Свет
Експериментален лек за коронавирусот во САД дава резултати, луѓето заздравуваат за неколку дена
Пациентите кои го примиле експерименталниот лек „Ремдесивир“ закрепнале многу брзо од коронавирусот, а некои биле пуштени од болницата по неколку дена, јави Си-Ен-Ен.
Станува збор за пациенти кои имале сериозни симптоми и температура и биле дел од експериментален третман во болницата на Универзитетот во Чикаго. Тестирањето беше извршено врз 125 лица, а 113 од нив имале потешки форми на болеста. Сите 125 примале дневни дози на „Ремдесивир“.
„Загубивме само двајца пациенти, а мнозинството беше пуштено дома“, рече Кетлин Мулане, специјалист за третман со коронавирус.
Универзитетот во Чикаго најави дека ќе ги објави резултатите од експериментот по завршувањето на ваквиот третман и не даде дополнителен коментар.
Неуспешен против ебола, успешен против Ковид-19
Во светот сè уште не постои одобрена терапија за третман на ковид-19, но Националниот институт за здравство на САД започнува експериментални терапии со неколку лекови, од кои еднен е „Ремдесивир“. Истиот лек беше тестиран во третманот на ебола, но не беше успешен. Сепак, тестирањето покажа дека може да биде корисно во лекувањето на Ковид-19, САРС и МЕРС.
СЗО во февруари објави дека „Ремдесивир“ има потенцијал за лекување на коронавирусот.
„Повеќето од нашите пациенти се лекуваат во просек за шест дена, што ни кажува дека терапијата може да трае помалку од десет дена“, рече Мулане.
Проблемот со нејзиниот експериментален третман е што не постои контролна група, така што засега нивните резултати немаат со што да се споредат и сè уште не е можно да се утврди дали пациентите се навистина излечени. „Гилеад“, американската компанија која го измислила лекот, го спонзорира тестирањето кај 2.400 пациенти на 152 локации низ целиот свет, вклучувајќи 1.600 пациенти со умерени симптоми. Компанијата соопшти дека очекуваат резултати од тестот до крајот на месецот.
„Ние разбираме колку е итен лекот за„ ковид-19 “и ние сме свесни дека „Ремидесивир“ покажува добри резултати“, велат од компанијата за „Си-ен-ен“.
Маж кој учествуваше во студијата: Ова е чудо
Славомир Михалак, 57-годишен работник од предградие западно од Чикаго, беше меѓу учесниците во студијата во Чикаго. Една од неговите ќерки започнала да покажува симптоми кон крајот на март и подоцна и бил дијагностициран „Ковид-19“. Потоа, Михалак имал висока температура, потешкотии во дишењето и сериозна болка во грбот.
„Се чувствував како некој да ме удира во белите дробови“, рече тој.
На повик на неговата сопруга, Михалак замина во болницата на Универзитетот во Чикаго во петокот, 3 април. Тој се согласил да учествува во истражувањето.
Првата доза на „Ремдесивир“ ја прими во сабота на 4 април.
„Температурата падна речиси веднаш и почнав да се чувствувам подобро“, рече тој.
Втората доза ја доби во неделата. Тој доби уште две дневни дози на лекот и закрепна доволно за да биде отпуштен од болницата во вторникот, 7 април.
„Ремдесивир беше чудо“, рече тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Бродот на Тито настрада на пристаништето во Риека
Вчера во риечкото пристаниште дојде до поморска незгода во која товарен брод удрил во бродот „Галеб“. Несреќата се случила додека „Галеб“ бил приврзан на Ријечкиот лукобран, а во него при маневрирање налетал товарниот брод DENIZ AKAY, кој плови под знамето на Барбадос.
Бродот од Риека требало да исплови за Турција, но по инцидентот сега тоа нема да биде во можност. Капетанот на капетанијата, Дарко Глажар, накратко изјавил дека, според првичните информации, многу е веројатно турскиот брод да имал дефект на погонскиот систем и дека веднаш му е издадена забрана за испловување од пристаништето додека не се утврдат сите потребни факти во овој судир.
Исто така, според првичните информации, нема повредени лица, а штетата на двата брода ќе се утврдува дополнително.
Свет
Маж нападна полицаец со нож во Париз
Маж вооружен со нож, кој се обиде да нападне полицаец кај Триумфалната капија во Париз, беше ранет од неколку куршуми испукани кон него од друг припадник на безбедносните сили, објави агенцијата Франс прес, повикувајќи се на полициски извор.
Напаѓачот е однесен во болница. Полицијата е присутна кај Триумфалната капија, споменик во центарот на Париз во близина на Шанзелизе, за церемонија на палење факел на Гробот на непознатиот војник.
Националното обвинителство за борба против тероризмот објави дека го презема случајот.
фото/Depositphotos
Свет
Зеленски: Путин не е млад човек, нема многу време
Украинскиот претседател Володимир Зеленски верува дека само САД имаат моќ да ја принудат Русија да склучи мир.
„Да бидеме искрени, денес само Европа ѝ дава пари на Украина и ѝ помага. Само САД можат да го сопрат Путин“, изјави тој за POLITICO.
Сепак, Зеленски изрази загриженост дека Белата куќа можеби не ја разбира суштината на проблемот.
„Од она што го гледам, тие испраќаат повеќе сигнали дека Украина треба да направи компромис, а не Русија“, рече тој.
„Не мислам дека тоа е правилниот став. Секако, така е поедноставно“, додаде тој.
Осврнувајќи се на возраста на Владимир Путин, Зеленски забележа дека рускиот претседател, кој сега има 73 години, повеќе не е млад човек. „Тој нема многу време“, додаде украинскиот претседател. „Дај Боже да нема многу“, заклучи тој.

