Свет
Еруптираше вулканот Семеру во Индонезија, населението се евакуира

По последната ерупција на вулканот Семеру на островот Јава, Индонезија издаде предупредување на високо ниво, објавија локалните медиуми.
Ерупцијата на вулканот Семеру се случила утрово по локално време, објави „Ројтерс“.
Локалната телевизија „Компас“ јавува дека е издадено предупредување од највисоко ниво.
Евакуацијата на жителите кои живеат во близина на вулканот во провинцијата Источна Јава започна, изјави високиот локален функционер Торикул Хак.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Додик: Добив понуда од моќни луѓе

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, изјави дека некои моќни луѓе од Европа му понудиле мирно да ја напушти Босна и Херцеговина.
„Имам понуда од некои моќни европски луѓе, кои ми испратија порака дека немаат ништо против да заминам и да бидам слободен во Унгарија, Русија, Србија, каде и да сакам“, рече Додик во емисијата „Телеринг“ на РТРС. Тој рече дека нема да ја напушти Република Српска.
пред еден месец, Судот на БиХ издаде налог за апсење на Додик и му одреди едномесечен притвор поради одбивање да се јави на поканата од Обвинителството на БиХ за сослушување како осомничено лице.
Додик беше прогласен за виновен со првостепената пресуда за непочитување на одлуките на високиот претставник Кристијан Шмит. Покрај тоа, Додик е под истрага за сомнителната купување на вила во Белград, а тој одби да се јави на поканата за сослушување во тој случај.
Свет
Во Турција уапсени 525 дилери на дрога во најголемата операција во земјата

Турската полиција уапси 525 осомничени дилери на дрога во операции низ Анкара, што е најголемата операција против дрога во историјата на земјата, објави министерот за внатрешни работи на земјата, Али Јерликај.
Во операцијата учествувале илјадници полицајци, кучиња трагачи, дронови и хеликоптери, а цел биле повеќе од 625 објекти, рече Јерликај, објави АП.
Рациите следеа по шестмесечен „технички и физички надзор“ на секој осомничен.
Свет
Италијанскиот претседател се врати во својата резиденција по успешната операција

Италијанскиот претседател Серџо Матарела денес ја напушти болницата „Санто Спирито“ во Рим откако му беше вграден пејсмејкер.
Во вторникот, Матарела успешно беше подложен на хируршка интервенција за инсталирање пејсмејкер, а претседателството нагласи дека нема причина за загриженост, објави Анса.
Тој се врати во својата резиденција, објави неговиот кабинет.
Веста за хоспитализацијата на претседателот предизвика бројни пораки за поддршка од сите политички кругови, вклучително и од премиерката на земјата, Џорџа Мелони.
„Му ги испраќам моите најтопли желби на претседателот Матарела за брзо и целосно закрепнување. Италија ве очекува наскоро со истата сила и посветеност“, рече Мелони преку социјалните мрежи, пренесува Танјуг.