Свет
Железничка несреќа во Мексико

Во тек е огромна спасувачка операција за преживеани по железничката несреќа во Мексико, во која загина најмалку едно лице, а десетина се тешко повредени.
Според информациите, два воза се судрија попладнево во метро станица во Мексико каде на лице место се службите на итната помош.
„Службите се на местото на инцидентот, десет лица се префрлени во болници, четворица се извлечени од тунелот и, за жал, едно лице почина“, објавија властите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Трамп разговараше со Нетанјаху: На иста страна сме за сите прашања

3Американскиот претседател, Доналд Трамп, денеска соопшти дека разговарал со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, нагласувајќи дека тој е на иста страна за сите прашања со него.
„Разговаравме за многу теми“, напиша американскиот претседател на социјалните мрежи. Тој додаде дека „телефонскиот повик поминал многу добро“.
Трамп и Нетанјаху се сретнаа двапати во Белата куќа од почетокот на мандатот на Трамп и се верува дека Нетанјаху е повеќе за политиката на Трамп отколку за администрацијата на поранешниот претседател Џо Бајден
Свет
Објавени последните зборови на папата

Последните зборови на папата Франциско беа благодарност до неговиот здравствен асистент кој му помогна да ги поздрави верниците на плоштадот Свети Петар на Велигден, соопшти Ватикан.
„Ви благодарам што ме доведовте на плоштадот“, му рекол Франциско на Масимилијано Страпети, кој во изминатиот период му обезбедуваше 24-часовна нега на папата.
Папата Франциско (88) почина вчера по мозочен удар и срцева слабост. Претходно оваа година, тој помина пет недели во болница со двојно воспаление на белите дробови, но се врати во Ватикан пред речиси еден месец и оттогаш се чинеше дека се опоравува.
Последните денови ги поминал работејќи, спротивно на советите на лекарите кои го советувале да мирува најмалку два месеци за да му овозможи на телото да закрепне.
Погребот на папата ќе се одржи в сабота.
Свет
Голем број верници се собраа во Рим за да му оддадат почит на папата: „Тој беше посебен, на сите христијани ќе им недостига“

Голем број граѓани на Италија и од други земји се собраа во базиликата „Света Марија Велика“ во Рим, каде што ќе бидат положени посмртните останки на папата Франциско, за да му оддадат почит на починатиот поглавар на Римокатоличката црква.
На тоа место се собраа голем број медиуми од целиот свет, а има и такви на плоштадот пред базиликата „Свети Петар“, каде што ќе се одржи погребот на папата Франциско в сабота, 26 април.
Меѓу собраните е и Евертон Коелјо од Бразил, кој моментно живее во Германија.
„Вчераутро пристигнавме во Рим. Кога вчера шетавме во градот, ја слушнавме многу тажната вест дека папата Франциско починал. Бевме изненадени и многу тажни. Тој беше харизматичен папа. Беше од Аргентина, Јужна Америка. И ние доаѓаме од Јужна Америка, па затоа чувствуваме дека е уште поблизок до нас. Беше приземен, многу близок до луѓето. Не живееше во замок, живееше едноставен живот“, изјави Коелјо за „Танјуг“.
Коелјо понатаму наведува дека ова е најголемата порака што папата Франциско ја остава зад себе.
„На христијаните многу ќе им недостига. Пред да дојдеме се обидовме да присуствуваме на мисата. За жал, минатата недела добивме порака дека папата нема да може да присуствува и дека ја откажале. А сега кога слушнавме дека нè напушта, многу е тажно“, рече Коелјо.
Друг Бразилец, кој денес беше во Рим, за „Танјуг“ вели дека го памети папата Франциско како едноставна личност, но и како некој што го сака фудбалот.
„Се сеќавам дека папата беше навивач на ‘Сан Лоренцо’ во Аргентина. Папата беше одлична личност за мене“, рече соговорникот.
Жителка од Рим за „Танјуг“ вели дека се сеќава на многу од она што го кажал папата Франциско оценувајќи го како неверојатно.
„Мислам дека ќе биде тешко да се најде замена за него“, рече тој.
Погребот на папата Франциско ќе се одржи в сабота, 26 април, во 10 часот наутро на плоштадот пред базиликата „Свети Петар“.
Претходно денес, беше објавено дека телото на починатиот папа ќе биде однесено во базиликата „Свети Петар“ в среда во 9 часот наутро.