Свет
Една година по земјотресите во Турција и Сирија, во кои загинаа повеќе од 59.000 луѓе, илјадници сѐ уште живеат во шатори
Во Турција денеска ќе се одржат комеморативни собири по повод одбележувањето една година од разорниот земјотрес, во кој загинаа повеќе од 53.000 луѓе.
Претседателот Реџеп Таип Ердоган ќе престојува во Кахраманмарас, епицентарот на земјотресот, за да изврши увид во работата за обнова на градот и изградба на станови за илјадниците луѓе што живеат во шатори и монтажни контејнери откако ги загубија своите домови.
Ердоган ќе им ги предаде клучевите од обновените куќи на преживеаните, а потоа во текот на неделата ќе ги посети и другите градови што беа погодени од разорниот земјотрес пред една година, пренесува АП.
„Нашиот народ успешно го помина овој болен и историски тест“, напиша Ердоган во објавата на социјалните мрежи.
Провинцијата Хатај, која се наоѓа меѓу Средоземното Море и границата со Сирија, беше најтешко погодена од земјотресот.
Во Антакија, главниот град на таа провинција, толпата се судри со полицијата додека официјални лица пристигнаа на комеморацијата.
Градоначалникот Лутфу Савас беше пречекан со скандирања, во кои се повикуваше да поднесе оставка, а министерот за здравство, Фахретин Коџа, беше исвиркан додека држеше говор, пишува АП.
По едноминутното молчење во 4.17 часот, кога се случи земјотресот пред една година, во реката беа фрлени каранфили.
Училиштата денеска се затворени во многу турски провинции погодени од земјотресот.
Повеќе од 53.000 луѓе загинаа во Турција и околу 6.000 луѓе во Сирија во разорниот земјотрес од 7,8 степени според Рихтеровата скала што го погоди југот на Турција на 6 февруари 2023 година, а беше почувствуван и во пограничната област на Сирија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Убиени и ќерката, зетот и внукот на ајатолахот Али Хамнеи, јавуваат иранските медиуми
Ќерката, зетот и внукот на врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, се убиени во нападите, соопшти новинската агенција “Фарс“, која е поврзана со Корпусот на Исламската револуционерна гарда, повикувајќи се на „добро информирани извори“ во канцеларијата на врховниот лидер, објави вечерва „Би-Би-Си“.
„Фарс“, исто така, соопшти дека „една од снаите на ајатолахот Хамнеи е исто така убиена во нападите“.
Извештаите за смртта на снаата и зетот на Хамнеи претходно циркулираа, но подоцна беа демантирани.
Иранските власти сè уште официјално не ја потврдија смртта на самиот врховен лидер на Иран.
Фото: ЕПА
Свет
(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи
Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али Хамнеи, објави на социјалните мрежи „Иран интернешнл“.
Видео од Техеран покажува насмеани луѓе излезени на улица откога ја добиле веста дека Али Хамнеи е убиен.
Во Караџ голем број граѓани танцуваат на улица, а жителите пак на Бандар Абас се излезени на улиците со автомобили и слават со сирените.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.
Свет
(Видео) Хрват од Дубаи: Во засолниште сме, не знам што ќе биде понатаму
Хрватскиот државјанин Тони Дабиновиќ, кој моментално е во Дубаи, сведочеше за ненадејна евакуација во засолниште што се случила во текот на ноќта. Како што изјавил за хрватски Индекс, тој и другите гости на хотелот биле преместени на безбедна локација откако се вклучиле сирените за тревога.
„Се наоѓаме во засолниште. Бев во хотелот, а сега сите нè сместија во засолниште, во зграда помеѓу хотелите“, рече тој. „Сега е 1:30 часот наутро. Сите нè преместија во засолниште. Имаше сирени и сигнал за тревога преку нашите мобилни телефони што сите го добивме за да се засолниме. Не знам што ќе се случи потоа“, додаде Хрватот од Дубаи.

