заеднички пристап на 27-те членки на блокот.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски ќе им се придружи на европските лидери за да ја претстави својата визија за завршување на војната и да побара поголема поддршка. Сепак, Унгарија ја блокира понатамошната воена помош.
Лидерите ќе разговараат и за конфликтот на Блискиот Исток откако не успеаја да се договорат за одговор што би можел да помогне да се запрат борбите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Меланија Трамп денес ќе претседава со состанокот на Советот за безбедност на ОН
Првата дама на САД, Меланија Трамп, ќе претседава со состанокот на Советот за безбедност на ОН во Њујорк.
Состанокот на најмоќното тело на ОН е закажан да започне во 15 часот по локално време и ќе биде посветен на децата, технологијата и образованието во конфликтни услови, според соопштението на Белата куќа.
Портпаролот на генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, го нарече потегот „знак за важноста што САД ја придаваат на Советот за безбедност и на ова прашање“.
Меланија Трамп ќе биде првата сопруга на американски претседател што претседава со таков состанок. САД го преземаат ротирачкото претседателство со најважното тело на ОН во март, што вклучува претседавање со состаноци. Состаноците на телото од 15 члена вообичаено ги водат амбасадорите на ОН или владини претставници.
Претседавањето доаѓа во услови на затегнати односи меѓу администрацијата на претседателот Доналд Трамп и Обединетите нации.
Записите на ОН сугерираат дека САД ѝ должат на организацијата милијарди долари.
Во исто време, Трамп постојано ја критикуваше како „неефикасна“, ги повлече САД од неколку институции на ОН и меѓународни договори и неодамна ги откри своите сопствени иницијативи како што е Советот за мир.
фото/ Depositphotos
Свет
(Видео) Чад се издига над амбасадата на САД во Кувајт
Чад се издига над амбасадата на САД во Кувајт утрово, изјавија очевидци, а голем број безбедносни сили, амбулантни возила и противпожарни возила се во областа околу амбасадата.
Амбасадата издаде предупредување, велејќи дека постои постојана закана од ракети и беспилотни летала над Кувајт и ги советуваше луѓето да не доаѓаат во амбасадата.
На американските граѓани им е кажано да останат дома и да бидат внимателни поради потенцијални напади.
Воздушната одбрана пресретна неколку „непријателски беспилотни летала“ кои се приближуваа кон земјата по море, според агенцијата за цивилна одбрана КУНА.
Нема пријавени повредени, а агенцијата соопшти дека безбедносната ситуација останува „стабилна“.
Smoke was seen rising from the U.S. Embassy compound in Kuwait after Iran launched strikes targeting American positions in the Gulf, marking a sharp escalation in regional tensions.
📹: PTI pic.twitter.com/zrTinHjNuU
— The Hindu (@the_hindu) March 2, 2026
Напади во регионот по атентатот врз Хамнеи
Кувајт, како и другите земји од Персискиот Залив, се соочуват со напади по атентатот врз врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи. Меѓу целите во регионот се американските воени објекти.
Како одмазда за воздушните напади на САД и Израел, Иран нападна и локации во Обединетите Арапски Емирати, Катар и Бахреин.
Револуционерната гарда на Иран денеска објави дека лансирала ракети врз израелските градови Тел Авив и Хаифа, како и Источен Ерусалим.
„Меѓу целите на овој десетти напад беа владиниот комплекс на ционистичкиот (израелски) режим во Тел Авив, напади врз воени и безбедносни центри во Хаифа и напад врз Источен Ерусалим, област окупирана и анектирана од Израел“, соопшти идеолошката армија на Иран во соопштение емитувано на државната телевизија.
САД објавија дека досега тројца американски војници се убиени во американската операција против Иран, а Кувајт објави дека неколку американски борбени авиони се урнаа во таа земја, но екипажите преживеаја.
Свет
(Видео) Нападнат еден од најголемите нафтени центри во Саудиска Арабија
Според првичните извештаи, Иран започна напади врз нафтени постројки во Саудиска Арабија. Беспилотните летала „Шахед“ го нападнаа објектот „Арамко“ во Рас Танура, локација која се смета за еден од најголемите нафтени центри во светот.
Набргу потоа, рафинеријата за нафта „Сауди Арамко“ ги прекина операциите, објави „Скај њуз Арабија“.
BREAKING: Sky News Arabia claims Saudi Aramco’s Ras Tanura refinery was shut down following a drone attack. pic.twitter.com/YGXRzfhQms
— Clash Report (@clashreport) March 2, 2026
Работниците во постројките на „Арамко“ ги напуштаат постројките по извештаите за ирански напади.
Workers at Aramco facilities in Saudi Arabia are evacuating following reported Iranian strikes. pic.twitter.com/903atwsLZX
— Clash Report (@clashreport) March 2, 2026
Рас Танура е еден од најважните енергетски центри во светот – се наоѓа на источниот брег на Саудиска Арабија и служи како главен терминал за извоз на сурова нафта. Овој објект вклучува еден од најголемите нафтени терминали и рафинериски комплекси на планетата, со огромен капацитет за преработка и транспорт на нафта со танкери до Азија, Европа и САД, и долго време е клучна алка во глобалните енергетски текови.
BREAKING: Sky News Arabia claims Saudi Aramco’s Ras Tanura refinery was shut down following a drone attack. pic.twitter.com/YGXRzfhQms
— Clash Report (@clashreport) March 2, 2026
Поради неговата стратешка улога во снабдувањето со сурова нафта и рафинирани производи, секое нарушување на работењето во Рас Танура би можело да има сериозни последици за глобалниот пазар.
фото/ЕПА

