Свет
Жалам што наместо да направи пауза, Израел ги засили воените напади, рече генералниот секретар на ОН
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш го повтори апелот за итен прекин на огнот во Газа и ослободување на заложниците заробени од Хамас.
Говорејќи за време на посетата на Непал, тој го повтори својот апел за „итен хуманитарен прекин на огнот, безусловно ослободување на сите заложници и испорака на одржливо хуманитарно помош во обем што ги задоволува потребите на народот во Газа“.
„Жалам што наместо критички потребната хуманитарна пауза поддржана од меѓународната заедница, Израел ги интензивираше своите воени операции.
Тој, исто така, повторно ја изрази својата „целосна осуда за ужасните напади“ извршени од Хамас на 7 октомври, и го пренесе своето сочувство до семејствата на десетте непалски студенти кои беа убиени во нападот.
Тој рече дека се надева на безбедно враќање на еден кој се уште се води како исчезнат.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Примирјето меѓу Израел и Хамас се’ уште не стапи во сила – не е доставен списокот од заложниците што треба да бидат ослободени
Стапувањето на сила на договорот за прекин на огнот меѓу Израел и Хамас, закажан за 7 часот и 30 минути утринава, е одложено бидејќи палестинскиот Хамас се уште не доставил список на заложници кои треба да бидат ослободени во текот на денот, како што бараше Израел, објави агенцијата АФП.
Израел претходно предупреди, дека примирјето нема да започне додека палестинското исламистичко движење не ја предаде листата на заложници кои требаше да бидат ослободени подоцна во текот на денот.
Хамас во соопштението рече дека има намера да се придржува до договорот, но го призна одложувањето со „давањето на имињата на заложниците кои ќе бидат ослободени“ поради „технички причини на теренот“.
Портпаролот на израелската војска, Даниел Хагари, речедека израелската армија ќе продолжи со воените операции во Газа додека не се исполнат овие обврски.
„Премиерот и наложи на израелската војска дека прекинот на огнот, кој треба да стапи на сила во 7:30 часот по локално време, нема да започне додека Израел не добие список на заложници што треба да бидат ослободени, како што се обврза Хамас да го стори тоа“, се вели во соопштението на Бенјамин Нетанјаху.
Договорот предвидуваше ослободување на дел од израелските заложници држени во Газа.
Свет
Израел го задржува правото да ја продолжи војната против Хамас во секое време, рече Нетанјаху
Израел го задржува правото да ја продолжи војната против Хамас во секое време, со поддршка од САД, според условите на договорот за прекин на огнот што треба да стапи на сила во недела, изјави вечерва премиерот Бенјамин Нетанјаху.
Во своето прво обраќање до нацијата по договорениот прекин на огнот, тој рече дека Израел го задржува правото да продолжи да се бори против Хамас ако е потребно, односно доколку понатамошните преговори пропаднат.
„Како што ви ветив, го променивме лицето на Блискиот Исток и како резултат на тоа, Хамас остана поразен и сам“, нагласи Нетанјаху.
Тој вети и дека ќе ги врати сите заложници кои се држат во Газа. Рече дека 33 браќа и сестри ќе се вратат дома, од кои повеќето се живи, поради „нашиот (израелски) цврст став“.
Египет, еден од посредниците во постигнувањето на прекинот на огнот, во саботата објави дека Израел во првата фаза ќе ослободи 1.890 палестински затвореници во замена за 33 израелски заложници кои ги држел Хамас. Нетанјаху рече и дека договорот за прекин на огнот е постигнат благодарение на помошта на американскиот претседател Џо Бајден и новоизбраниот претседател Доналд Трамп.
Израелскиот премиер претходно изјави дека Израел нема да продолжи со процесот за прекин на огнот додека не добие список од 33 заложници кои Хамас треба да ги ослободи во првата фаза од договорот.
„Нема да продолжиме со договорот додека не добиеме список на заложници кои ќе бидат ослободени, како што е договорено. Израел нема да толерира никакво прекршување на договорот. Одговорностаа е на Хамас“, рече Нетанјаху.
Според договорот за прекин на огнот, имињата треба да се достават најмалку 24 часа пред времето на размената, што беше во 16 часот по локално време или во 15 часот по средноевропско време во сабота.
Според израелски извори, палестинската група Хамас се уште не ги соопштила имињата на тројцата заложници кои треба да бидат ослободени во недела. Шестнеделниот прекин на огнот треба да стапи на сила в недела, кога ќе се одржи првата од серијата размени.
Свет
Уапсен јужнокорејскиот претседател
Претседателот на Јужн Кореја, Јун Сук-Јол е официјално уапсен под обвинение за бунт, што го прави првиот актуелен претседател во историјата на нацијата кој се соочил со притвор додека бил на функцијата, јавува „Анадолија“.
Западниот окружен суд во Сеул го одобри налогот за апсење, наведувајќи дека има доволно докази за обвиненијата, објави новинската агенција „Јонхап“.
Тој е обвинет за прогласување воената состојба на 3 декември и наводно распоредување на војници во Националното собрание за да ги спречи пратениците да ја поништат неговата одлука.
По неговото официјално апсење, Јун може да биде обвинет за бунт и злоупотреба на моќта.
Јун, кој може да биде задржан во притвор до 20 дена, негираше дека извршил какво било злосторство за време на денешното рочиште, тврдејќи дека неговите постапки биле „неопходни за зачувување на националната стабилност“.
Неговите критичари, сепак, ја осудија краткотрајната воена состојба како очајнички обид да се задржи власта поради протестите поради наводната корупција и лошото управување.
Уставниот суд сè уште размислува дали да го потврди импичментот на Јун, кој Националното собрание го одобри на 10 декември. Конечната одлука се очекува да биде донесена во наредните недели.