Свет
Ердоган жестоко ја критикува американската реторика

Заканувачката реторика на САД не е од корист за никого, кажа турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во Анкара денес.
Ердоган порача дека Турција нема да направи никакви компромиси во врска со независноста на судството и додаде дека „евангелистичкиот и ционистичкиот менталитет” во САД не е прифатлив, објави „Ројтерс“.
Турскиот суд вчера ја отфрли жалбата на американскиот свештеник Ендрју Бренсон за ослободување од домашен притвор, додека го чека судењето по обвинение за тероризам, објавија турските државни медиуми.
Бренсон живее во Турција повеќе од две децении и е обвинет дека им помагал на поддржувачите на Фетулах Ѓулен, муслимански проповедник во егзил во САД, за време на неуспешниот државен удар во Турција во јули 2016 година.
Ердоган, исто така, истакна дека турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, ќе се состане со американскиот државен секретар, Мајкл Помпео, на маргините на самитот на АСЕАН, што се одржува во Сингапур.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Туск: Операцијата е во тек

Полскиот премиер Доналд Туск потврди дека е во тек операција „поврзана со повеќекратни нарушувања на полскиот воздушен простор“.
Во објава на Икс, премиерот рече дека е во „постојан контакт“ со Министерството за одбрана и дека добил директен извештај од оперативниот командант.
Три полски региони моментално се најранливи
Оперативната команда на полската армија идентификуваше три региони како моментално најранливи: Подлаското војводство, Мазовското војводство и Лублинското војводство.
Сите овие региони се наоѓаат во источниот дел од земјата и граничат со Белорусија и Украина. Главниот град на Полска, Варшава, се наоѓа во центарот на Мазовското војводство.
Полската армија вели дека нејзините сили и ресурси се „целосно подготвени за итен одговор“.
Европа
Дронови влегоа во полскиот воздушен простор, Полјаците ги соборија

Полската војска рано утрово соопшти дека соборила беспилотни летала што го нарушиле нејзиниот воздушен простор за време на рускиот напад врз соседна Украина.
„Распоредено е оружје и службите активно работат на лоцирање на соборените објекти“, соопшти Полската оперативна команда. Додаде дека е во тек воена операција и ги повика жителите да останат во своите домови.
„Полските и сојузничките авиони дејствуваат во нашиот воздушен простор, додека копнените системи за воздушна одбрана и радарско извидување се на највисоко ниво на тревога“, наведе Оперативната команда на полските вооружени сили.
Полска е членка на НАТО, трансатлантскиот одбранбен пакт во кој учествуваат САД, кој го применува принципот дека нападот врз еден е напад врз сите.
Свет
Белата куќа: Трамп се чувствува лошо затоа што Израел го нападна Хамас токму во Доха

На брифинг во Белата куќа, портпаролката Каролин Ливит изјави дека израелскиот напад врз Доха, кој погоди комплекс каде што престојуваа високи лидери на Хамас, „не придонесува за израелските или американските цели“. Сепак, таа додаде дека претседателот Доналд Трамп сè уште верува дека елиминацијата на Хамас е „достојна и легитимна цел“.
Ливит нагласи дека Катар е близок сојузник на Соединетите Американски Држави и дека Трамп се чувствува многу лошо во врска со локацијата на нападот. Таа додаде дека претседателот работи „активно и решително“ за да постигне мир.
Според неа, по нападот, Трамп разговарал со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и емирот на Катар.
Израелскиот премиер Нетанјаху претходно потврди дека лично одобрил „хируршки прецизен удар“ врз лидерите на Хамас во Доха, а израелската армија и Шин Бет објавија дека станува збор за заедничка операција против „врвното раководство“ на таа организација. Катар остро го осуди нападот, нарекувајќи го грубо кршење на меѓународното право, додека Хамас соопшти дека неговата преговарачка делегација преживеала, но во нападот загинале шест лица, вклучувајќи го и синот на главниот преговарач Калил ал-Хаја.