Свет
Ердоган одби помош од милијарда евра од ЕУ: „Кого се обидувате да измамите“

Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, смета дека дополнителните милијарда евра што ЕУ ѝ ги понудила на Турција за да им помогне на бегалците не се доволни поради што тој одби да ги прими парите.
„За жал, нашите очекувања за правична распределба на одговорностите останаа без одговор. ЕУ не ги исполни целосно условите на договорот од 18 март 2016 година. Тие велат дека ќе испратат уште една милијарда евра. Кого се обидувате да измамите? Повеќе не ги сакаме тие пари. Турција потроши 40 милијарди долари на бегалците и сама ќе ги најде тие пари“, рече Ердоган на заедничката прес-конференција со бугарскиот премиер Бојко Борисов, кој е во посета на Анкара.
Ердоган додаде дека на 2 март грчките војници убиле двајца мигранти и тешко раниле еден додека се обидувале да ја преминат турско-грчката граница.
Претходно, турски безбедносни извори за „Ројтерс“ изјавија дека Сириец, мигрант кој се обидел да премине од Турција во Грција, починал од повредите добиени при интервенција на грчките безбедносни сили. Сепак, грчките власти соопштија дека станува збор за лажни вести.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Зеленски во понеделник ќе отпатува за Вашингтон на разговори со Трамп

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во понеделник ќе отпатува за Вашингтон на разговори со американскиот претседател Доналд Трамп, објави Зеленски на Телеграм по денешниот телефонски разговор со Трамп, јави ДПА.
Зеленски рече дека претходно телчефонски разговарал со Трамп повеќе од час и половина, откако американскиот претседател синоќа се сретна со рускиот лидер Владимир Путин во Алјаска.
„Во понеделник ќе разговараме за сите детали во врска со завршувањето на убиствата и војната“, рече Зеленски, додавајќи дека е „благодарен за поканата“
Регион
Еди Рама вети бесплатни нови куќи за оние кои во пожарите ги загубија своите домови

По катастрофалните пожари кои деновиве зафатија делови од Албанија, уништувајќи домови и имоти, премиерот Еди Рама излезе со силно и директно ветување до сите настрадани граѓани. Во објава на социјалните мрежи, тој најави дека државата целосно ќе ги обесштети сите што претрпеле штета, вклучително и бесплатна обнова на секој уништен дом.
„Кој и да го изгубил својот дом, ќе го обновиме бесплатно, кој и да изгубил добиток, ќе го рефинансираме еден по еден“, напиша Рама на социјалните мрежи.
Оваа мерка, како што појасни министерот за одбрана Пиро Венгу, ќе се спроведува преку општините. Ќе се формираат посебни комисии за проценка на штетите на куќи, инфраструктура, бизниси и земјоделски култури, по што ќе следува обештетување од општинските фондови за цивилна заштита, поддржани од државниот буџет.
Свет
Трамп вели дека состанок за прекин на огнот во Украина организираат Путин и Зеленски

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека неговиот украински колега Володимир Зеленски и рускиот претседател Владимир Путин ќе одржат состанок за да се обидат да постигнат прекин на огнот и да ја прекинат војната во Украина.
„Навистина зависи од претседателот Зеленски да го стори тоа сега. Исто така, би рекол дека европските земји треба малку да се вклучат. Но, зависи од претседателот Зеленски. Ако сакаат, ќе бидам на следниот состанок“, рече Трамп во интервју за „Фокс њуз“ по средбата со Путин во Алјаска.
„Претпоставувам дека сега ќе закажат состанок меѓу претседателот Зеленски, претседателот Путин и мене“, додаде тој.
На прашањето каков совет би му дал на Зеленски, Трамп рече дека би му препорачал на украинскиот претседател „да склучи договор – Русија е многу голема сила“.