Свет
Европски научници: Просечната температура во 2024 година ќе го надмине прагот од 1,5 степен
Оваа година ќе биде најтоплата во историјата и прва во која просечната температура била за повеќе од 1,5 степен потопла од просечната температура во прединдустрискиот период, објавија европските научници.
Агенцијата на ЕУ, „Коперник“, проценува дека просечната глобална температура во 2024 година би можела да биде за 1,55 степен повисока од прединдустрискиот просек во споредба со 1,48 степен во 2023 година. Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, веќе зборуваше за климатски колапс.

„По десет месеци, 2024 година речиси сигурно дека ќе биде најтоплата досега и прва со температури над 1,5 степен над прединдустриските нивоа“, рече директорката на агенцијата, Саманта Бургес.
„Тоа е пресвртна точка за глобалната температура што треба да послужи како катализатор за подигање на амбициите на претстојната климатска конференција COP29“, додаде таа.
COP29 почнува в понеделник во Баку, Азербејџан.
На климатската конференција во Париз во 2015 година земјите се согласија да го ограничат глобалното затоплување под два степена и идеално на 1,5 Целзиусов степен.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Путин првпат зборуваше за НИС: Верувам дека Белград ќе ги исполни своите обврски
Рускиот претседател Владимир Путин повеќе од две децении одржува годишна прес-конференција, на која ги презентира своите политички ставови и анализи на јавноста во Русија и во странство.
За време на конференцијата, новинар од Србија го потсети рускиот претседател дека Нафтената индустрија на Србија (НИС), заедничко вложување меѓу Русија и Србија, ги трпи последиците од западните санкции. Тој го праша Путин како ја коментира оваа ситуација?
„Што се однесува до НИС, притисокот од западните санкции продолжува, а ова е показател за политичка моќ. Москва претпоставува дека Белград ќе ги исполни своите обврски, а двете земји ќе спроведат бројни други проекти“, рече Путин, не сакајќи да се продлабочува на оваа тема.
Претходно денес рускиот претседател изјави за „Спутник“ дека знае што се случува со компанијата НИС и дека се надева дека ќе се најде заедничко решение.
„Знаеме што се случува со компанијата НИС. Имаме меѓудржавен договор и претпоставуваме дека пријателското српско раководство ќе го земе ова предвид. Имаме идеја за насоката во која сакаме да се движиме заедно. Работиме на тоа и се надевам дека ќе го најдеме потребното решение“, рече рускиот претседател.
Тој, исто така, рече дека без оглед на надворешната аспирација за подобрување на односите, притисокот со санкции ќе продолжи како начин за покажување сила, пренесува „Раша Тудеј“.
„Москва претпоставува дека Белград ќе ги исполни своите обврски и дека Русија и Србија ќе спроведат бројни други заеднички проекти“, рече тој.
НИС е под санкции на САД од почетокот на октомври поради мнозинската руска сопственост, што значително го комплицира работењето на една од најважните компании за функционирање на целата српска економија.
Рускиот „Газпромнефт“ е мнозински сопственик на НИС, а рускиот претседател рече дека земјата инвестирала повеќе од три милијарди долари во компанијата.
фото/депозитфотос
Свет
Пет деца во Индија заразени со ХИВ по трансфузија на крв
Пет деца кои страдаат од таласемија во индиската држава Мадја Прадеш биле заразени со вирусот ХИВ по примање трансфузии на крв, објавија локалните власти, објави денес Би-Би-Си.
Најновите случаи на ХИВ инфекција предизвикаа загриженост во врска со начинот на кој се даваат трансфузии, а властите формираа комитет за истражување на инцидентот.
Овие случаи следеа по слични инфекции во источната држава Џарканд во октомври, каде што пет деца под осумгодишна возраст беа заразени со вирусот по примање трансфузии на крв во државна болница, потсетува Би-Би-Си.
Властите во државата Гуџарат започнаа истрага во 2011 година откако 23 деца со таласемија беа позитивни на вирусот по примањето трансфузии во болницата.
Родителите на пациенти со таласемија минатата недела го повикаа индискиот парламент да го усвои Националниот закон за трансфузија, за кој велат дека ќе ги заостри регулативите поврзани со собирањето на залихите од крв, нивното тестирање и трансфузија.
Фото: депозитфотос
Свет
Трамп: Не ја исклучувам можноста за војна со Венецуела
Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека ја остава отворена можноста за војна со Венецуела, според интервју за Ен-би-си објавено денес. „Не ја исклучувам таквата можност“, изјави тој за „Ен-би-си њуз“ во телефонско интервју.
Трамп исто така рече дека ќе има дополнителни запленувања танкери за нафта во близина на венецуелските води, според објавеното интервју.
Во вторникот Трамп нареди тотална блокада на сите санкционирани танкери за нафта што влегуваат и излегуваат од Венецуела во најновиот потег на Вашингтон за зголемување на притисокот врз владата на Николас Мадуро, насочена кон нејзиниот главен извор на приходи.
Белата куќа не одговори веднаш на барањето за коментар од „Ројтерс“. Трамп исто така објави во вторникот дека режимот на венецуелскиот претседател Мадуро е означен како странска терористичка организација.
Нафтата е главен извор на приход за Каракас. Венецуела, која е во ембарго од 2019 година, ја продава својата нафта на црниот пазар по значително пониски цени, особено на Кина.
Трамп претходно го обвини режимот на Мадуро дека ја користи нафтата за финансирање наркотероризам, трговија со луѓе, убиства и киднапирања.
фото/депозитфотос

