Свет
ЕУ предупреди дека нема да толерира нелегални преминувања на границите

Министрите за внатрешни работи на ЕУ на вонредниот состанок во Брисел изразија солидарност со Грција, Бугарија, Кипар и со другите членки што вложуваат напори за одржување на редот на надворешните граници на Унијата, пренесува српски „Курир“.
По вчерашниот состанок, министрите порачаа дека ЕУ ќе ги преземе сите потребни мерки во согласност со меѓународниот закон за да ги спречат нелегалните преминувања на границите.
„ЕУ ќе продолжи тесно да соработува со земјите од Западен Балкан во управувањето со мигрантските текови“, соопшти Советот на Европа.
Вонредниот состанок беше свикан за да се разгледа ситуацијата на надворешните граници на ЕУ со Турција, кои во последните денови се под голем притисок од мигрантите што турските власти ги пропуштаат преку својата територија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Пожари кај канцелариите на Мајкрософт во Израел, пет лица се повредени

Фотографија покажува пожари што горат во близина на канцелариите на Мајкрософт во Бер Шева, јужен Израел, а оштетени се и станбени згради, јавува Би-би-си.
Пожарникарите и амбулантните возила се на местото на настанот. Според досегашните информации, пет лица се повредени и однесени во болница.
Се чини дека Иран повторно го нападна технолошкиот парк Гав-Јам, за кој иранските власти вчера наутро изјавија дека бил нивна цел кога ја нападнале блиската болница Сорока.
Свет
(Видео) Израелската армија собори четири ирански дронови, објавена е снимка

Во текот на ноќта, израелските воздухопловни сили соборија најмалку четири дронови лансирани од Иран кон Израел, а на снимката се гледа како хеликоптер за напад AH-64 Apache соборува два дрона за напад Arash-2 со долг дострел.
Overnight, the Israeli Air Force downed at least four drones launched by Iran against Israel, with footage showing the shoot down of two “Arash-2” long-range attack drones by an AH-64 “Apache” with the IAF. pic.twitter.com/JaYJ4V2lI7
— OSINTdefender (@sentdefender) June 20, 2025
Свет
Израел: Нападнавме десетици воени цели, вклучувајќи и центар за нуклеарни истражувања

Израелските одбранбени сили (ИДФ) објавија дека извршиле десетици воздушни напади преку ноќ, таргетирајќи повеќе локации во Техеран со помош на повеќе од 60 израелски борбени авиони.
Според ИДФ, во нападите биле употребени околу 120 смртоносни средства. Целите биле воени постројки за производство на ракети и центар за нуклеарни истражувања за кој израелската војска вели дека е поврзан со развојот на нуклеарно оружје на Иран.
Во текот на ноќта, ИДФ, исто така, објави дека Иран извршил напади врз Израел, при што се регистрирани напади на југот од земјата.
Иран досега не се огласил за овие напади.