Свет
Ердоган ги повика Турците да не купуваат француски производи

Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, ги повика Турците никогаш да не купуваат француски производи, додека тој повторно го критикуваше францускиот претседател Емануел Макрон за неговиот однос кон муслиманите.
Ердоган во саботата рече дека Макрон има проблем со муслиманите и дека му треба ментална проверка, што доведе до тоа Французите да го повлечат амбасадорот од Анкара.
Тој упати слични коментари следниот ден и денес за време на говорот во Анкара, пренесува „Ројтерс“.
Овој месец Макрон објави војна против исламистичкиот сепаратизам за кој верува дека влијае на некои муслимански заедници во Франција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Топлотниот бран ги затвори Акропол и археолошките локалитети во Атина

Поради топлотниот бран и високите температури што од почетокот на седмицава ја зафатија Грција, археолошките локалитети во Атина, како и Акропол и во текот на викендов ќе бидат затворени за туристи во периодот од 12 до 17 часот.
Новиот топлотен бран што ја зафати Грција, според најавите и прогнозите се очекува да трае до недела.
Вчера беше најтоплиот ден, просечната максимална температура достигна 37,6 степени Целзиусов, на Пелопонез измерени речиси 46 степени, а во многу делови од земјата надмина 42 степени.
Свет
Русија до Западот: Тврдоглаво игнорирате додека режимот во Киев се обидува да ја спаси кожата на Зеленски

„Тврдоглаво се обидувате да игнорирате како темелно корумпираниот режим во Киев се обидува да ја спаси кожата на украинскиот претседател Володимир Зеленски, доведувајќи ја во прашање иднината на својата земја. За тоа детално ќе разговараме на посебниот состанок што го побаравме за 31 јули, каде што предлагаме фокусирање на акциите што ја поткопуваат потрагата по дипломатски пат за решавање на украинскиот конфликт – вклучително и обидите да се попречи директниот руски-украински преговарачки процес во Истанбул“, изјави заменикот на рускиот амбасадор во ОН, Дмитриј Пољански, на седницата на Советот за безбедност, обраќајќи им се на претставниците на западните земји, пренесува ТАСС.
Според него, Русија подолго време и доследно предлага решавање на украинската криза по дипломатски пат.
„Но вас тоа не ве задоволува – сè додека сте подготвени да продолжите да се борите против Русија преку рацете на Украинците. А фактот што ги има сè помалку – воопшто не ве вознемирува“, предупреди рускиот дипломат.
Русија и Украина во мај и јуни одржаа две рунди преговори, по што следуваше размена на заробеници и предавање на телата на загинатите украински војници. Двете страни исто така разменија нацрти меморандуми за решавање на конфликтот.
Свет
Eрдоган: Работиме на средба меѓу Путин и Трамп во Истанбул, тоа ни е целта

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека оваа недела би можел да оствари телефонски разговори со рускиот претседател Владимир Путин и со американскиот претседател Доналд Трамп, со цел да ја испита можноста за организирање лидерска средба во Истанбул, на која би се разговарало за конфликтот во Украина.
„Со телефонски разговори со Путин и Трамп оваа недела ќе видиме дали можеме да ги собереме во Истанбул, тоа ни е целта“, изјави Ердоган за новинарите, откако руските и украинските делегации се сретнаа во Истанбул.
Третата рунда разговори меѓу Москва и Киев во Истанбул се одржа во средата и траеше околу 40 минути.
Првата рунда преговори, одржана на 16 мај, заврши со договор за размена на заробеници по формулата „1.000 за 1.000“, како и со договор обете страни да подготват меморандуми за надминување на кризата, потсетува „РТ Балкан“.
По втората средба, на 2 јуни, страните размениле нацрти на меморандуми за мирно решение, како и договор за размена на тешко ранети воени заробеници и тела на загинати.
Москва на Киев му предала и неколку илјади тела на загинати.