Свет
Ердоган пак изгуби во Истанбул
Владејачката партија во Турција, на чело со претседателот Реџеп Таип Ердоган, ќе ги загуби изборите за градоначалник во Истанбул и покрај повтореното гласање кое се случи на барање на првиот човек на државата. Кандидатот на главната опозициска партија, Екрем Имамоглу, има голема предност по преброени повеќе од 90% од гласовите.
Имамоглу освоил 53.6% од гласовите откако се изброени над 90% од гласовите.
Граѓаните на Истанбул денеска повторно избираа градоначалник, откако беа поништени претходните изборни резултати, од изборите на 31 март. На претходните избори со тесно водство победи лидерот на опозицијата, Екрем Имамоглу.
Неговиот противкандидат е поранешниот премиер Бинали Јилдирим од владејачката Партија на правдата и развојот – АКП, на претседателот Реџеп Таип Ердоган.
Имамоглу ја вршеше должноста градоначалник само 18 дена, зошто следеа низа жалби од Партијата на правдата и развојот на Ердоган, поради што Изборната комисија го поништи гласањето поради нерегуларности во именувањето на членовите на бирачките одбори на изборните места. Поранешниот бизнисмен, Имамоглу, претходно пет години пред опозициската Републиканска народна партија, бил претседател на истанбулската општина Бејликдуз.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Гутереш го повика Иран да се откаже од развојот на нуклеарно оружје
Иран мора да го направи првиот чекор кон подобрување на односите со земјите од регионот и со Соединетите држави, со тоа што јасно ќе стави до знаење дека нема за цел да развие нуклеарно оружје, изјави денеска генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш.
Зборувајќи за ситуацијата на Блискиот Исток на Светскиот економски форум во Давос, тој рече дека се надева дека Иран ќе се ангажира конструктивно со другите земји во регионот.
Во врска со Појасот Газа, Гутереш рече дека се надева оти конфликтните страни ќе разберат дека ќе имаат корист од траен прекин на огнот што може да го отвори патот за преговори за решение со две држави.
Гутереш ги повика израелските безбедносни сили да покажат максимална воздржаност на окупираниот Западен Брег, каде што започнаа голема воена операција во Џенин.
Свет
(Видео) Две лица загинаа во напад во парк во Германија
Во баварскиот град Ашафенбург две лица загинаа, а некои се тешко повредени во напад во паркот „Шонтал„. Според првичните информации, околу 11.45 часот неколку лица биле нападнати со остар предмет.
Полицијата извести дека се повредени тројца возрасни и едно дете, пренесе „Билд“. Набргу потоа стигна потврда дека две лица загинале, а меѓу жртвите, пишува Билд“, има и дете.
Според полицијата, едно лице е уапсено, а нема други осомничени. Засега не е позната заднината на нападот, соопшти полицијата, но не се работи за терористички напад.
❗️🔪🇩🇪 – Two Arrested in Aschaffenburg: Knife Attack in Park! Two Dead, Several Seriously Injured
In Aschaffenburg, Bavaria, a violent incident in Schöntal Park resulted in two fatalities and several severe injuries. Initial reports indicate that multiple people were attacked… pic.twitter.com/m6f9qhxw1a
— 🔥🗞The Informant (@theinformant_x) January 22, 2025
Сообраќајот на возовите на јужната станица бил запрен бидејќи осомничениот наводно се обидел да избега преку шините.
Паркот „Шонтал“, кој се простира на девет хектари, е широко ограден. Портпаролот на полицијата изјави дека нема опасност за јавноста. Зачестените патроли на полицајци во паркот би можеле да бидат причината поради која осомничениот беше толку бргу приведен. Ашафенбург се наоѓа во административната област Долна Франконија во Баварија, во близина на државната граница со Хесен.
Свет
Шефицата на европската дипломатија: Времето не е на страната на Русија, ама не е ниту на нашата
Русија е егзистенцијална закана за безбедноста на Европската Унија и единствен начин да се спречи тоа е да се зголемат трошоците за одбрана, изјави шефицата на европската дипломатија, Каја Калас, додавајќи дека ЕУ предолго ѝ нуди на Русија алтернативи.
„Русија е егзистенцијална закана за нашата безбедност денес, утре и инвестициите во нашата одбрана се недоволни“, рече таа во говорот на годишната конференција на Европската агенција за одбрана (ЕДА).
„Луѓето велат дека сум јастреб кога станува збор за Русија. Мислам дека сум само реална“, рече Калас.
Калас, која е меѓу најгласните противници на рускиот претседател Владимир Путин во ЕУ, изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп е во право кога вели дека земјите членки на ЕУ не трошат доволно за одбрана.
Трамп овој месец рече дека членките на НАТО треба да потрошат 5 проценти од БДП на одбраната, што е големо зголемување од сегашната цел од два процента и ниво што во моментот не го исполнува ниедна членка на НАТО, вклучително и Соединетите Американски Држави.
„Времето не е на страната на Русија. Но, не е нужно ниту на наша страна бидејќи сè уште не правиме доволно. Не треба да се сомневаме дека треба да трошиме повеќе за да спречиме војна. Но, исто така треба да се подготвиме за војна“, рече Калас.