Свет
Египет негира наводна кражба на органи по смртта на британскиот турист
Египетските власти во неделата ги негираа извештаите за наводна кражба на органи кога телото на еден британски турист, кој ненадејно почина додека бил на одмор, било вратено дома без некои органи, пренесува „Брејтбарт“.
Дејвид Хамфрис (62) починал на 18 септември во Хургада, на брегот на Црвеното Море. Неговото тело било вратено во Велика Британија, каде што втората аутопсија открила дека неговото срце и некои други органи биле отстранети.
Обвинувајќи ги британските медиуми за објавување неточни информации, египетската Државна информативна служба (СИС) рече дека наводите за кражба на орган се неосновани. Во соопштението се вели дека се земени примероци и се отстранети срцето, делови од црниот дроб, бубрезите и другите органи за да се утврди причината за смртта. Тие не објаснуваат зошто органите не биле вратени по испитувањата.
Службата соопшти дека Хамфрис, најверојатно, починал од срцев удар, цитирајќи го медицинскиот извештај, но и неговата ќерка Анита Гудал, која изјави дека не верува оти некој имал улога во смртта на татко ѝ“.
Во друг случај во Хургада на 21 август, туристичкиот агент Томас Кук ги преместил сите свои клиенти во друг хотел кога една британска двојка починала, како што вели нивната ќерка, под сомнителни околности. Египетските власти велат дека причина за смртта на Џон и Сузан Купер, кои се разболеле и ненадејно починале додека престојувале во хотелот Steigenberger Aqua Magic во Хургада, е инфекција со ешерихија коли.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Властите во Абу Даби наредија да се продолжи престојот на гостите, трошоците ги сноси државата
Министерството за култура и туризам им наложи на хотелите во Абу Даби да го продолжат престојот на гостите, бидејќи многу од оние што го завршуваат својот престој не се во можност да патуваат во сегашните околности.
Во писмото се наведува дека трошоците ќе бидат покриени од Министерството.
Фото: depositphotos
Свет
ЕУ гледа отворен пат кон поинаков Иран по смртта на врховниот лидер
Високата претставничка на Европската Унија за надворешна политика, Каја Калас, изјави дека смртта на иранскиот врховен лидер ајатолахот Али Хамнеи претставува момент на пресврт во историјата на Иран.
„Она што следува е неизвесно. Но сега постои отворен пат кон поинаков Иран, во кој неговите граѓани би можеле да имаат поголема слобода да го обликуваат“, напиша Калас на платформата Икс.
„Во контакт сум со партнерите, вклучително и со оние во регионот кои го носат најголемиот товар од иранските воени дејствија, со цел да пронајдеме конкретни чекори за деескалација“, додаде таа.
Фото: Depositphotos
Свет
Иранскиот претседател: Одмаздата е наше легитимно право по убиството на Хамнеи
Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан во ново соопштение порача дека одмаздата по убиството на врховниот лидер е легитимно право и должност на Иран.
„Исламската Република Иран ја смета одмаздата врз извршителите и наредбодавците на овој злостор како своја легитимна должност и право и ќе ја исполни таа голема одговорност со сета своја сила“, се наведува во соопштението.
Пезешкијан смртта на врховниот лидер ја опиша како најголемата неволја на денешниот исламски свет. Тој владеењето на Хамнеи го оцени како „големо и божествено водство“ кое, според него, му донело „чест и достоинство“ на иранскиот народ.

