Свет
Египет го осуди неодговорното тврдење на Ердоган дека Морси е убиен
Египетскиот министер за надворешни работи, Самех Чукри, остро ја осуди изјавата на турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, за убиство на поранешниот египетски претседател Морси нарекувајќи ги повторени и неодговорни обвинувањата од турскиот претседател за Египет, пренесува „Спутник“.
Во средата Ердоган навести дека претседателот Мухамед Морси е убиен и ги обвини египетските власти дека не преземаат никакви мерки за спасување на поранешниот шеф на државата. Ердоган ги зголеми надежите дека ОН ќе ја испитаат смртта на Морси и ќе ги изведат одговорните пред лицето на правдата.
Во меѓувреме, египетскиот парламент го осуди тврдењето на Ердоган како мешање во внатрешните работи на Египет.
Според радиодифузерот „Ал-Мајадин“, државниот удар во кој Морси беше соборен ги распарчил планот и надежите на Ердоган кого го нарекоа тиранин и диктатор што ги прогонува сите во својата земја што му се спротивставуват.
Морси, кој беше соборен во 2013 година по државниот удар предводен од актуелниот претседател Абдел Фатах ал-Сиси, почина на 67-годишна возраст на 17 јуни како резултат на срцев напад за време на судското сослушување за случајот на шпионажа во Каиро. По неговата смрт, Канцеларијата на високиот комесар на ОН за човекови права изрази загриженост во врска со условите за притвор на Морси и обезбедувањето на потребната медицинска нега.
Власта исто така повика на независна истрага за смртта на Морси.
„Амнести интернешнл“ го поддржа повикот и повтори дека е неопходно да се почне истрага за ова прашање. Реагирајќи на повиците на ОН, египетското Министерство за надворешни работи ја обвини организацијата за политизирање на смртта на Морси.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Мажот кој се обиде да влезе во имотот на Трамп дигнал пушка во позиција за пукање пред агентите да го убијат
Маж на околу 20-годишна возраст бил убиен откако се обидел нелегално да влезе на имотот на Доналд Трамп во Флорида.
Обезбедувањето го забележало кај северната порта, носејќи пушка и канистер со бензин.
Агентите на тајните служби му наредиле да ги спушти предметите. Мажот го спуштил канистерот, но ја подигнал пушката во положба за пукање.
„Тогаш заменик-шерифот и двајцата агенти го застрелале и ја неутрализирале заканата. Мажот починал на лице место“, кажа Рик Бредшо, шериф на округот Палм Бич.
Сè уште не е јасно колку куршуми биле испукани, а шерифот рече дека тоа е дел од истрагата.
Во моментот, Доналд Трамп бил во Белата куќа, а неговата сопруга Меланија била со него.
Допрва ќе бидат објавени повеќе детали за идентитетот на осомничениот поврзан со инцидентот.
Портпаролот на Тајната служба, Ентони Гуглиелми, изјави дека осомничениот е од Северна Каролина. Неговото семејство го пријавило како исчезнат пред неколку дена.
Свет
Маж е застрелан откако се обидел нелегално да влезе во имотот на Трамп во Флорида
Mаж е убиен откако се обидел нелегално да влезе во имотот на Трамп во Флорида, објави Скај њуз.
Како што објавија разузнавачките служби, мажот на околу 20-годишна возраст бил застрелан околу 1:30 часот наутро.
Идентитетот на осомничениот сè уште е непознат, а обезбедувањето го забележало човекот на северната порта од имотот.
Носел оружје кое личело на пушка и канта со гориво.
Ниеден агент не е повреден.
Во тек се истраги за идентитетот на човекот и неговиот мотив за делото.
Иако Трамп често го поминува викендот на својот имот, во моментот на инцидентот тој бил во Белата куќа, во Вашингтон, а со него била и сопругата Меланија Трамп.
Свет
Гласањето за трговскиот договор ЕУ–САД може да се одложи поради хаосот со тарифите
Претседателот на Комитетот за меѓународна трговија на Европскиот парламент, Бернд Ланге, предложи одложување на гласањето за трговскиот договор меѓу ЕУ и САД, кое беше планирано за следната недела. Тој истакна дека условите и правната основа на договорот се променети поради неодамнешните американски тарифни мерки.
Ланге оцени дека американската администрација создала „тарифен хаос“ со привремените тарифи на претседателот Доналд Трамп, кои првично беа 10%, а потоа беа зголемени на 15%.
Од партијата Зелени во ЕУ исто така побараа пауза во гласањето додека не се разјаснат сите детали.
Договорот, кој беше постигнат минатото лето, предвидува ЕУ да ги укине царините на многу американски производи, додека САД би вовеле тарифа од 15% на поголемиот дел од европскиот извоз. Намалените царини од ЕУ треба да бидат одобрени од владите на земјите-членки и од Европскиот парламент.
Европскиот парламент минатиот месец привремено ја стопираше работата на договорот поради барањето на Трамп за припојување на Гренланд и заканите со царини кон европските сојузници, но подоцна беше одлучено дека договорот ќе биде ставен на гласање крајот на февруари.

